Говорете македонски!

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.612
Можда глупо али ме нервира и молам литературно образовани да ми објаснат зборот:
Велигден!
Што означува зборот Велигден? Составен е од Велиг и Ден. Што треба да претставува Велиг? Некаква изведена форма од Велик?
Ние немаме збор "Велик" Имаат Србите имаат Хрватите имаат и Бугарите....
Кај Србите и Хрватите Велигден е Ускрс што логично доаѓа од uskrsnuti/vaskresnuti
Е Сега кај Бугарите Велик го има значењето што и Great Додека Голјам e исто што и Big
Кај нас пошто Круме Кепески вокабуларот ни е многу јак немаме дистинкција.
и да се вратиме на Велигден - Кај Бугарите Велигден се пишува и чита ВЕЛИКДЕН - или буквален превод Голем Ден што во суштина тоа и претставува за Православието.
Се прашувам што кај нас значи ВЕЛИГ? Зошто тоа дејците на Македонскиот јазик не востановило јасно значење на зборот Големден. Да го Славиме Големден.
Или пошто го Славиме Воскрсението на Исус да се вика Воскрс
Што е тоа Велигден?!?! Зошто не е Велибден или Велипден?
Нашиот фонолошки правопис предвидува пишување кое му одговара на изговорот. Само по исклучок има пишување кое отстапува од изговорот. Затоа е правописно Велигден, свадба (во основата е сват), ногдаун, јуриздикција итн. Фејсбук, како име од туѓо потекло, отстапува според Правописот, како и Вашингтон и сл. Ако го сфаќаме како општа именка, ќе го пишуваме фејзбук (како што го изговараме). Во фудбал тоа сме го направиле, неоптоварени од состојбата во други јазици (затоа не пишуваме футбал, Великден).

Бугарите имаат морфолошки правопис, Англичаните етимолошки, Македонците фонолошки. Правописот им се базира на различни принципи. Затоа нема смисла да се разгледуваат како да имаат ист тип правопис.

Убаво ти одговорија погоре, Велигден доаѓа од старословенското велики + ден = Велигден. К се едначи по звучност со согласката што доаѓа по неа и омекнува во Г. Затоа не е како бугарското. Еве ти друг пример: foot + ball = фут + бал = фуДбал. Т се едначи по звучност со Б, омекнува и станува Д, затоа е фудбал, а не футбал. Појасно?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.439
Поени од реакции
5.486

Yep. Благодарам. Гласовна правило на едначење по звучност. Тоа е тоа. "Проблемот" ми е значи од фонетска природа.

Едно е бескуќник (без куќник) што го земаш здраво за готово или просто природно ти иде риба не е рибче ами рипче..
Меѓутоа Велигден никогаш не би го исперцепирал по таа линија

Sent from my LG-H872 using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.061
Поени од реакции
74.695
Гледам зборот КАСКА се почесто го употребуваат по медиумиве на сметка на заостанува. Зборов го знаев од ДОТА-шиве во мое опкружување, претпоставував дека е некој "странцизам", па се зачудив кога видов дека го има во дигиталниов речник.
Дали е воведен во блиско минато или цело време бил македонски збор, а јас сум живеел во заблуда? :D
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.762
Поени од реакции
6.188

Зборот "кас" означува еден од неколкуте видови коњско одење, односно вид на споро трчање.
Каскање = споро, не многу брзо движење.
Се употребува во многу држави
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
526
Поени од реакции
911
Гледам зборот КАСКА се почесто го употребуваат по медиумиве на сметка на заостанува. Зборов го знаев од ДОТА-шиве во мое опкружување, претпоставував дека е некој "странцизам", па се зачудив кога видов дека го има во дигиталниов речник.
Дали е воведен во блиско минато или цело време бил македонски збор, а јас сум живеел во заблуда? :D
Си постои, не си обратил внимание.

„Тој тргна да го води патот. Јас напатен и уморен, каскав по него.“
„Ги припи уздите при себе и мирно тргна со кас во непознатото.“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom