Го следев во живо како копиљ

првиот официјален меч на

што се играше во Битола, е сеа не ми текнува дали со Бугарија или Холандија беше,

оттогаш поминаа речиси 25 години, на прсти се бројат мечевите на репката кои не сум ги следел ( макар и на радио, на времето кога даваа,
КОЛЕГА СИПКОВСКИ ДАЛИ СЕ СЛУШАМЕ)

, досега вакво нешто од наша страна неам видено
Ваков меч против една репка како Германија не паметам да сме одиграле досега, не зборам за бодот. играта ја гледам.

Посебно во второ полувреме,
она шо го изигравме денес во второ полувреме во двата правци е за ракометните учебници, ако некогаш некој издаде книга/ правилник за ракометни тактики за оваа наша игра треба да посвети посебно поглавје, нека ме поправи некој, дали 2 или 3 топки изгубивме во напад, игравме игра без тие вообичаени turn-овери, страшно нешто, ниту чекори, ниту пробивање, ниту престап, карактеристика која не следи децении наназад.
Ова денес беше
FULL HD SMART ракомет, невидено досега, барем не на ова ЕП, ваков плански ракомет како ние шо изигравме денес посакуваат сите тренери, па уште кога е одиграно од нас уште повеќе дава тежина.
Да играш ти против европскиот првак речиси цел меч со играч повеќе, и да не изгубиш глава и концентрација навистина треба шо би рекол Столе
муда,

Ќе го сонуваат Жарета Пешевског, ејјј со Жаре, Талески, Кузмановски , Поповски, играчи кои играат или до вчера играа во наша лига им играме на Швабите

Ги искина Поповски на одбрана , браво за малиот, вистински потег на Рауп шо го седна Џомба, деконцентриран тоталка е на цело ЕП, се испука со Србите и го снема.
Талески

, конечно се одважи
МАКАРОНАТА ( шо би рекол
@Џонтра Волта )

,покажа зошто е во Бундес Лига, браво младиќу

, и Кузмановски заслужува пофалба.
Можеби требаше и во второ да добие некоја минута, но Жути добро си ги работеше мајсторот, оној старт, односно бодичек од Вебер не смееа да не го видат судиите, но да не се жалиме, повеќе од задоволително беше судењето,
За последниот напад, шта речи? Штета, каква акција, по сончоглед ги испративме сите тие њемачки киклопи

, штета за Столе, можеби требаше малку повеќе да се задржи во тој шут, да го види Силвио залижаниот каде ќе се отвори, но и овај шут беше повеќе од добар, едностано камикази стил тргна Силвио и рефлексно го пресече ударот, ја погоди страната, рефлексно ја испружи раката и баш таму го погоди, тоа е, нема жалење, секоја чест за Столе, онај гол што го закуца во второ е гол на досегашниот дел на ЕП ( според мене), машина.
КОЈА ЛЕГЕНДА, КАКВА ХАРИЗМА, едноставно
НЕПОВТОРЛИВ ЛИК, УНИКАТ, кој цар,
реакцијата, ставот, и изјавата при последниот тајмуаут, ,ааааа
ЛАЖЕН ЦЕПЕЛИН

Околу одбраната, навистина машки изигравме, конечно, со прекини, со густина, по којзнае колку време

Промена на формација, прилагодување кон играта на противник, се гледа Раул импактот,
која легенда од тренер
.
Да напрајме една разлика-лани на СП кога игравме со Чиката 7 версус 6, и сега, значи не е само до формација, тактика, многу работи, детали, ситници, финеси како селектор мора да ги разработиш како селектор за да изгледа на терен онака како што изгледа(ше).
Не доаѓа успехот во модерниот ракомет само со
МАФТАЊЕ СО РАЧИЊАТА, АЈМОООО ДЕВОЈКЕ
, ТИ ЧЕШ МЕНИ ЛОПТЕ ПРОДАВАТ
,
Боре ОК, задоволи, процентот над 30%, супер, но голема замерка за тие поставувања од крило, и кога некој од бековите ќе влета со шут од странична позиција, колку не знае да се постави страшно, баш го пратев во второ кога ни закуцаа голови Ванјнхолд и Грецки, првиот пат ја бранеше РЕКЛАМАТА, значи буквално излезе и подалеку од прва статива, па јас да одев во таа акција шо појма неам од ракомет ќе дадев гол

, исто и Грецки кога закуца, цел гол незаштитен, тотално лошо поставување, да го имаше ова ќе беше повеќе од солиден голман, вака ќе си остане топло-ладно стил на голман, но да не го критикуваме на секое, денес повеќе од солиден, скина тоа што требаше, на крај и два тешки шута, можеби и клучни, се надевам дека ќе се поправи за Вараждин.
Кога сме за вториот круг, џабе прајме математики,
КОЈ САКА НЕКА ДОЈДЕ, со ваков пристап на игра нема од шо да стравуваме, зошто да броиме кој колку бодови собрал?
Треба да одиме од меч во меч, од противник до противник и да си ја играме нашата игра, и нема од што да стравуваме, другите нека се замараат со нас.
Од кој да стравуваме?
Шпанија долги години не била толку да ја наречам скромна.
Се гледа, не се тоа што беа, иако сеуште се одржуваат, и реално не ни одговараат според играта, но за се има прв пат, ако некој знае да измисли лек за нив е Раул.
Данска, кога можеше една Чешка со нив нема од шо да се плашиме, и тие си имаат големи слабости, само треба да ги пронајдеме, лани на СП им се случи Унгарија, сеа Чешка, зошто и ние да не ги тепаме препотентните Данци?
Чешка, редовни пациенти ни се, иако во гости имаме имаме мака со нив, зедоа сила, искрено ни на сон не ми идеше дека една Чешка ќе има две победи во таква група, па уште и денес ја тепаа Унгарија предводена од Врањеш со 6 комада, со цела артилерија од Веспрем и Сегед.
Мора сериозно да се удри на овие, да им покажеме кој е кој.
И на крај, за нас е подобро што ќе играме во Вараждин, помала сала, далеку поакустична од огромната Арена, доколку се зголеми бројноста на "бригадите на фалангата"

би требало да сме како дома, а кога играме како дома сме сосема поинаква репка.
Нека одморат сеа, па да се удри машки на Фуријата, да ги ишлакаме нив и ќе нема ко нас.
