- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 14.665
- Поени од реакции
- 14.658
Пандев ќе остане верен на Лацио
И покрај многуте шпекулации во врска со неговото заминување од италијанскиот прволигаш Лацио, нашиот интернационалец Горан Пандев одлучи да стави крај на идејата за преселба од главниот град на Италија.
25-годишниот Mакедонец разговарал со претседателот на тимот Клаудио Лотито, кој претставува вистинската причина поради која што Пандев не си замина од тимот досега, и побарал одобрение за трансфер и покрај тоа што со Лацијалите има валиден договор до јуни 2010-та година.
Но целото раководство изразило желба Пандев да остане во тимот цела наредна сезона, по што и самиот Пандев одлучил да продолжи да ги брани боите на „Бјанконерите“.
„Јас сум играч на Лацио и сум подготвен да ги бранам неговите бои.“ - изјави Пандев за најтиражниот италијански спортски весник „Кориере дело Спорт“.
„Се наоѓам во добра форма и се надевам дека ќе играм против Интер во Пекинг и ќе му помогнам на мојот тим да го освои италијанскиот Супер Куп.“
„Ако ништо друго, доколку лојалноста и посветеноста на тимот од страна на моите соиграчи и тренерот биде на повисоко ниво, Лацио ќе стане поголем клуб од порано, со поголеми амбиции на италијанската фудбалска сцена.“ - заврши Пандев.

lee: