Горан Пандев уште еднаш реши да не го активира членот 17 кој му овозможува да се ослободи од обврските кон Лацио, иако е изоставен од тимот за суперкуп натпреварот со Интер кој ќе се одигра на 8-ми август во Кина.
Македонецот, заедно со Кристијан Ледесма и Лоренцо Де Силвестри е изоставен од тимот за натпреварот во Пекинг. Причината е што овие тројца побараа да бидат ставени на трансфер листата.
„Причината, иако не добивме објаснување, мора да биде сватена како чисто техничко и тактичко решение“ - изјави Матиа Грасани, адвокат на Пандев.
„Пандев му вети на клубот дека нема од било која причина да го активира членот 17“ - додаде тој.
Правилото на ФИФА им дозволува на фудбалерите после 3 години поминати во клубот да можат да си го откупат договорот, без разлика на тоа уште колку има до неговото завршување.
„Однесувањето на Пандев зборува само за себе“ - продолжи Грасани. „Од првиот ден на тренинзи пред сезоната,тој покажува врвен професионализам и на теренот и надвор од него“.
„Пандев е релаксиран и е подготвен да се стави на располагање секогаш кога тренерот ќе го повика“.
„Тој само сака да добие можност да игра како и останатите негови соиграчи.“