Позитивно е, затоа што треба да се извлече поука од бојкотот.
Со секое немање тоалетна хартија во WC во Охрид, придонесувате за милионска загуба.
Добрата услуга надалеку се слуша, ама лошата уште подалеку.
Коректно, точно е дека треба да се извлечат поуки од недостатоците. Дотолку подобри поуки ќе се извлечат доколку тој што сака да поучи навистина се грижи за: подобрување на услугата> лична придобивка од подобрувањето> глобално задоволство од подобрувањето.
Не слушнав ништо за добрата услуга Ацид. Се што прочитав е Бојкот.
А зошто да се зголеми?
Воопшто не е нормално. Ако му се исплати вон сезона да вози по таа цена и да има заработка, во лето наместо да ја качи дупло, нека ја остави истата. Така, туристите ќе бидат задоволни, нема да се плашат да се возат со такси и да ги избегнуваат, а таксистите ќе имаат десетпати повеќе тури и повеќе заработка. И - сите задоволни и среќни.
Повторно коректно. Крајно, и да е повисока за некој процент во сезоната (од за некого разбирливи причини, крајно реков) , јас сум за тоа да СИТЕ таксисти мора да залепат ценовници на вратите кои ќе важат за СИТЕ како и телефон за поплаки доколку некој не се придржува до цените или одбие да вози ради краткото растојание (?!). Ти зборував за примерот од Букурешт или не? Ако не, ќе го кажам, да не должам сега.
Блиц расказ од Скопје: Влегувам во такси кај Фреш, влегувам во првото во редицата (за да почитувам ред на чекање) иако автомобилот беше во полоша состојба од тој позади него. Недела, претопло време, сакав да се спасам од можен топлотен удар и иако живеам блиску, сакав да се возам со такси до дома и да си платам колку што треба (50 денари, реално). Кога му кажав дестинација на господинот, ме погледна и ми рече: "Ех, за толку кратка релација не возам, види овој позади мене дали ќе сака". Помалку зачуден, бидејќи периодот од денот не ветуваше полни раце работа за таксистите, само му реков: "Во ред, пријатно"; влегов во таксито позади, му кажав дестинација и ме донесе до дома.
Ако некој не ги сака моите пари, немора да ги заработи. Ама не повикав на бојкот на Скопје заради случајот. Нити започнав кампања која ќе го осиромаши главниот град, и така натака и така навака...
Во вегера или така некако, продавачката ми упати еден убиствен поглед, шо морав да побрзам со нарачвење,Охрид барем гледаш насмеани фаци,па макар и да почекаш 5-10 мин шо ретко кога каснет и заборавет, па дури и за води. 7ца е супер хамбургерон ама е (беше сега не знам, можда е поголема разлиакта) 20 денари поскап од Охрид во сезона, хамбургер е и едното хамбургер е и другото. За крадењето - скопски таксиста ни побара 200 денари од автобуска до центар алооо, за 200 денари до Гранит возет охридскиве таксисти (на лето пази иначе е 120-150)
Не сакав и сеуште не сакам да го споредуваме Охрид со други примери за да се оправдаат постоечките недостатоци, ама читајќи ве човек ќе добие впечаток дека зборува со луѓе од Бора Бора или Акапулко (рандом замислени утописки места).
И чудно ми е... Јас ги знам добрите страни и маните од двата градови во кои живеам. Flaws има секаде. Поентата е дали ќе се фокусираме само на нив и ќе си ја превземеме одлуката на воспитувач и казнувач на грешните души на некое виртуелно ниво, или казната ќе ја направиме на лице место: во кафаната која не не услужува добро, во собата во која нема тоалет хартија (ма дај

) или во таксито кое не сака да не вози до посакуваната релација.
Некој да не ме разбере погрешно: Не ни споменувам нешто како: Скопје живее од мене. Не повикувам на бојкот на Скопје и заради погледите во вегера (милката од 80 денари), такси хаосот (сејм), коњакот во Колосеум (фантата од 50 денари) и ред други примери; од инат да одите на студии во Битола, Прилеп, Штип, Охрид, Струга, Тетово и уште неколку градови каде ќе се отворат факултети... Со инат ќе стигнеме само до Свирипичино, предградието на личното уништување во егоцентричниот сончев систем - што според мене, не е во ред.
Не замижувајте пред овие работи, on the other hand - вашите пари и достоинство вредат онолку колку ВИЕ ќе оцените. А тој што не ги почитува, ќе разбере сам со тек на време, доколку сме доволно (само)критични.