Јасно е дека децата одат само да кажат дека биле на саем, преку статуси на фејсбук да викаат колку им било јако, а ги гледаш испоседнати на подот таму... Од друга страна пак и организаторите со право ја прават журката за сите воздрасти, пошто реално толкав народ да соберат а да нема малолетници е невозможно бидејќи постарите луѓе не излагаат од дома дотолку немаат гага влез или сепаре, каде ќе можат да седнат да одморат коски, а во исто време вистинските клабери ги нема во толкав број.
Јас дојдов после 1 на полупразна сала, ми кажаа се испразнило откако завршил хип-хопот. Бидејќи не сум голем фан на лименка пиво, цела вечер останав без алкохол (пред саем обврски), но тоа не ме спречи да си поминам убаво. Филингот пред бина беше прајслес, посебно на некој траки.