Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата The Accountant
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?

  • Вкупно гласачи
    131
Незнам за вас,јас сум оптимист за дуелот со Исланд,ќе биде тесно цел натпревар според мене.
Поповски солидно си ја вршеше улогата во одбраната 5 1 ,Борко е солиден цело првенство,Кире рационален,пикерите топ.
Е сега се ќе зависи од Филиче на кубен.
Со Шпанија очекувам да пробаме прво полувреме со сите сили,не верувам дека така лесно ќе се откажат без борба,не е спортски колку и да не е паметно,па ако не оди да ги чуваме силите.
 
да се молиме Јапоан да го добие Исланд, може и со 0,5 :разлика и после со Исланд да се бариме за тесен резултат
 
Шпанциве се преотепани во напад на првенствово ! Послаби офанзивно одамна не биле.Е тие ако ни збрцаат 30+,нема што да бараме против исланд.
 
Шпанците ќе не операт на контри и полуконтри, то ќе му е најако оружје против нас.
Јас да сум Лазаров ќе ја остам играта на Талески и Кузмановски па макар сме изгубеле и со 20 разлика, морат да превземат одговорност, без притисок против шпанија тие нека креираат игра па со Исланд ал ин тоа е тоа.
 
Тоа е, очекував ваков исход, ама боли у пм, ептен одвратна репка ми се овие Хрватска.

Главниот проблем и според мене најголемите разочарувања на првенството во нашиот состав се Талески и Кузмановски.
Без никаква подршка од нив двајца едноставно нема што да очекуваме позитивен биланс.
Како што спомена некој погоре, Талески не прави ама баш ништо во нападот, освен тоа што ќе се тресне во некој противнички дефанзивен играч и е принуден да се ослободува од топката.
Кузмановски е катастрофа, главниот проблем е тоа што ја одбра дестинацијата Еурофарм, ептен во надолна линија му е формата, не прави ама баш ништо, затуцан ептен.
Ги нема овие влезови и одличната игра 1 на 1 , ептен незаинтересирано делува.

Во врска со крилата, дискутирано е скоро после секој натпревар на репката дека Гоцета Џорџиевског после Металург и преминот во факинг Романија е очаен, истата приказна е и со Велко, па и Ојлески.
Од РФМ треба да им забранат на нашиве да прават трансфери во оваа Романија, секој кој што прави трансфер таму како проколнат делува, го допира дното во кариерата.
Поповски е подобар моментално, врши поголема работа во одбраната, треба што е можно побрзо да си замине од Вардар и да одбере дестинација кај што ќе игра, макар било трансфер и во вторите лиги во Германија,Франција.. како трета опција во Вардар ќе се запусти и тој.. преголем и преочигледен е недостатокот на натпревари кај него.

Ќе видиме како ќе изгледаме на следните 2 натпревари, искрено премногу сум скептик за овие натпревари, клучните бекови ни се смешки, а уште поголем проблем е тоа што нема кој да ги замени, овие новите кои што се повикани ми изгледаат дека се повикани чисто да го пополнат местото, бескорисни се.
Едино да се проба со Танкоски место Филип Лазаров, во Металург знаеше колку толку да повлече, има влезови, знае да асистира и колку толку да упати удар, треба да се проба со него, кога веќе на никој друг од бековите неможе да се смета, освен Лазаров се разбира.
Како и да е, не очекуваат пеколно тешки натпревари, може да не напунат, а може и да изненадиме и да треснеме некој од земја, ќе видиме.

Јапан денеска ме изненадија, е ова може да се каже дека е репка на која им фали искуство од добри натпревари, талентот за овој спорт го имаат, Сигурдсон вади максимум од секој, ги бидува јапонците за се, само треба да се ангажираат повеќе во овој спорт со високи вложувања и да бидат барем на ниво како што се во фудбалот.
 
Мене ме интересира во главава талево што си мисли ? Добро сум затворен? Ме удвојуваат и неможам да шутнам? :icon_lol: Ама најверојатно ништо не си мисли.
 
Јапонија искрено одигра над моите очекувања, ќе бидат незгодни за сите, иако не би требало да имаат проблем да ги победат. Доста непријатен противник, особено мислам дека може да ја намачат Шпанија која исто прави 2 измени одбрана напад во голем дел од натпреварот.

Мачењето на Шпанија со Јапонија беше меѓу најпредвидливите натпревари на првенството :)

Во секој случај, Шпанците да не им се класичните контри преку Соле или Гомез по 20 гола нема да можат да дадат на натпревар. Против овие клучот е да не се губат топки и да молиме бога да не им се разбранат голманите. Многу се бавни, позициониот напад им е за никаде, дури и Алекс Душебаев е угушен тоталка (не знае Рибера да го искористи), на лев бек се далеку од врвна репрезентација, на среден се старци... Среќа нивна одбраната со Морос и Гвардиола и натаму гризи и таа е таа што ги прави фаворити за медал.

Со Шпанија многу зависи од почетокот на натпреварот. Ако направиме технички грешки или им се разбранат голманите брзо ќе ни се одлепат и отиде натпреварот, мајстори се за "влегување во главата а противникот". Ако не, можиме и тоа како да се носиме. 5-7 разлика лично не очекувам. Или тесен натпревар или +10 разлика за Шпанија.

П.С. Мислам дека ништо чудно Шпанците да го кркаат од Хрватска. Подобри се Хрватите, а и им "лежат" Шпанците редовно ги плескаат.
 
Искрено, не треба многу да очекуваме од наредните дуели.
Со Шпанија веќе е познато, со нив секогаш влегуваме со хендикеп и не ни пробуваме да се надигруваме, освен на минатото СП кога одигравме машки и скапо ја продадовме кожата.
На сите останати дуели со Шпанците делувавме бетер од Ангола, однапред помирени со поразот.
Шпанците на прв поглед имаа "сиромашна артилерија" во напад, додуша тој костур бекови е присутен со години наназад, Кањелас ДЕДОТО, Гурбиндо, Раул олдтајмерот, Дани Сармиенто на плеј и браќата Душебаев, сето тоа споредено со пуцачката артилерија на Франција, Данска па и Норвешка не делува импресивно, но функционира.
Тој систем го имаат разработено до перфекција, страшно подвижна одбрана, на средина касапи како Гедеон Гвардиола и Виран Морос, страшни голмани и без да сакаш те принудуваат на еден куп технички грешки и те толчат преку брза транзиција.
Не е ни чудо шо го рашлапаа Исланд толку лесно, најверојатно и Хрватска иста порција ќе добие, реално Хрватите со овај напад што го имаат тешко дека ќе се справат со Морос и Гвардиола на средина, доста провидни се и тие, се базираат на индивидуалниот квалитет на средните бекови, можеби со Исланд пројде сето тоа но со Шпанија доста потешко.
Тоа се единствените непознати во групата, битката за прво место и битката за трето.
Ќе дискутираме за Исланд дополнително,
Можеби најпаметно и најрационално е Раул да ги пушти Серафимов, Чурлевски, Поповски, посебно Танкоски ( мора да го проба детево, ) да го играат цел меч со Шпанците, нека соберат самодоверба, можеби некој ќе се најде за во четврток, секој гол е значаен, вчера статистиката со Хрватска очај, сиромашна распределба на головите, посебно од бековите.
Па со Исланд да се оди со сите оружја...
 
баш така... туку не успеав да најдам како ќе биде со тие што ќе бидат #4 во групите, ќе играат ли разигрување, утешен куп ?? 2017 бевме 4-ти и изигравме само една утакмица, а тие во разигрувањата се изнаиграа, што е добро за младите кој немаат минутажа... освен тоа наидуваа утакмица со Исланд на 01,04,2019 таму...
 
После ова Светско, очекувам голем пад на нашата репка во квалитетот.. Кирца полека ќе си замине, а нашиве млади не прикажуваат дека би можеле да се носат со најдобрите... Ќе ви кажам 2 примера, едниот е вчерашниот дуел каде што 19 годишен русин имаше муда при 22-21 за германија да шутне и да постигне гол за израмнување, како и 18 годишен исланѓанец кој влага наместо Палмарсон и пркоси на поискусните и игра како да има 20 години ракомет позади него... Од нашиве млади, свирче не бидува.. Голем пад ќе следи после Кирца..
 
Можеби најпаметно и најрационално е Раул да ги пушти Серафимов, Чурлевски, Поповски, посебно Танкоски ( мора да го проба детево, ) да го играат цел меч со Шпанците, нека соберат самодоверба,
40 разлика ќе изгубиме ако се деси ова.
 
Не најдов статистика на процент од шутот на играчите, колку технички грешки, промашени шанси.. Ако може помош ?
 
Јас не знам како сеуште Борко брани за Македонија. По 5 топки на натпревар фаќа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom