Grand Theft Auto V

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Се надевам со мојата конфигурација ќе можам да си ја играм играва без некое големо кочење и такви ствари. Едино шо ме загрижува кај мене е рамот, ама ваљда се ќе си биде добро :D
 
споредувајте си графички, бар вие кои сметате дека ви се послаби на
http://gpuboss.com/

Споредбата направете си ја со 9800, графичка ставена како минимум.
 
Многу игри ги имам играно со графички доста послаби од минимум предложената, да, со најниско ниво на детали но сепак можеше да се играат без некој проблем. Затоа почекајте да искочи играта и тогаш ќе иматенекаква идеја како играта ќе работи кај вас. Пример за ова се Black Ops 2 и Battlefield 3 кои како минимум графичка ја имаат ставено 8800 gt, додека јас можев да ги играм со 9500 гт и 9400 гт. Се зависи дали сакате добри визуелни ефекти и 60фпс со некојси 40фпс како минимум или воопшто не ви се битни фрејмрејтот и деталите/текстурите/ефектите.
 
lmU9gxA.jpg

3D копчиња и нокти? :vozbud:
#PCMasterRace
 
споредувајте си графички, бар вие кои сметате дека ви се послаби на
http://gpuboss.com/

Споредбата направете си ја со 9800, графичка ставена како минимум.
GTA V на 9800GT? Графичкава е стара 7-8 години чинам. Мислам, до сега знаев дека минимум побарувањата се глупост, ама овие веќе мајмуни не праат :LOL:
 
GTA V на 9800GT? Графичкава е стара 7-8 години чинам. Мислам, до сега знаев дека минимум побарувањата се глупост, ама овие веќе мајмуни не праат :LOL:

Што ги знаеш, може има играва olg-gen мод на графика. Со овие ништо не е сигурно. Ако рокстар беа извршители на смртна казна, народот ќе се изнаживее. Овие ќе сакаат смртта да биде што е можно подобра. :D
 
EwV3zmL.png

Ајдееее.
smallt11.png
 
Последно уредено:
Денес почнува Pre-order, вклучувајќи и на Стим. Оние кои ќе ја порачаат од денес, па се до 1-ви февруари, ќе добијат гратис игра. Игрите достапни се следниве. Покрај играта, дополнителниот бонус е 500к за Сингл, 500к за Онлајн, + дополнителни 300к онлајн ако се порача до 1-ви февруари.

Ако ве мрзи да кликате, игрите се овие
Max Payne 3
LA Noire
GTA EFLC
GTA IV
Bully
GTA SA
Manhunt
Max Payne 2
GTA VC
Midnightclub II
GTA III

Цената најверојатно ќе биде €59.99.
 
Последно уредено:
Untitled.jpg

1049.gif

Готово. Растур праиме.

Ова е новост за нас, обичните смртници, бидејќи сеуште користиме DVD режачи, додека светот од поодамна почна да се прилагодува на Blu-Ray.

Blu-Ray дисковите се со капацитет од 25 GB со еден слој, односно со капацитет од 50 GB со два слоја, односно Dual Layer, за разлика од обичните DVD дискови кои се со капацитет од 4.7 GB со еден слој, односно со капацитет од 8.5 GB со два слоја, односно Dual Layer.

За да праиме растур, ќе мораме да почнеме да се прилагодуваме на Blu-Ray, обичниот Blu-Ray читач може да се најде по цена од 3.000 денари, но може да се најде и по цена од 2.000 денари, доколку се знае од каде да се побара истиот, додека Blu-Ray режач може да се најде по цена од 4.000 денари, но може да се најде и по цена од 3.000 денари, а можеби и по цена од 2.500 денари, доколку се знае од каде да се побара истиот.

Станува збор за еднократна инвестиција, го купуваш Blu-Ray читачот/режачот, го монтираш во компјутер/лап топ и го користиш со години, а можеби и со децении, доколку го користиш внимателно.

Истото важи и за хард дискот, се купува нов хард диск со капацитет од 2 TB или повеќе, се монтира во компјутер/лап топ и се користи со години, со децении тешко, бидејќи сигурно ќе се наполни набрзина со нови видео игри, програми, филмови и музика.

Но за оние кои сепак преферираат пиратерија наместо оригинали, нема да им треба Blu-Ray читач/режач за пиратска копија симната преку Интернет, која може да се подели и да се изреже на повеќе DVD дискови, а ако сегашниот хард диск го има задоволителниот капацитет, тогаш и хард дискот нема да претставува проблем.
 
Добар пост, ама за жал не си ја погодил поентата.

Секоја игра треба да биде инсталирана на HDD. Т.е, не можеш да ја играш директно од DVD/Blu-Ray. Откако ќе ја инсталираш на HDD, при пуштање дел од фајловите се лоадираат во RAM за инстантно вчитување, а сe' останато си останува на HDD. Како што играш, оперативниот систем си ги свапува фајловите помеѓу RAM и HDD и играта си тече нормално.

Каде настанува проблемот? Епа кога имаш игра од 65 гига, од кои што претпоставувам најголемиот дел го сочинуваат текстурите (бидејќи РС верзијата има највисока резолуција на текстурите), па така при секое шетање низ градот, ако сретнеш некој предмет/човек со текстура што не била лоадирана претходно - компјутерот ќе треба да ја најде од HDD и да ја стави во RAM. Е сеа, бидејќи ќе има еден куп такви предмети, не би ме чудело ако играва прави bottleneck на хард дискот. Едно решение би било да се инсталира на SSD. Ама дури и тие што имаат SSD не верувам дека ќе сакаат да искористат 65 гига за играва. Max Payne 3 е околу 30 гига и работеше перфектно. Но, Max Payne 3 не беше open world игра, туку линеарна со нивоа кои се лоадираа во RAM измеѓу мисии. Како Rockstar се справиле со овој проблем останува да видиме кога ќе излезе играта. Со оглед на тоа што препорачуваат само 8 гига RAM, може ќе биде оптимизирана, но да не збориме пред време.

За крај, само една споредба. Just Cause 2 зафаќа само 4 ипол гига. Поради тоа, воопшто нема сецкање кога ја прелетуваш мапата со авион и откриваш нови делови. За GTA 5 ќе видиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom