Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
На Марте Наумовска е тикетов. За кршење малери можда и е :D :D

Иначе во право е Колт Вилкокс после размислување со чиста глава стварно бољи е да тепаат Шпанциве....ама еве ги губат..

Значи ПОКОЉ ќе биде вторава рунда кај нас....
 
Срамота е што не му дадоа црвен на тој што го акна Миркуловски, кој и да беше. Мамата да им ја ебам, да беше обратна ситуацијата имаше све да превртат за да ја видат снимката, очигледен и намерен удар од тоа гомното мртво, директен црвен како солза.

Инаку не јадете гомна за Столе, секому може да се деси, битно е дека гине на терен и дека остава 110% од своите можности. Кире е доста паднат се приметува од авион, ама затоа надополнува со своето искуство и баш капитенски си ја врши работата. Страшен пас му даде на Столе на крајот, цела одбрана на себе ја навлече али штета дебелото не погоди.

Џомба е во бунило некое, не знае во кој универзум се наоѓа, мислам дека немаме полош играч од него на првенствово. Манасков класика пак утна зицер кога највеќе требаше, можеше тоа да не кошта пораз на крајот, а можеби не кошташе и победа.
И зашо не играше Кузмановски у второ бе?
 
Да ми дадете бројче од Столе, да се слушнеме. Телефон ме кошташе неговото промашување. :(

Кој прогнозер сум и ја, увек за 1 гол утнувам. :mad:

IMG_20180117_200335.jpg

:D
 
Абе си ја фатил Х. Поентата е да го погодиш точниот резултат. Ако е за 1, Х или 2ка имаш од старт 30% шанса да ја погодиш пошто едно од трите е.

Јас прогнозирав на точен резултат 26:25 за нас, али Стољо ти викам го утна зицер. :(
 
Како е можно да сакате Данска да победи?Мислите малце?
Ако победи Данска,сите екипи ќе имаат по 2 бода (Данска,Шпанија,Чешка),а ние ќе имаме 3 и ќе биде тесно.
Доколку победи Шпанија,ситуацијата ќе биде следна
Шпанија 4
Мкд 3
Герм Чешка 2
Словенија 1
Данска 0
Што значи тоа? Дека со победа против Чешка ќе имаме 5 бодови повеќе од Данска,и ќе треба да има само еден кикс на Данска за да бидеме пред нив на крајот.
Со победа на Шпанија вечерва и наша победа против Чешка,ќе имаме и те како шанси за 1/2финале.
Доколку победевме против Германија а Шпанија ја победи Данска,натпреварот со Чешка ќе беше одлучувачки и доколку го победевме скоро сигурно ќе бевме во полуфинале
Штета.

Ама Шпанија губи моментално...
 
А да не зависиме дотолку од другите, да лапнеме 4 бода со Данска/Чешка, Германија да изгуби една и тојето мислам за едно од први две места у група. Или грешка сум?
 
Не прашувајте зошто не играл овој или оној, или зошто само Борко бранел се додека ова носи резултати. Раул не ги фрла сите карти на еден натпревар. Секоја утакмица има скриен адут во ракавот.

Првата утакмица го сочува Кузмановски за потоа токму тој да ги тресне црногорците. На германците им играше без голам едно полувреме, а во второ го стаде Миркулоски. Внесе разновидност во нашата игра, не сне веќе прочитана книга ко порано. Затвори го Кире и толку..

И на крај кога сите го очекувавме Митрески, овој го остави Борко на гол, и со право. Скина клучен зицер на крај од натпреварот.

Супер ја води репрезентацијата и има резултат, незнам како можете да му најдете замерки.
 
Мој другар ја пиша Х и ја врза со Стоилов+, на шалтер му ја згрешиле шифрата и наместо него, Миркуловски. :pos:

Не знам дали пиша некој, но распоредот на следните мечеви треба да биде :
21.01 --- Шпанија
23.01 --- Чешка
24.01 --- Данска

Дај боже и 26.01 полуфинале, 28.01 финале. :D
 
Друго, добро е што отпаднаа Унгарците, нема да ги има унгарските кинези, да пројдеа ќе направеа инвазија, ќе ја окупираа цела сала. :) Вака, имаме пат да ја напуниме ние, 5000 е, можеме да ја накрцаме и да играат нашиве буквално како да се у Борис.

немој брат, ако навиваат како овие денес 2000 шо беа има мамицата да ни се расплачи. башка празна сала имавме. само нашите навивачи беа на почеток.
рачунај германците немаат осет ни за навивање ни за атмосфера. требаше денес пожесток притисок да има од трибини. децата заслужија.

му фали воџи да има на трибини.
и штета што ради распоредот на карти и седишта не се на едно место сконцентрирани сите....
 
Групата што следи права турлитава, ние влегваме со 3 бода, Словенија со 1 и сите други со 2:pos:... Против Шпанија во недела мора да се оди на победа и то е то без разлика што е оптимистички.
 
Срамота е што не му дадоа црвен на тој што го акна Миркуловски, кој и да беше. Мамата да им ја ебам, да беше обратна ситуацијата имаше све да превртат за да ја видат снимката, очигледен и намерен удар од тоа гомното мртво, директен црвен како солза.

Инаку не јадете гомна за Столе, секому може да се деси, битно е дека гине на терен и дека остава 110% од своите можности. Кире е доста паднат се приметува од авион, ама затоа надополнува со своето искуство и баш капитенски си ја врши работата. Страшен пас му даде на Столе на крајот, цела одбрана на себе ја навлече али штета дебелото не погоди.

Џомба е во бунило некое, не знае во кој универзум се наоѓа, мислам дека немаме полош играч од него на првенствово. Манасков класика пак утна зицер кога највеќе требаше, можеше тоа да не кошта пораз на крајот, а можеби не кошташе и победа.
И зашо не играше Кузмановски у второ бе?
Дај бе не го дрвете Манасков утнал зицер не коштал победа,290 гола и пенали даде у второ,плус одлучувачка одбрана на крај.
Смешни сте жими се.


Sent from my SM-G903F using Tapatalk
 
Израмнето првенство ептен, освен можда Франција која отскокнува со квалитет, другите секој може да победи на секој. Било би супер да направиме подвиг како кошаркарите 2011 и да имаме утакмица за медал, колку да го заокружиме периодот на ракометни успеси во последните година дена.

Иначе само Франција и Македонија останаа непоразени репрезентации. :icon_lol:
 
Абе си ја фатил Х. Поентата е да го погодиш точниот резултат. Ако е за 1, Х или 2ка имаш од старт 30% шанса да ја погодиш пошто едно од трите е.

Јас прогнозирав на точен резултат 26:25 за нас, али Стољо ти викам го утна зицер. :(
[emoji28][emoji28][emoji28][emoji28]
Како ги пресмета 30 проценти?
И ако имаш за секој тип 30 посто шанса,зошто за Х е 15 квота?
Не е коцка и математика за секој.

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom