Многу ми се интересни вакви форумџии кои мислат дека се` знаат. Дали друже знаеш зошто се игра фудбал? Како можеш да кажеш дека головите кои ги дава се за џабе.
И примерот ти е катастрофален, секој знае дека Инзаги да играше во Лацио ќе беше никој и ништо, но играше во Јувентус каде милионска екипа му местеше голови, и секој денес на светот знае дека Пипо Инзаги нема три чисти од фудбал иако официјално е топ голгетер во лига на шампиони во историјата. За разлика од него, Пандев постигнува по 10 гола во сезона каде во среден ред ги имаш Ледесма, Мутарели, Манфредини и Бехрами, а тоа се играчи кои едвај топка водат. Камења се. Па ти сега види кој е поголем. И вистинските фанови и познавачи на фудбалот кои се објективни тоа ќе го признаат.
И викаш ништо нема освоено и со Лацио не може да освои... не ми текнува фудбалски пример, ама ми текна кошаркарски. Чарлс Баркли е еден од најдобрите кои играл во НБА било кога. Не освои никогаш прстен.