Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде, има време до следната година. Ќе се најде решение.
Само не бидете престроги кон другите, бидете и малку самокритични.
Ако се прави нешто за подобрување на услугите во градов, еднакво треба да се направи и за односот на домашните туристи. Свеста кај народот треба да проработи. Кај сите.

И само ако се појави некоја ѕвездичка, долна цртичка, доларчиња, бранчиња или распеани рибарчиња од киноно со цел да ја расипе темава. Јас лично ќе почестам банови.
 
Јас ќе кажам дека бојкотов излезе со двојно негативна страна. Прво имаше десетина банови, карање, некултура итн... Бојкотов е самоуништувачки. Цел кајгана форум, се подели на поддржувачи и неподдржувачи на бојкотот. Не верувам дека ќе успее бојкотов. Зошто? Се додека не се прилагодат Преспа, Дојран и Струга за потребите за домашниот и странскиот туризам, Охрид ќе биде најпопуларно туристичко место. Друга работа, не би рекол дека ако се стави бојкотов на главна страна ќе се постигне нешто. Едниствено можно е да се постигне негативен ефект, а како што кажа Fortune наместо да се креваа бојкоти, да се поднесе петиција или што да е за подобрување на туризмот. Верувајте 95% од народот ќе биде прифатена петицијата и од мештаните и од луѓето надвор од Охрид, бидејќи се разбира сите сакаат нешто подобро.
 
Чисто реплика на аналитиката за бројките од бојкотот кој некој ја пиша вчера.

Ај малку ваква логика. Ако за два дена откако е ставен бројачот се пријавиле над 60 (што по логика значи минимум помножено со 4, затоа што никој нема да оди сам на одмор, туку со друштво), се доаѓа до бројка од 200-250 луѓе, кои во просек би потрошиле по 250 евра по човек, или 62.500 евра.

До сезона 2009 има уште едно 350 дена. 1000 луѓе колку евра беа, 250.000?

Понатаму, пресметувајте сами и играјте си аналитичари. Гласот брзо се шири, свеста брзо се менува.

И викајте пак "не идајте".
 
Јас ти израчунав дека ако продолжи да расте бројката овака ќе има околу 1250 луѓе кој нема да отидат во Охрид. Е сега нека бидат 1250*4 = 5000 луѓе. 5000*250 евра (се на се) = 1, 250, 000 евра. Во Охрид живеат приближно 42 000 луѓе, ако гледаш по стан, се рачунаат во просек 3 луѓе. 42 000/3 = 14 000 станови. Дали знаеш колку од нив држат апартмани под наем, да рачунаме пола од нив. 7000 * 10 соби * 3 луѓе = 210 000 луѓе може плус да собере, кои по човек трошат 250 евра 210 000 * 250 = 5,250,000 евра. Не би рекол дека 1,250,000 евра ќе значат нешто во споредба со оваа 42 пати поголема сума. И да значат нешто, дали сметаш дека тоа е позитивно? Дали сметаш дека поарно е да се депозитираат 1, 250, 000 (и повеќе) евра во странски држави или во Македонија?

Едит: Ова го сметам за цела сезона. Значи 210 000 луѓе што одат и што идат.
 
Тоа за кај ќе отидат парите треба да го сфатат и другите нели, треба и на нив да им биде важно. Кога ќе го сфатат, верувам дека односот ќе биде поинаков и гарантирано ќе си ги дуплираат, триплираат... приходите. Треба да сфатат дека не треба да се задоволат со приходите кои веќе ги остваруваат и туку така да си прават од готово - вересија, туку дека со малку труд и промена на свеста може многу, мнооогу повеќе да направат.

Искрено, се надевам дека брзо ќе дојде до позитивни случувања во охридскиот туризам. Младите охриѓани не треба да ја повторуваат грешката на нивните старци, туку треба да влијаат на нивната свест.
 
Јас ти израчунав дека ако продолжи да расте бројката овака ќе има околу 1250 луѓе кој нема да отидат во Охрид. Е сега нека бидат 1250*4 = 5000 луѓе. 5000*250 евра (се на се) = 125 000 евра.
Само "мала" корекција во математиката, си згрешил нешто.

5.000 х 250 евра се 1.250.000 евра.
(Со зборови: еден милион и двеста педесет илјади евра).
 
Поправено. Се сложувам дека треба да се развие свеста, но ако гледаме пак така, свеста кај луѓето од Дојран, Струга и Преспа е добра ? Зошто повторно сите одат во Охрид, кога свеста е поразвиена во Дојран, Струга и Преспа?
 
Јас ти израчунав дека ако продолжи да расте бројката овака ќе има околу 1250 луѓе кој нема да отидат во Охрид. Е сега нека бидат 1250*4 = 5000 луѓе. 5000*250 евра (се на се) = 1, 250, 000 евра. Во Охрид живеат приближно 42 000 луѓе, ако гледаш по стан, се рачунаат во просек 3 луѓе. 42 000/3 = 14 000 станови. Дали знаеш колку од нив држат апартмани под наем, да рачунаме пола од нив. 7000 * 10 соби * 3 луѓе = 210 000 луѓе може плус да собере, кои по човек трошат 250 евра 210 000 * 250 = 5,250,000 евра. Не би рекол дека 125 000 евра ќе значат нешто во споредба со оваа 42 пати поголема сума. И да значат нешто, дали сметаш дека тоа е позитивно? Дали сметаш дека поарно е да се депозитираат 1, 250, 000 (и повеќе) евра во странски држави или во Македонија?

Едит: Ова го сметам за цела сезона. Значи 210 000 луѓе што одат и што идат.
Позитивно е, затоа што треба да се извлече поука од бојкотот.
Штом толку луѓе ќе се откажат од Охрид за една година - нешто смрди. А тоа не е езерото, туку луѓето кои вадат леб од него.

Ако охридските туристички работиници продолжат со игнорантната политика (која во никој случај не е добра) и продожат да се коцкаат со нивниот бизнис со ставот „ак не ви чинит - не идајте“, тогаш едноставно ќе го продолжиме бојкотот и понатаму. Ако една година се 10.000 луѓе, наредната ќе бидат 20.000, годината после тоа ќе се мултиплицираат и тн... Па уште повеќе ќе треба да се вложи во промовирање на туризмот и оставање на добар впечаток, а секоја година ќе има дефицит од милиони во граѓаните на Охрид. Значи, не е баш мала работата. Сфатете ја сериозно.

За секој 1 негативен впечаток, потребни се 12 добри за да се смени генералното мислење.
Со секое немање тоалетна хартија во WC во Охрид, придонесувате за милионска загуба.

Добрата услуга надалеку се слуша, ама лошата уште подалеку.
 
Ван сезона Охрид има 2 пати поефтино такси од Скопје, е сега нормално да се зголемит цената, ама вие ко ке идате овде сакате да заштедите, ние требит да отвориме тема зато шо цело лето ги трпиме истите цени. Скопје на кеј порачав кафе, чекавме пола сат пред да стигнит и не беше ништо посебно, а беше 100 денари и ван сезона, мое мислење од тогаш не е дека сите скопски кафичи не чинет. Во вегера или така некако, продавачката ми упати еден убиствен поглед, шо морав да побрзам со нарачвење,Охрид барем гледаш насмеани фаци,па макар и да почекаш 5-10 мин шо ретко кога каснет и заборавет, па дури и за води. 7ца е супер хамбургерон ама е (беше сега не знам, можда е поголема разлиакта) 20 денари поскап од Охрид во сезона, хамбургер е и едното хамбургер е и другото. За крадењето - скопски таксиста ни побара 200 денари од автобуска до центар алооо, за 200 денари до Гранит возет охридскиве таксисти (на лето пази иначе е 120-150), а за Дајлан не е во ред ако лажат дека е во центар, можно е да ви имет речено покрај езеро - не е лажење туку снаодливост :). Сепак и Далјан не е далеку за разлика кај мојш Скопје да се загубиш. Искрено не го разбирам плачењето на овие 80 страни...
 
Добрата услуга надалеку се слуша, ама лошата уште подалеку.

Е за ова ти зборев форчн, без разлика дали тебе тие на прв поглед абсурдно или не , ама вака размислува мнозинството од населението, знам дека не е фер спрема тебе, ама во пракса така излегува.

Корун остај го сега скопје за друга тема, скопје е башка приказна која треба трипати подобро да се обработува за да се отстранат некои навистина лоши елемнти кои ги има скопје.
 
Ван сезона Охрид има 2 пати поефтино такси од Скопје, е сега нормално да се зголемит цената
А зошто да се зголеми?

Воопшто не е нормално. Ако му се исплати вон сезона да вози по таа цена и да има заработка, во лето наместо да ја качи дупло, нека ја остави истата. Така, туристите ќе бидат задоволни, нема да се плашат да се возат со такси и да ги избегнуваат, а таксистите ќе имаат десетпати повеќе тури и повеќе заработка. И - сите задоволни и среќни.
 
Е за ова ти зборев форчн, без разлика дали тебе тие на прв поглед абсурдно или не , ама вака размислува мнозинството од населението, знам дека не е фер спрема тебе, ама во пракса така излегува.
Ќе се цитирам сам еве пак
Поправено. Се сложувам дека треба да се развие свеста, но ако гледаме пак така, свеста кај луѓето од Дојран, Струга и Преспа е добра ? Зошто повторно сите одат во Охрид, кога свеста е поразвиена во Дојран, Струга и Преспа?

И да поправите таму е 52,500,000 милиони евра.

Ако 52,500,000 евра е 100% од приходот тогаш 1,250,000 евра се само 2,38095%.
 
Ван сезона Охрид има 2 пати поефтино такси од Скопје, е сега нормално да се зголемит цената, ама вие ко ке идате овде сакате да заштедите, ние требит да отвориме тема зато шо цело лето ги трпиме истите цени. Скопје на кеј порачав кафе, чекавме пола сат пред да стигнит и не беше ништо посебно, а беше 100 денари и ван сезона, мое мислење од тогаш не е дека сите скопски кафичи не чинет. Во вегера или така некако, продавачката ми упати еден убиствен поглед, шо морав да побрзам со нарачвење,Охрид барем гледаш насмеани фаци,па макар и да почекаш 5-10 мин шо ретко кога каснет и заборавет, па дури и за води. 7ца е супер хамбургерон ама е (беше сега не знам, можда е поголема разлиакта) 20 денари поскап од Охрид во сезона, хамбургер е и едното хамбургер е и другото. За крадењето - скопски таксиста ни побара 200 денари од автобуска до центар алооо, за 200 денари до Гранит возет охридскиве таксисти (на лето пази иначе е 120-150), а за Дајлан не е во ред ако лажат дека е во центар, можно е да ви имет речено покрај езеро - не е лажење туку снаодливост :). Сепак и Далјан не е далеку за разлика кај мојш Скопје да се загубиш. Искрено не го разбирам плачењето на овие 80 страни...
Апсолутно пријателе. Се сложувам и го разбирам твојот револт.
На кеј цените треба да бидат пониски, a за 7-ца веќе имаше еднаш петиција. За негативните работи не треба да се молчи, ама не треба ни да се води инает инспириран исклучиво од локал-патриотистички побуди.
 
Ќе се цитирам сам еве пак


И да поправите таму е 52,500,000 милиони евра.

Ако 52,500,000 евра е 100% од приходот тогаш 1,250,000 евра се само 2,38095%.

Јахутерминал, мене тоа кој колку пари ќе добие или изгуби ама воопшто не ми е важно бидејќи тој што ќе добие или изгуби не сум јас. Мене тоа што ме интересира како македонец е угледот кој го има охрид.
 
Позитивно е, затоа што треба да се извлече поука од бојкотот.
Со секое немање тоалетна хартија во WC во Охрид, придонесувате за милионска загуба.

Добрата услуга надалеку се слуша, ама лошата уште подалеку.
Коректно, точно е дека треба да се извлечат поуки од недостатоците. Дотолку подобри поуки ќе се извлечат доколку тој што сака да поучи навистина се грижи за: подобрување на услугата> лична придобивка од подобрувањето> глобално задоволство од подобрувањето.

Не слушнав ништо за добрата услуга Ацид. Се што прочитав е Бојкот.

А зошто да се зголеми?

Воопшто не е нормално. Ако му се исплати вон сезона да вози по таа цена и да има заработка, во лето наместо да ја качи дупло, нека ја остави истата. Така, туристите ќе бидат задоволни, нема да се плашат да се возат со такси и да ги избегнуваат, а таксистите ќе имаат десетпати повеќе тури и повеќе заработка. И - сите задоволни и среќни.

Повторно коректно. Крајно, и да е повисока за некој процент во сезоната (од за некого разбирливи причини, крајно реков) , јас сум за тоа да СИТЕ таксисти мора да залепат ценовници на вратите кои ќе важат за СИТЕ како и телефон за поплаки доколку некој не се придржува до цените или одбие да вози ради краткото растојание (?!). Ти зборував за примерот од Букурешт или не? Ако не, ќе го кажам, да не должам сега.

Блиц расказ од Скопје: Влегувам во такси кај Фреш, влегувам во првото во редицата (за да почитувам ред на чекање) иако автомобилот беше во полоша состојба од тој позади него. Недела, претопло време, сакав да се спасам од можен топлотен удар и иако живеам блиску, сакав да се возам со такси до дома и да си платам колку што треба (50 денари, реално). Кога му кажав дестинација на господинот, ме погледна и ми рече: "Ех, за толку кратка релација не возам, види овој позади мене дали ќе сака". Помалку зачуден, бидејќи периодот од денот не ветуваше полни раце работа за таксистите, само му реков: "Во ред, пријатно"; влегов во таксито позади, му кажав дестинација и ме донесе до дома.

Ако некој не ги сака моите пари, немора да ги заработи. Ама не повикав на бојкот на Скопје заради случајот. Нити започнав кампања која ќе го осиромаши главниот град, и така натака и така навака...

Во вегера или така некако, продавачката ми упати еден убиствен поглед, шо морав да побрзам со нарачвење,Охрид барем гледаш насмеани фаци,па макар и да почекаш 5-10 мин шо ретко кога каснет и заборавет, па дури и за води. 7ца е супер хамбургерон ама е (беше сега не знам, можда е поголема разлиакта) 20 денари поскап од Охрид во сезона, хамбургер е и едното хамбургер е и другото. За крадењето - скопски таксиста ни побара 200 денари од автобуска до центар алооо, за 200 денари до Гранит возет охридскиве таксисти (на лето пази иначе е 120-150)

Не сакав и сеуште не сакам да го споредуваме Охрид со други примери за да се оправдаат постоечките недостатоци, ама читајќи ве човек ќе добие впечаток дека зборува со луѓе од Бора Бора или Акапулко (рандом замислени утописки места).

И чудно ми е... Јас ги знам добрите страни и маните од двата градови во кои живеам. Flaws има секаде. Поентата е дали ќе се фокусираме само на нив и ќе си ја превземеме одлуката на воспитувач и казнувач на грешните души на некое виртуелно ниво, или казната ќе ја направиме на лице место: во кафаната која не не услужува добро, во собата во која нема тоалет хартија (ма дај :) ) или во таксито кое не сака да не вози до посакуваната релација.

Некој да не ме разбере погрешно: Не ни споменувам нешто како: Скопје живее од мене. Не повикувам на бојкот на Скопје и заради погледите во вегера (милката од 80 денари), такси хаосот (сејм), коњакот во Колосеум (фантата од 50 денари) и ред други примери; од инат да одите на студии во Битола, Прилеп, Штип, Охрид, Струга, Тетово и уште неколку градови каде ќе се отворат факултети... Со инат ќе стигнеме само до Свирипичино, предградието на личното уништување во егоцентричниот сончев систем - што според мене, не е во ред.

Не замижувајте пред овие работи, on the other hand - вашите пари и достоинство вредат онолку колку ВИЕ ќе оцените. А тој што не ги почитува, ќе разбере сам со тек на време, доколку сме доволно (само)критични.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom