Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Ај размисли вака.

Во Интер му даваат огромна плата и мора да даде се од себе, и дава се од себе. Тука се согласуваме и двајцата.

Доаѓа да игра за Македонија и гледа 5 играчи што играат за 3 лиги и што дошле во репрезентација на "чуден" начин. Потоа гледа тренер кој што не му е целта да не однесе на ЕП или СП туку да си го наполни буџетот. Гледа човек на чело на Фудбалска Федерација кој што мести натпревари со Андора. На крај големата слика, Македонија со ова раководство вечито 4та, дали Пандев играл како Меси за Барса или како Мунтари за Интер, небитно.
И очекуваш играч што игра за Европскиот првак да си ја ризикува кариерата за горенаведените работи? Веќе доволно направи, познат е во Италија како Македонец, со Македонско знаме искочи во финалето, тоа го направија уште Ето и Станковиќ, отвори школа каде што се плаќа он. Мислам дека е доволно, додека оној што играл за Македонија и има исто така многу пари си ги чува за себе и кажува гачки одвреме навреме.

Па тогаш нека не дава глупи изреки дека демек нејкел да продолжи после исфиркувањето на терен, ебати професионалецот кај ќе беше крајот ако сите така се откажуваа.. на крај краева сигурен сум дека ако во Интер му го направат истото макар и повеќе пати ќе рече нема да играм туку ќе се запоти малку повеќе и ќе почне да игра подобро.

И ако веќе тоа е причината ете нека земе ЈАВНО нека го каже сето тоа и дека токму тоа е причината поради што он заминува од репрезентацијата барем ќе биде запамтен како херој да не кажам.. а и чим се откажува капитенот (он) со него лесно може да повлече и некои други така да на добар начин може некој во државава да се замисли што навистина прави ФФМ.
 
Која ФФМ бе кој Хари кој Јонуз го кривите ? На херојот му е здосадено да не води кон нови европски и светски првенства па затоа реши да се откаже.:kesa: Кукавица е*ате беља го свиркала публиката,па што не изјави му го згрешиле бројот на копачките па затоа ќе се откажел од репрезентација,лингур еден исфорсиран и надуен.

Како не се стегне сега цела репрезентација да се пласира на Европско да докаже и покаже дека без секој се може па да црнке од мака келавиот!
 
Фала му на досега направеното, не би сакал да го навредувам зошто сепак има дадено многу повеќе за националниот тим од мене или од пак 20тина плукачи на трибини.
Јас можам до некаде да ги разберам неговите фрустации кога се обидува да помогне на секој можен начин но дел од публиката те исвиркува и плука, но не можам да разберам дека тој го зема тоа лично посебно што е професионалец во голем тим. И најголемите звезди како Бекенбауер, Кројф, Марадона итн итн биле исвиркувани во текот на кариерата од своите навивачи но никој од нив не се откажал од репрезантацијата.

Јас му препорачувам на Пандев нека прошета низ Македонија на фудбалските игралишта и нека види колку деца го носат неговиот дрес, тогаш се надевам дека ќе свати дека неговата улога во фудбалот на Македонија е поголема од тоа само да се помогне на репрезентацијата во текот на еден квалификационен циклус.
Нели му е срам од сите тие деца кој го купиле дресот на репрезантацијата или пак Интер со неговото име, посебно во вакви тешки времина кога мора да се откажеш од нешто за да го добиеш посакуваното.
 
Па тогаш нека не дава глупи изреки дека демек нејкел да продолжи после исфиркувањето на терен, ебати професионалецот кај ќе беше крајот ако сите така се откажуваа.. на крај краева сигурен сум дека ако во Интер му го направат истото макар и повеќе пати ќе рече нема да играм туку ќе се запоти малку повеќе и ќе почне да игра подобро.

И ако веќе тоа е причината ете нека земе ЈАВНО нека го каже сето тоа и дека токму тоа е причината поради што он заминува од репрезентацијата барем ќе биде запамтен како херој да не кажам.. а и чим се откажува капитенот (он) со него лесно може да повлече и некои други така да на добар начин може некој во државава да се замисли што навистина прави ФФМ.

И не е само исвиркувањето причината, ако си ја прочитал целото негово објаснување, ке разбереш......

--- надополнето ---

1 болд:
Се убаво си кажал, ама тој не ја криви федерацијата туку навивачите... барем судејќи според трачарскиот Вест.
За 2 болд... кога го прашаа како на македонски се вика ние сме шампиони на европа, тој одговори на италјански :nesvest:

Како не одговори на италијански, ти изгледа не си го познаваш македонскиот јазик...
А ти не беше горд кога го носеше македонското знаме на грбот а

--- надополнето ---

Ај вака ......

1.Навивам за интер
2.Мерак ми е шо Пандев е во интер
3.Мерак ми е шо играше ко шо играше прошла сезона и шо освои се шо моеше у Европа 2009/10

Ама КРИВО ми е шо ни 1% не покажува од тоа шо го покажува во Интер .....Па уште и гинел за репрезентацијата ....дај бе немој .... Се знае шо е *гине* на терен .... овој нашиов коа игра Македонија бега од дуели ко кур на тв1000 ....

Мислам , ок е шо го браните као навијачи на интер/струмичани и се остало али бидете реални ....типот никад не играл со *срце* за Македонија ..... Ако планира да продолжи така - боље да не игра
[B[/B]

Ај одговори дали е полесно да се игра со играчите на Лацио и Интер околу себе, или со играчите на нашата репрезентација околу себе
И баш затоа така стои дека игра подобро со Интер и Лацио , а послабо со репрезентацијата.... Кога имаш подобри играчи околу себе и ти ке си подобар.....
а тоа што тој е најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација никој не спомнува и дали некој тоа ке го надмине
 
И не е само исвиркувањето причината, ако си ја прочитал целото негово објаснување, ке разбереш......

--- надополнето ---



Како не одговори на италијански, ти изгледа не си го познаваш македонскиот јазик...
А ти не беше горд кога го носеше македонското знаме на грбот а

--- надополнето ---

[B

Ај одговори дали е полесно да се игра со играчите на Лацио и Интер околу себе, или со играчите на нашата репрезентација околу себе
И баш затоа така стои дека игра подобро со Интер и Лацио , а послабо со репрезентацијата.... Кога имаш подобри играчи околу себе и ти ке си подобар.....
а тоа што тој е најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација никој не спомнува и дали некој тоа ке го надмине
Е, за тоа ми е најкриво. Стана најдобар стрелец со 15 гола (од 23) на пријателски натпревари, а фајде од тоа... НИКАКВО!!! И доста го браните вие струмичаните, само затоа што е од вашиот град!
 
Главата горе, се може и без Горан Пандев

Најдобриот македонски фудбалер во моментов, фудбалерот на Интер Горан Пандев, се дрзна да и соопшти на јавноста дека веќе нема да игра за репрезентацијата поради тоа што бил разочаран од однесувањето на публиката и од третманот што А-тимот го имал воопшто. Нималку капитенски, иако за овие квалификации ја доби честа да ја носи лентата на својата рака, во најлош можен момент пред важните дуели со Андора и со Русија, Пандев со оваа изјава до максимум ја вжешти и онака многу нервозната атмосфера во таборот на селекторот Мирсад Јонуз. Наместо да се обиде да дејствува смирувачки и, ако не може играчки, барем вербално да ги поддржи другарите од А-тимот, струмичанецот себично, како што многупати досега се однесувал и на теренот, му заби нож на и онака полумртвиот македонски фудбал.

Немаше вчера ниту еден љубител на фудбалот што мирно ја дочека веста за откажувањето од Македонија на најефикасниот на репрезентацијата. Но како никогаш досега сите го осудија тој потег, многумина го нарекоа кукавички и себичен, а мнозинството го оквалификува како крајно невнимателен и со лош тајминг.

Можеби и со право, откако струмичанецот направи очајно лош маркетинг, најмногу за самиот себеси, зашто иако е наш најдобар фудбалер, екстра-квалитетот го покажуваше само на натпреварите за неговите клубови Лацио и Интер, а факт е дека, иако вложуваше многу труд, не се памети негова добра партија за македонската репрезентација.

Аргументите на Пандев дека си оди поради лошиот однос на публиката спрема него и националниот тим воопшто не држат, зашто навивачите имаат право за парите што ги даваат да влезат на натпреварите, да демонстрираат незадоволство на секаков начин, секако ако тоа е во рамките на ненасилничко однесување. Така што, ако публиката со овации ги испрати македонските фудбалери по поразот дома од Шпанија (2-3), кога видоа како играчите го оставаат срцето на терен, исто така има право со концерт свирежи да го осуди „балетанскиот“ пристап на дуелот со Ерменија (2-2), меч што, според Пандев, ја прелеал чашата на незадоволство. Исто така, навивачите имаат право да бараат големи резултати, особено што гледаат дека пристапот на играта во клубовите и во репрезентацијата воопшто не е ист. И на крајот на краиштата, свирежите на навивачите на дуелот со Ерменија не беа само за Пандев туку за целиот тим, на чело со стручниот штаб, па никој од преостанатите не се дрзна да се откажува од понатамошно играње. И нека се запраша нашиот најдобар фудбалер како им е на најмалите, чиј идол е токму тој, кога го гледаат миленикот како само тој молчи кога се изведува македонската химна пред почетокот на натпреварите. А во училиштата учат дека пеењето на химната е најсветото нешто кога станува збор за бранење на државните бои.Прашањето е зошто Пандев внесува немир во тимот токму во овој момент, кога пред Македонија се два меча, гостувањето кај Андора и мечот дома со Русија. Напаѓачот на Интер не е од вчера македонски репрезентативец и секогаш ги слушал свирежите на трибините, зашто публиката воопшто не е сменета. Каква-таква, разгалена или не, македонската фудбалска јавност многупати нелогично постапувала спрема најдобрите македонски фудбалери, но на крајот на краиштата, секогаш била на нивна страна. А на Пандев тоа не му пречеше кога беше фудбалер на Лацио со само една освоена (куп) титула, а наеднаш му стана главна болка откако минатата сезона со Интер освои сé што можеше да освои како професионален клупски фудбалер. За да го има досието перфектно, му недостига само учество на некое големо репрезентативно натпреварување, Светско или Европско првенство. Но од таа шанса, Пандев се откажа многу лесно...

Болеста што ја имаше кошаркарот Петар Наумоски, а ја прележа и ракометарот Кирил Лазаров, го фати и Пандев. Веројатно славата и парите на македонските спортисти многу често им удираат во глава и, наместо да дојдат и да даваат максимум секогаш кога треба, тие на најмала пречка се откажуваат и многу лесно му вртат грб на националниот грб. И секогаш грешката ја барале кај другите, никако кај себеси. А за споредбата да биде квалитетна докрај, многупати досега сме се радувале на победите на Македонија, благодарение на кошевите на Наумоски и на головите на Лазаров, но истото не може да се каже и за Пандев. Ексклузивноста да се радуваат на неговите успеси секогаш ја имаа само навивачите на Лацио и на Интер...

ова е извадок од дневниот весник нова македонија со кој во потполност се согласувам!!!
АКО ОВА ЗА ОТКАЖУВАЊЕТО НЕ Е ИЗМИСЛИЦА ОД ВЕСНИКОТ КОЈ ГО ОБЈАВИЛ, ТОГАШ ЈОНУЗ И НЕ ТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА ГО ВИКА!!!
 
Денес има нешто во македонски спорт,као официјален одговор од Пандев, дали може некој да изнесе во кратки црти???? (не сум во мк и не можам да го купам весникот)
 
Каква само статија во Нова Македонија...апсолутно се сложувам. Нималку капитенски од страна на Пандев, од единствениот играч што го имавме а што вредеше нешто повеќе. Тоа ти е, еден асален играч ќе имаме и тој ќе биде најголема пицајзла и плачипичка. Спортисти низ Македонија се откажувале од странски пасоши само за да дочекаат да играат за репрезенатија, а мочко како Пандев се откажува зашто му свиреле. Убаво му беше кога го фалеа? Кога во Струмица го пречекаа како крал после ЛШ? Кога ќе заслужиш нешто убаво е да слушаш пофалби, ама треба и да се прифатат и критики, најмногу кога се заслужени. Пандев не постапи нималку професионално, разочаран сум премногу. Факт е дека многу нешта смрдат и во репрезенацијата, местенки, корупција, ФФМ, ама вака да реагира тој што треба да поттикне каква-таква измена? Глупост Горане, глупост. Барем имај лице и појави се во јавност, извини се за ова и врати се во тимот доколку сакаш да придонесеш нешто добро, а не да плачеш преку весници од Милано.
 
Доаѓа да игра за Македонија и гледа 5 играчи што играат за 3 лиги и што дошле во репрезентација на "чуден" начин. Потоа гледа тренер кој што не му е целта да не однесе на ЕП или СП туку да си го наполни буџетот. Гледа човек на чело на Фудбалска Федерација кој што мести натпревари со Андора. На крај големата слика, Македонија со ова раководство вечито 4та, дали Пандев играл како Меси за Барса или како Мунтари за Интер, небитно.
Нека искочи со вакво оправдување а не свирежите ме погодија!
Ако искочи со ваква изјава за повлекувањето јас ќе покренам иницијатива за споменик од пандев во Скопје 2014
ПС - Аплауз за тајмингот за одлуката!
 
Од фб-то на Бранко

PANDEV ZA TELMA: IGRAV I KE IGRAM ZA REPREZENTACIJATA!!!
 
И сега се откажа од репрезентативниот дрес или не?
 
Кој курт*ни сте го изпопљукавте Пандев . Му верувате на нај трачерскиот весник на свет .
Ако се откаже го подржувам , вие изгледа го гледате само тоа што сакате во изјавата има и: Сите одат напред, сите вложуваат, во лигите и клубовите влегуваат спонзори, а кај нас работата е закочена . Во такви услови треба да бидеме задоволни ако бидеме и петти во квалификациската група - објективен е најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев кој поради повреда ќе паузира од мечевите на Интер.
 
Некои се противеа на друг пасош освен македонски, затоа што немаат шанси да играат во другите репрезентации, а не дека се толку патриоти......
 
У моментов Бо МекКејлеб го сметам за поголем Македонец од овја ! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom