Искрено, не треба многу да очекуваме од наредните дуели.
Со Шпанија веќе е познато, со нив секогаш влегуваме со хендикеп и не ни пробуваме да се надигруваме, освен на минатото СП кога одигравме машки и скапо ја продадовме кожата.
На сите останати дуели со Шпанците делувавме бетер од Ангола, однапред помирени со поразот.
Шпанците на прв поглед имаа "сиромашна артилерија" во напад, додуша тој костур бекови е присутен со години наназад, Кањелас ДЕДОТО, Гурбиндо, Раул олдтајмерот, Дани Сармиенто на плеј и браќата Душебаев, сето тоа споредено со пуцачката артилерија на Франција, Данска па и Норвешка не делува импресивно, но функционира.
Тој систем го имаат разработено до перфекција, страшно подвижна одбрана, на средина касапи како Гедеон Гвардиола и Виран Морос, страшни голмани и без да сакаш те принудуваат на еден куп технички грешки и те толчат преку брза транзиција.
Не е ни чудо шо го рашлапаа Исланд толку лесно, најверојатно и Хрватска иста порција ќе добие, реално Хрватите со овај напад што го имаат тешко дека ќе се справат со Морос и Гвардиола на средина, доста провидни се и тие, се базираат на индивидуалниот квалитет на средните бекови, можеби со Исланд пројде сето тоа но со Шпанија доста потешко.
Тоа се единствените непознати во групата, битката за прво место и битката за трето.
Ќе дискутираме за Исланд дополнително,
Можеби најпаметно и најрационално е Раул да ги пушти Серафимов, Чурлевски, Поповски, посебно Танкоски ( мора да го проба детево, ) да го играат цел меч со Шпанците, нека соберат самодоверба, можеби некој ќе се најде за во четврток, секој гол е значаен, вчера статистиката со Хрватска очај, сиромашна распределба на головите, посебно од бековите.
Па со Исланд да се оди со сите оружја...