Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Безвезе толкава прашина за Пандев кога на крај пак ке си остане во Лацио ...
 
Абе не да е безвезе, ама ај. Ни мачка очи овде изглеа, прочитавме дека пола фудбалска Европа го бара и пак ништо на крај ќе биде.
Само сепак, кој знае може ќе си го откупи договорот :toe:
 
Не смее да го напушти Лацио , ако отиде во Јуве вистина ли мислите ќе добие шанса покрај Дел Пиеро , Трезеге , Јакинта и Амаури нашиот Пандев? Па 1 меч дали ќе го стартува :toe:
Ливерпул да го ставаат со Торес и Џерард
Торес.....
.........Пандев
..Џерард?
Па нема смисла премиер лига плус ко што е искршен и научен на тоа Пиз*ењето Италианско ... 1 2 меча и истото ко Вороњин ќе им биде на Ливерпул
Потоа за сите огромни клубови исто вака да продолжиме нема да му најдеме место :toe:
 
Сепак, јас сè уште тврдам дека тој треба да го напушти Лацио и да отиде во друг клуб, бидејќи така сака и смета дека треба. Освои трофеј со Лацио, го достигна тоа рамниште и сега треба да оди на нешто поголемо. Секој друг фудбалер на негово место исто би постапил.

По најново, Пандев вели дека сака да отиде во Шпанија, но нема интерес од Шпански клубови. Да видиме понатаму...
 
Јас сум за Јувентус. Сепак редно е да го промени клубот, Јуве е голема екипа и треба да го искористи овој момент.
 
Пандев го обвинува Лотито за мобинг

10.07.2009
goran-pandev1.jpg
Горан Пандев
Mакедонскиот репрезентативец Горан Пандев се држеше по страна и не сакаше да реагира на заканите на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
Бидејќи психолошкиот притисок е неиздржилив, Пандев ангажирал адвокат, кој веќе ги застапувал играчите на Катанија во случајот "мобинг", односно малтретирање од страна на клубот.
Односите на релација Пандев - Лотито достигнаа точка на вриење. По заканите дека Лотито ќе го закова Пандев за клупата за резерви, притоа одбивајќи да разговара за понудите на Зенит и Јувентус, претседателот на Лацио би можел да се најде на суд.
Имено, играчот кој молчеше, пред се поради навивачите, одлучил да му се спротистави на првиот човек на "небесно сините"
На ред е адвокатот, поточно Матиј Грасан, човекот кој ги застапуваше фудбалерите, Пантанелиј и Биза, кој го обвинија клубот за „мобинг“.
Тогаш не им беше дозволено да тренираат, па мораа да ја напуштат Сицилија. Кај Пандев ситуацијата е поинаква, тој се подготвува, но трпи страшен психолошки притисок да го продолжи договорот кој му истекува следното лето.
„Газета дело Спорт“ шпекулира дека Пандев се договорил со Јувентус, и дека ова или следното лето ќе замине во Торино.
Ако тоа биде по 12 месеци, Лацио ќе остане со празни раце.
 
итаљанска работа..место сеа да си заработат добра пара на пандев следната сезона ке си го изгубат..во право е шо го тужи ја мислам
 
И јас се согласувам. Треба да ги тужи. Не смеат така да си играат со него. Тој беше и повеќе од коректен кон нив, бидејќи неговата плата беше сериозно помала отколку на останатите играчи и пак даваше максимум.

Сега работите се сменети. Ништо не му значи на Пандев дали ќе замине ова или следното лето, зашто дури и ако преседи цела сезона на клупата, ако веќе има пред-договор со Јувентус, тој ќе замине таму (се надевам дека тоа значи пред-договор: обврска на Јуве да го откупи Пандев кога ќе се погодат условите). А во меѓувреме, ќе тренира со останатите.

Е сега, претпоставувам дека на неговите колеги тоа нема да им биде премило, т.е. можеби ќе го гледаат накосо, ама во секој случај Пандев заслужува да замине од Лацио. Заслужува подобар третман, заслужува подобар клуб и заслужува подобра плата.

НАПРЕД ПАНДЕВ!!!!!
 
Пандев у Интер и крај на проблемите .. А јуве е слаб не му треба таков клуб .. :helou:
 
Ако Лацио ја прифати понудата а Пандев одбие, како во случајот со Зенит, сфарно е будала. Последен воз за излез од кашата му е, лига на која брзо и релативно лесно би се прилагодил, нов тим, нов живот, излез во Европа... Само да видиме дал паметно ќе изиграт сеа.
 
Каква клупа бе. Кој ќе им игра? Тие на пријателски го играат, не коа ќе им требаат бодови. Немаат толку сила да си играат. Ако остане ќе игра цела сезона.
 
Пандев сака да остане уште една година во Италија/но не во Лацио за да добие пасош.
 
Пандев поблиску до останување во Лацио, откако Лотито ја одбил и понудата на Лион
pandev-300-mak.jpg
Според пишувањата на Leggo стратегот на Лацио, Белардиони по разговорите со Клаудио Лотито одлучиле да продолжат да го убедуваат Горан Пандев за останување во Рим и во новата сезона. Како времето изминува се чини дека Пандев од ден во ден е се поблиску до останување во Лацио.
Лотито веќе постави услов до сите играчи што сакаат да заминат; тоа мора да го сторат до 1 август, денот кога се заминува за настап во Супер Купот на Италија, кој се игра во Пекинг на 8 август,
Leggo открива дека Лион, кој подолго време го следи Пандев, неодамна доставил понуда до Лацио вредна 15 милиони евра,
Но одговорот на Лотито веднаш бил НЕ, бидејќи претседателот на Лацио го цени Пандев околу 18 милиони евра.
Арсенал останува во игра за потписот на Горан но понудата на Топџиите е помала од онаа на Лион.
Доколку нема некои драстични промени Пандев ќе биде ’ново засилување’ на Лацио.
Откако ќе истече рокот поставен од Лотито, претседателот на Бјанкочелестите ќе се сретене со Пандев и ќе се обиде да го обнови договорот на напаѓачот кој истекува следната година и ќе биде вметната клаузула според која за 18 милиони евра било кој клуб ќе може да го ангажира Македонецот.
Доколку Пандев успее да пронајде нов клуб пред 1 август, Лацио има неколку алтернативи за негова замена меѓу кои Божинов и Круз.
 
Ама стварно незнам што му фали во Лацио:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom