И јас не знам зошто толку хејт кога победивме со 9 голови разлика во меч каде немавме никакви проблеми и цела утакмица водевме, па дури на крајот влегоа и помладите да го осетат теренот и атмосферата. И хејтате за одбраната, па како да играме кога противникот игра ултра брз ракомет? А што не спомнете дека дадовме 38 гола или не е битно тоа, битно е дека сме примиле “срамни“ 29 гола од Јапонија?
Да не се сфатиме погрешно, не очекувам дека ќе освоиме, ама безвезен хејт се фрла на една рутинска победа остварена со 50-60 % од силите и скриени тактички решенија од Раул. И прекинете да носите заклучоци од една утакмица, зашо секоја утакмица е приказна за себе. Против Јапонија можеби се играше пеколно темпо ама против Хрватска ќе биде поспор ракометот сигурен сум во тоа.
Кога сме кај нив, воопшто не ме импресионираа денес, имаат скратена ротација, немаат асален лев бек, мое мислење е дека нема да гураат далеку, плус Лино ги кочи ептен со тоа днопертизите. Пре нив ќе ги добиеме него Исланд кои форсираат исто така мега брз ракомет ко Јапонија. Али и Исланд имаат дупки во играта, денес 2-3 пати се изгубија во свемирот и дозволија серии на Хрватска.
Од нашиве играчи, задоволен сум од сите, реално денес немаше играч што потфрли или одигра очајно. Имаше некој искоментирано за Кузмановски, демек очаен бил, ваков онаков, мене ми е бомба играч Кузма, само малце да се потсреди во реализацијата односно силата што ја употребува кога шутира во одредени ситуации. Имаше една контра денес каде ќе го бутнеше голот од што шутна јако, нема везе даде гол али на такви работи безвезно троши сила. Али сигурен сум дека се ова ќе се среди со искуството. Дрзок играч е Кузма, снажен ко бик, знае 1 на 1 да игра, има осет за пас, има бомба во раката, ќе биде топ играч во иднина. Талески е премногу мирен, не е играч што има муда да преземе кога е густо, премногу шаблонски игра али врши работа и не е воопшто лош.
Ми се допаѓа што ги користиме слабостите на противниците, еве денес конкретно Јапонија беше уништена на пикерската позиција, логично, Столе и Жаре се 20 пати поснажни од било кој Јапонец и реално беше да ги пробиеме од таа позиција, али ок не се сомневам во сето ова кога на клупата го имаме Раул. Бахреин мора да се добие, а потоа со помал притисок да го дочекаме мечот со Хрватска кој може многу работи да реши за нас доколку не загубиме.