Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Круз потпиша за Лацио,Пандев не е во авионот за Пекинг за супер купот,вратата за излез од Лотито е отворена...ајде Јуве покажете се сега :vozbud:
 
Горан Пандев уште еднаш реши да не го активира членот 17 кој му овозможува да се ослободи од обврските кон Лацио, иако е изоставен од тимот за суперкуп натпреварот со Интер кој ќе се одигра на 8-ми август во Кина.

pandev_lazio.jpg


Македонецот, заедно со Кристијан Ледесма и Лоренцо Де Силвестри е изоставен од тимот за натпреварот во Пекинг. Причината е што овие тројца побараа да бидат ставени на трансфер листата.

„Причината, иако не добивме објаснување, мора да биде сватена како чисто техничко и тактичко решение“ - изјави Матиа Грасани, адвокат на Пандев.

„Пандев му вети на клубот дека нема од било која причина да го активира членот 17“ - додаде тој.

Правилото на ФИФА им дозволува на фудбалерите после 3 години поминати во клубот да можат да си го откупат договорот, без разлика на тоа уште колку има до неговото завршување.

„Однесувањето на Пандев зборува само за себе“ - продолжи Грасани. „Од првиот ден на тренинзи пред сезоната,тој покажува врвен професионализам и на теренот и надвор од него“.

„Пандев е релаксиран и е подготвен да се стави на располагање секогаш кога тренерот ќе го повика“.

„Тој само сака да добие можност да игра како и останатите негови соиграчи.“
 
Не знам зошто не се повика на тој член доколку е можно тоа. Еден просечен тим како Лацио не смее на тој начин да се однесува со фудбалери како Пандев и Ледесма. Мислам дека и двајцата имаат квалитет да играат и во поголем клуб од Лацио.
И Де СИлвестри беше најавуван како голем талент па ако заминат мислам дека и Лацио би имал големи проблми, сепак не е тим кој може да се расфрла со пари.
 
а зошто би го активирал кога после ќе е слободен играч, ако не грешам
а како слободен играч тој сигурно нема да поставува услови кога ќе преговара со некој клуб
а колку има навала од клубови видовме
па по мое мислење страв му е да не остане пола сезона без ангажман
 
Еее арно викаат старите од кол на кол колот... мислам оти се разбравме. Гоче направи огромна грешка со тоа што се перчеа со тоа агентот, сега има нов тренер, Круз е тука, Зарате не е веќе на позајмица. Дај Боже да му се оствари сонот и да заигра за некој голем клуб но мислам дека Пандев претера. Како што гледам Лотито се заинати и ме фаќа страв да не ја преседи цела сезона на трибини.
 
И сега Горане, што направи?Ете затоа никогаш на тој што те направил човек несмееш да му завртиш грб и да заборавиш се што сторил за тебе.Отиде во Италија, жив човек не те знаеше, го зеде Лацио го направи тоа што Е!Играч за кој реално се очекува некоја екипа да искешира 10 000 000, а тоа е ненормална сума на пари.

Јас разибрам, да сака да игра во поголем клуб, каде ќе има шанса секоја година да настапува во ЛШ, но такво понашање Лацио не заслужи.Агентот го уби, а и тој претеруваше со изјавите.И да - што си надробил, сркај го сега.:toe:
 
Се палшам од најлошото..Цела сезона да не се наседи на клупата за резерви..Како што рече Лотито и се исполни тоа Пандев не замина во Кина..
 
Најубаво ке му беше да замине во Зенит,ем ке си игра прв состав....:toe:
 
точно е ова за зенит ама он сако во јувентус интер ливерпул сака лига на шампиони да освои сеа може и во реал сака
 
Пандев вреди 18 милиони можеби и повеќе ако имаше активен договор со Лацио до 2013 сега лиглето Лотито сака да направи притисок врз Пандев да потпише нов договор за да догодина го шитне преку 25 милиончина.

На Кристијано Роналдо да му истекуваше со мала плата како Пандев договорот од Манчестер догодина во никој случај ниеден клуб не би плател повеќе од 20 милиони(карикирам).

Пандев е најдобриот играч на Лацио две сезони по ред ,а неговата плата е мизерно мала за играч од таков калибар Лотите воопшто не се обиде да дискутира за тоа.
Нема понуди од големи клубови зошто Лотито бара фантастична сума за фудбалер кој може да си замини во секое време догодина за без пари.

Големите клубови се заинтересирани за Пандев само цената воопшто не е адекватна не заради тоа што нема квалитет туку заради што догодина ќе можат да го земат за џабе и ја чекаат разврската.

За сите скептици се надевам дека Пандев ќе направи трансфер во поголем клуб и ќе им ги затвори муцките.
Во фудбалските кулоари никој не дискутира за квалитетот на Пандев сите дискутираат за ненормалната цена која треба да ја платат.


Го препрочитав постот и само мелам за истото ама ќе го оставам таков глуп :)
 
Значи Пандев не сака да го активира членот 17, бидејќи се надева дека ќе биде продаден. Во Италија пред крајот на преодниот рок се случуваат многу трансфери, бидејќи тогаш им паѓа цената на играчите. Но верувајте дека ако (не дај боже) ја грее клупата во првиот дел од сезоната, сигурно ќе си го откупи договорот и нема да остане во Лацио. Исто така точно е дека Горан го стекна своето име преку Лацио, но мислам дека тој му даде многу повеќе на Лацио, отколку Лацио на него. Видете само колкава плата зема и се ќе ви стане јасно. И на крајот на краиштата кој ќе загуби со вакво инаетење. Нормално Лацио, кој можеше да земе 10 милиони во секој момент но сакаа 18 па го изгубија за безпари. А тие не се Манчестер Сити или Реал па јасно дека тие пари им се од огромна важност.
 
Пандев лани го внесе Лацио во ЛШ даде одлучувачки гол во Романиа.Даде 20 гола таа сезона и очекуваше нов договор од Лотито но овој не сакаше да се сретне со агентот на Пандев и одолговлекуваше.
Прв пат го повика Пандев во Јануари и му понуди смешно покачување 700 илјади по сезона.Во мај почна да нуди 1,5 милиони.Но Пандев веќе не сакаше бидејќи се чуствуваше изигран.

Е сега што е проблемот Лотито му го пушеше на Пандев и му велеше дека ќе го пушти во кој клуб сака само за да не го активира членот 17 и да си оди за 2 мил.Пандев овде гадно се заеба и не го активира членот 17 а членот се активира до 20 јуни.
Кога помина 20 Лотито ја отвори големата уста и почна да се заканува и да бара 19 милиони за играч на кој му истекува договор и кој му земаше плата како чистачот на олимпико.
Нека види Лотито кој е прв стрелец во купот 6 гола и се одлучувачки.Јас ќе спомнам само со Милан изнуди пенал за продолженија и гол во продолжението.Заради него го освоија купот и идиотот Лотито нареди да не го повикуваат.
Оваа сезона не ја изигра на ниво но човекот играше под инекција цела сезона бидејки клубот не му даде да изврши операција на стопалото.
 
После играва сега Пандев што ја пружа треба Лолито да се подзамисли дали ќе го стави на клупа
а треба и други подобри тимови да го побараат да го купат бидејќи со ова денеска дефинитивно покажа дека вреди
 
После играва сега Пандев што ја пружа треба Лолито да се подзамисли дали ќе го стави на клупа
а треба и други подобри тимови да го побараат да го купат бидејќи со ова денеска дефинитивно покажа дека вреди
После ова ќе следи понуда од 30 милиони од Барса или Реал. А Лацио и Лотито кој ги ебе! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom