Gotham

  • Креатор на темата Креатор на темата Hurin
  • Време на започнување Време на започнување
И какви впечатоци ви остави првата епизода од 3 сезона ? Гордон по втор пат завршува лошо со женските... ќе си остане ерген доживотно ... или ќе и се врати на Барбара :backa: ???
 
Тешко да се врати на Барбара. Ептен е полезбејчена таа. :D Мада нема да остане ерген, нели треба да има ќерка која после долги години Џокер ќе ја осакати... Може ќе си ја фати оваа новинарката. ;)

Настрана од тоа, мене ми беше океј првата епизода, иако уште се думам да не ја претераат серијава со овие supernatural елементи и ликови. Затоа и се надевам дека сторијава со Фиш Муни ќе биде главна сторија само во првите неколку епизоди, па ќе се фокусираат на Court of Owls.

Инаку најјак момент ми беше сцената со Нигма и Пингвинот во Аркам. Би менувал три филма со Афлек како Бетмен за еден филм каде негативци се Riddler и Penguin во тандем, и тоа одглумени баш од овие актери.
 
3 бетмени со Афлек можи да смениш само за да ја снема серијава, не за друго.
 
3 бетмени со Афлек можи да смениш само за да ја снема серијава, не за друго.

Не зезај па и ти... Океј е, секој си има вкус, ама серијава не е лоша. Сум видел далеку полоши адаптации на ликовите од Бетмен. Ова ми е сосема прифатливо. Пак ќе кажам, посебно ми е супер што негативци како Пингвинот или Ридлер добија нова верзија. И тоа овој Пингвин е до сега најдобро портретирање на ликот. Дени де Вито беше добро вклопен во Бетмен универзумот на Тим Бартон, ама кој читал стрипови знае дека тој Пингвин е далеку од оној во стриповите. Е сега од оваа сезона ќе започнат да уфрлаат третокласни негативци, ама подобро тука да го видам Mad Hatter отколку на филм. ;)
 
гледав од првата сезона некоја еп кога почна и ептен очај ми беше, после бетмените на нолан богами све што е поврзано со бетмен ми е очај и дно дна, можда и подоле од тоа.
 
On 17/02/16 we got this in the comics .. :love:IVY COMIC.jpg

And 2 days ago, we got this on small screen ..:love::love::love::love:IVY GOTHAM.jpg
Magneto-perfection.gif
 
Таман си мислев: „Што ќе им е оваа работа со растењето на Ајви?“, кога дојде сценава.... :D Веќе немам против Ајви да ја има во секоја епизода.... ;)
 
Нешто за 5 сезона да не знаете ?

Ќе почне во 2019, уште не е објавена официјална дата. Ќе трае нешто пократко од другите сезони и најверојатно ќе биде последна сезона.
 
Ги има ли гледано некој новите епизоди?
 
Ги има ли гледано некој новите епизоди?

Да супер се. Но штета што ќе има само 10 епизоди од последнава сезона и нема да има продолжување на серијава.
Ќе има спин-оф серија на оваа, со главна улога батлерот на Брус Вејн.
 
дада стварно штета што ке има толку малце епизоди...
 
Kaко обожавател на Бетмен серијалите и општо на карактерите во истава ми се свигаше серијава бајги али почна да ми станвит досадна некако.
ДОбро е шо ке ја прекинат , иначе првите сезони 2-3 далеку поинтересни барем за мене како почна 4тата почна да ми пага интересот не дека е лоша али барем за мене е заморна веќе и нема развивање на карактерите како претходно све ми се врти во некој круг
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom