Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата The Accountant
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    131
Голманов на Исланд една топка не фате горе, тип за Талески, Фитиљ и посебно Лазаров кој форсира удари од земја.
 
Island tesko deka ke go tepame vaka ko za edno poluvreme podobri od nas kade kade izgledaat. A za hrvatska i spanija pa ni teorija nema. So 2 pobedi i nakaj doma tolku ni e kvalitetot momentalno.
 
Топка му се познава на лицето на голманот Бјоргвинсон по ударот на Степанчиќ hahahahahahahaha

Се враќаат викинзите
 
Кој идиот е Червар ги остави Јагањац и Слишкович на трибина,за да игра со два средни бека:facepalm:
 
Се препотив од утакмицава што е напета, тешко нас и со двете репрезентации макар што чика Лино ја десеткува Хрватска
 
Среќава ги сака хрвативе, ќе ја добијат утакмицата
 
Jas nasive ne uspeav da gi fatam preeska, ali po ova so go gleam sea, moze edino na Bahrein da se krstime za poeni, poso ni Hrvatska ni Island nema da gi tepame.
 
Шпанците со ваква игра ке не ИСТУРАТ, едино би имале шанса со Хрватите (АКО ни се погодат сите коцки, Борко 15 + одбрани, РЕАЛИЗИРАНИ 99% Зицери, тактички Раул да го надмудри Червар, и пред се СРЕЌА)
Ги повлеквам зборојте од постов, со овие и Господ не ни поможвит, овие да ги тепаш требит да си спремен да јајш САЛАМ ќјотек.
 
Ги повлеквам зборојте од постов, со овие и Господ не ни поможвит, овие да ги тепаш требит да си спремен да јајш САЛАМ ќјотек.
Тежок ракомет игра Македонија, може да биде доста незгоден противник кога се игра против фаворит во почтна група. Имаме сила за да поминеме, и сигурен сум дека еден од фаворитите го имаме в џеб. За понатака не коментирам ништо..
 
Тежок ракомет игра Македонија, може да биде доста незгоден противник кога се игра против фаворит во почтна група. Имаме сила за да поминеме, и сигурен сум дека еден од фаворитите го имаме в џеб. За понатака не коментирам ништо..
Сламка за спас против Хрватите ни е то шо коцкестиве не форсираат игра со брз центар, една слободно можам да кажам аматерска репрезентација ко Јапонија, 70% од голојте кој ни ги даде беа баш од брз центар, мислам дека најранлива точка ни е.
 
Факти е дека покажавме многу недостатоци во играта, но јас не би влечел премногу заклучоци од мечот со Јапонија.

Прв меч ни беше, колку и да имаме искуство, трема постои. Од секогаш сме се мачеле против азиски репрезентации, дури и кога сме биле во многу посилни состави. А, како капак на тоа што се азиска репрезентација, Јапонија негува брз центар, нешто против кое традиционално сме немале одговор.

Друга работа е што колку се подалеку репрезентациите од Европа толку е потешко да се скаутираат, видео материјали има многу малку, играчите им играат во лиги кои не се прикажуваат никаде. Исто така мислам дека Раул се потруди да сокрие некои тактички решенија кои ќе ги користи понатаму.
 
Многу разочарувачки старт.
Да имаш надреално добар ден на голман и да примиш факинг 29 гола од анемичната Јапонија асоцира на тоа дека ќе примиме 40 од Шпанија......

Се надевам ќе се оправиме со тек на време , и обавезно мода се уозбилат за со Бахреин, ептен ги потценуваа во интервјуата, ја би рекол позезнати ќе се од Јапан..

Исланд одигра одличен меч, ако играат вака и со нас.... мислам благи фаворити се во дуелот со нас...

Ќе биде зезнато, ама ајде, ќе видиме што ќе се случи..ни хрватите не се нешто посебно, особено ако му тргне на Борко имаме шанса[DOUBLEPOST=1547235910][/DOUBLEPOST]Иначе ок, малце силно од моја страна дека е "многу разочарувачки", не е, ама има работи што беа многу разочарувачки.

Иначе ок сме у целина, тоа што очекувавме..тоа сме..за понатаму еќ видиме
 
. Исто така мислам дека Раул се потруди да сокрие некои тактички решенија кои ќе ги користи понатаму.
не проба уште 7: 5 како Јапонците:cool:
Всушност ова 7:6 слабо го користевме бидејќи не се даваше топка на десно крило, воглавном преку десно крило се играше само во контрите а поповски мислам при нападите 7:6 стоеше во самиот корнер, никој не го чуваше а и не му даваа топки... но таа е болката кај игра преку 2 класични крила, пишав на времето како Франција изгуби од Германија......
Што знам, јас на 7:6 тактика би поставил на класично крило некој 1,9 -2,метраш, и тоа не да стои на самиот ќош туку поблиску до голот...
 
Не знам искрено како да го протолкувам овој хејт по коментарите. Дали до толку веќе се навикнавме на првенства што ни се истенчи вкусот, тотално забегавме со очекувањата или само сакаме да плукаме без оглед на реалноста. Па на минати СП првенства сме победувале со Иран 2 разлика, со Чиле 2 разлика, со Катар без странци 4 разлика....

Победата од 9 разлика над Јапонија е втора најголема во историјата на нашиот ракомет на СП (а веројатно и општо на првенства чисто сумњам дека на ЕП можеш некого со поголема разлика сме победиле). Значи екипа која според горе долу сите коментари од пред првенството е подмладена и најслаба што сме ја имале послеиве 10 години во кои ни отиде 2 класи нагоре ракометот оствари лесна 2 најголема победа во историјата и нас НЕ НИ ЧИНИ НИ ТОА!!!

Дали беше совршена играта? Не, далеку од тоа. Ама не беше ни лоша. Совршено секако нема да одиграме, немаме капацитет за такво нешто (а и многу појаки екипи од нас не можат). Генерално мислам дека можеме да бидеме задоволни,, пред се од нападот кој одигра на доста високо ниво. Одбраната - во позицион напад просечна, во транзиција катастрофа, ама тука да не се лажеме има удел и екстремната брзина на јапонците како и според мене очигледниот проблем кој Раул делумно и намерно не го поправаше - менувавме по 2ца голем дел од второто полувреме, што е рецепт за примање брзи голови од брз центар што и се случи.

Јапонија искрено одигра над моите очекувања, ќе бидат незгодни за сите, иако не би требало да имаат проблем да ги победат. Доста непријатен противник, особено мислам дека може да ја намачат Шпанија која исто прави 2 измени одбрана напад во голем дел од натпреварот.

Од нашите играчи, Манасков се изнапромаши на стартот па после тоа се подобри. Кузмановски исто со доста слаба реализација стартуваше па се подобри. Мислам дека и тој и Талески офанзивно солидно се на се одиграа кога ќе се земе во предвид и организацијата на играта, додавања кон пикер/крило и сл. Пикерите очекувано газеа, немаа шанси јапонците со нив. Борко добар, се надевам не се испука со Јапонија, ова најмногу ме плаши од натпреварот. Генерално немам замерки за никој, не бев импресиониран од никој (можеби Пешевски, ама против Јапонија и очекував негова доминација).

Одиме натаму. Следува Бахреин.
 
Борко добар
Но офенс, ама мислам дека заслуже појќе од зборот ДОБАР, брат шо да напрет појќе, 20 одбрани од кој незнам колку зицери, ако гледаме од наша перспектива пошо бранит за нас велиме добар, ами ако гледаме од перспектива на Јапонците, шо велат тие? хмм
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom