Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
goranpandev.com е само една нереализирана идеја од Еден дечко од Германија koj се вика Саша...

Еден период пробав нешто да издејствувам, но неуспешно... ќе пробам да контактирам пак со него, за да ми го даде веб стајот, барем за да го средиме, да го разработиме ...

Тој ме извести дека контактирал со Горан, но во тој периот (пред 3 години) Пандев не бил заинтересиран за web сајт.

Ќе ве известувам што ќе се случува...
 
bravo majstore, samo prodolzi taka, so sakam PANDEV da mu dade gol na milan ovaa sezona, ke ripam od sreka
 
Браво за Пандев, подобар е и од Роналдо и од Ибрахимовиќ и од Џерард и од Фабрегас....а полош од Кака и од Виља СПОРЕД ГОЛ.КОМ. :)
 
Фан рејтинг е ова...а со оглед на тоа дека највеке ние, Македонците, го посетуваме овој сајт секако дека Пандев ке е меѓу првите. : )
 
Пандев се скара со Делио Роси!!!
”Лут сум... Многу сум лут”, коментира нашиот најдобар фудбалер кој е разочаран од потегот на тренерот кој го повлече Пандев во 66. минута на гостувањето кај Каљари

pandev9.jpg
Лацио почнува да го присилува Горан Пандев. Струмичанецот вчера револтиран во 66. минута од средбата со Каљари кога беше повлечен од игра и кога крај аут линијата се искара со тренерот Делио Роси. Го соблече дресот и без поздрав замина во соблекувалната. Токму одлуката на Делио Роси го чинеше пораз тимот од Рим. Каљари во финишот дојде до победа од 1:0 иако домаќините од 55. минута играа со играч помалку.

“Лут сум....Многу сум лут. Нема ништо, нема нов договор. До јуни ќе биде вака!!!”, порачува Пандев пред полетувањето на неговиот тим кон Рим.

“Не сум повреден. Имав сили за цел меч и кога веќе се се намести ние да победиме бев повлечен, а во игра го ставија Бјанки. Ова не е фер....”, изјавува најдобриот стрелец на Лацио кој на досегашниот дел од шампионатот на Италија постигна 9 голови.

Дали ова е почеток на крајот на кариерата на Пандев во Лацио!? За очекување беше ваква реакција на римјаните кои во јуни би останале без Пандев, а би добиле ситна отштета. Фудбалерот според правилата на ФИФА за ситна сума може да си го откупи договорот, а се знае дека по него големите клубови почнаа да даваат од 20 до 30.000.000 евра. Римјаните сакаат Пандев да го продолжи договорот до 2011 година и со тоа би си осигурале добра отштета од продажбата на Пандев за кого Њукасл пред неколку дена најави дека ќе го донесе во своите редови уште во јунскиот преоден рок.

Е за ова мислев,кога викав дека што побрзо треба да најде клуб со шампионски дострели,а не да биде во клуб што е 3 бода далеку од последното место!Ни договорот не му понудуваат!
 
Не.Тие ке плачат да потпише нов договор само тој нема да сака и ке си отиде многу полесно со помала оштета.
Кога така сакаат така ке биде ,тие поставија правила он ке игра.

Браво Горанчо.
 
sigurno ke podpise nov dogovor - takva e politikata na klubot !
setete se so nedved ! isto ke bide i so goki !
pozZ
 
pandev e dobar kako fudbaler i kako licnost toj vo momentalno e najdobriot fudbaler vo makedonija mu posakuvam se najubavo vo karierata i daj boze da si odi od lazio da odi vo podobar klub GORAN PANDEV GORDOSTA NA STRUMICA
 
Многу ми се интересни вакви форумџии кои мислат дека се` знаат. Дали друже знаеш зошто се игра фудбал? Како можеш да кажеш дека головите кои ги дава се за џабе.

И примерот ти е катастрофален, секој знае дека Инзаги да играше во Лацио ќе беше никој и ништо, но играше во Јувентус каде милионска екипа му местеше голови, и секој денес на светот знае дека Пипо Инзаги нема три чисти од фудбал иако официјално е топ голгетер во лига на шампиони во историјата. За разлика од него, Пандев постигнува по 10 гола во сезона каде во среден ред ги имаш Ледесма, Мутарели, Манфредини и Бехрами, а тоа се играчи кои едвај топка водат. Камења се. Па ти сега види кој е поголем. И вистинските фанови и познавачи на фудбалот кои се објективни тоа ќе го признаат.

И викаш ништо нема освоено и со Лацио не може да освои... не ми текнува фудбалски пример, ама ми текна кошаркарски. Чарлс Баркли е еден од најдобрите кои играл во НБА било кога. Не освои никогаш прстен.

Па примерот со Инзаги што го кажуваш го потврдува токму тоа што ја го зборев цело време.Тоа е целата работа.Да Пандев најде соодведна квалитетна или како што викаш ти милионска екипа за да стане топ-голгетер,па и во ЛШ(иако реално Инзаги си е Инзаги)
 
Па примерот со Инзаги што го кажуваш го потврдува токму тоа што ја го зборев цело време.Тоа е целата работа.Да Пандев најде соодведна квалитетна или како што викаш ти милионска екипа за да стане топ-голгетер,па и во ЛШ(иако реално Инзаги си е Инзаги)
Најавите од Лотито се дека нема шанси да го продадат Пандевчо на лето,се очекуваат големи засилувања за поголема конкуренција од следната сезона така да мислам дека Пандев си е таму каде што припаѓа и каде што му лежи играта.Додека не се реши спротивно,да не му правиме преселби на човекот, си има тема ВО КОЈ КЛУБ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ ПАНДЕВ.
А за Инзаги...тоа не е играч што би можел да се споредува со Пандев, врска немаат еден со друг.
 
Пандев! Пандев! Пандев!
Шо убо голче му стегна сега...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom