Говорете македонски!

Можда глупо али ме нервира и молам литературно образовани да ми објаснат зборот:
Велигден!
Што означува зборот Велигден? Составен е од Велиг и Ден. Што треба да претставува Велиг? Некаква изведена форма од Велик?
Ние немаме збор "Велик" Имаат Србите имаат Хрватите имаат и Бугарите....
Кај Србите и Хрватите Велигден е Ускрс што логично доаѓа од uskrsnuti/vaskresnuti
Е Сега кај Бугарите Велик го има значењето што и Great Додека Голјам e исто што и Big
Кај нас пошто Круме Кепески вокабуларот ни е многу јак немаме дистинкција.
и да се вратиме на Велигден - Кај Бугарите Велигден се пишува и чита ВЕЛИКДЕН - или буквален превод Голем Ден што во суштина тоа и претставува за Православието.
Се прашувам што кај нас значи ВЕЛИГ? Зошто тоа дејците на Македонскиот јазик не востановило јасно значење на зборот Големден. Да го Славиме Големден.
Или пошто го Славиме Воскрсението на Исус да се вика Воскрс
Што е тоа Велигден?!?! Зошто не е Велибден или Велипден?
Нашиот фонолошки правопис предвидува пишување кое му одговара на изговорот. Само по исклучок има пишување кое отстапува од изговорот. Затоа е правописно Велигден, свадба (во основата е сват), ногдаун, јуриздикција итн. Фејсбук, како име од туѓо потекло, отстапува според Правописот, како и Вашингтон и сл. Ако го сфаќаме како општа именка, ќе го пишуваме фејзбук (како што го изговараме). Во фудбал тоа сме го направиле, неоптоварени од состојбата во други јазици (затоа не пишуваме футбал, Великден).

Бугарите имаат морфолошки правопис, Англичаните етимолошки, Македонците фонолошки. Правописот им се базира на различни принципи. Затоа нема смисла да се разгледуваат како да имаат ист тип правопис.

Убаво ти одговорија погоре, Велигден доаѓа од старословенското велики + ден = Велигден. К се едначи по звучност со согласката што доаѓа по неа и омекнува во Г. Затоа не е како бугарското. Еве ти друг пример: foot + ball = фут + бал = фуДбал. Т се едначи по звучност со Б, омекнува и станува Д, затоа е фудбал, а не футбал. Појасно?
 
Yep. Благодарам. Гласовна правило на едначење по звучност. Тоа е тоа. "Проблемот" ми е значи од фонетска природа.

Едно е бескуќник (без куќник) што го земаш здраво за готово или просто природно ти иде риба не е рибче ами рипче..
Меѓутоа Велигден никогаш не би го исперцепирал по таа линија

Sent from my LG-H872 using Tapatalk
 
Гледам зборот КАСКА се почесто го употребуваат по медиумиве на сметка на заостанува. Зборов го знаев од ДОТА-шиве во мое опкружување, претпоставував дека е некој "странцизам", па се зачудив кога видов дека го има во дигиталниов речник.
Дали е воведен во блиско минато или цело време бил македонски збор, а јас сум живеел во заблуда? :D
 
Зборот "кас" означува еден од неколкуте видови коњско одење, односно вид на споро трчање.
Каскање = споро, не многу брзо движење.
Се употребува во многу држави
 
Гледам зборот КАСКА се почесто го употребуваат по медиумиве на сметка на заостанува. Зборов го знаев од ДОТА-шиве во мое опкружување, претпоставував дека е некој "странцизам", па се зачудив кога видов дека го има во дигиталниов речник.
Дали е воведен во блиско минато или цело време бил македонски збор, а јас сум живеел во заблуда? :D
Си постои, не си обратил внимание.

„Тој тргна да го води патот. Јас напатен и уморен, каскав по него.“
„Ги припи уздите при себе и мирно тргна со кас во непознатото.“
 
Во време кога Македонскиот Јазик е нападнат од сите страни, негиран од братските Б'лгари, помножен со нула од македонските новинари, измочан до коска од македонските политичари, ја отворам темава.

Како правилно да пишуваме?

Во темава е дозволено цитирање постови од други теми со задолжително исправање на грешките во цитираниот пост. Латинично писмо при комуникација е дозволено, доколку се почитува точната транслитерација на македонското кирилично писмо.

Лични препукувања на темава ќе бидат сакнционирани од @Acid

Повелете.
 
Еве тетката еким @bijons со другарка и многу младата 75 годишна пензионерка @pozdrav eden topol како најписмени (според нив), башка југословенска школа ќе ни објаснат како со три точки и мала буква се започнува реченица и од кога тоа латиницата е официјална азбука во НЗ.
 
Цитирај мислења и исправи ги. Инаку Ацид пак ќе ми ја лупне темава во ЧДА.
@Ska Maniac зошто си ЧДА?
 
Добро се извинувам.
Ете јас решив нив две да ги цитирам затоа што нешто везеа пред неколку дена околу правописот на форумот во темата за кориснички прашања. Па затоа како многу елоквентни нека се изјаснат овде.
 
Ја промаши темата 100/100. Пак ќе те прашам, зошто си ЧДА?
 
Еве тетката еким @bijons со другарка и многу младата 75 годишна пензионерка @pozdrav eden topol како најписмени (според нив), башка југословенска школа ќе ни објаснат како со три точки и мала буква се започнува реченица и од кога тоа латиницата е официјална азбука во НЗ.

На „и„ немаш ставено апостроф за да биде „и‘„. Седи-„кец„!...
 
Над и не се става апостроф, се става надреден знак. Ова е апостроф: ('), тој се пишува пред слоготворното р кога истото е на почеток на зборот или по префикс кој завршува на вокал, пр: 'рти, за'рти, 'ржи, за'ржа...

Ова е надреден знак: (`). Тој се пишува над ѐ и ѝ кога истите се дел од
-кратките заменски форми (нејзе) ѝ, за да се разликува од сврзникот и,
-(нас) нѐ, за да се разликува од негацијата не,
-и над е во прилогот сѐ, за да се разликува од кратката заменска форма (себе) се, која ја користиме најчесто со повратните глаголи.

Пр.
1. Ја сретнав и ѝ реков да внимава.
2. Нас никој не нѐ праша.
3. Сѐ се случи многу брзо.
 
Своевремено го имам учено како “апостроф„. Ако во меѓувреме нешто се променило во граматиката, тоа е друга работа...
 
Мене ми требаа 18-19 години за да научам дека не е бурекџилница туку бурекчилница.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom