Ај добар ви ден на сите!
Машала. 80 страни. Очи ми истекоа од читање, алал да ви е.
Читајќи на многу наврати ми дојде да истакнам некои мислења, ама ќе требаше да излезам од рамките на своите принципи, култура и достоинство. А не ми е својствено тоа. Колку само навредувачки и понижувачки генерализации прочитав, тоа е чудо. Многумина тука не внимавале како се изразуваат.
Секакви работи си изначитав. Од толку многу муабети не знам што конкретно пречи - еден се буни за односот на охриѓани кон туристите, друг се буни за лошите услови по куќите и становите, трет се буни за цените, четврти за услугата по рестораните и кафулињата...
Генерално, се` ви пречи. И зошто ви пречи? Бидејќи сте биле на едно-две места, комшијата на газдите накриво ве погледнал, перницата не ви била доволно мека, скапо ви било едно кафе од 70 денари, келнер заборавил во гужвата да ви донесе вода...
Ајде ќе се обидам да се ставам на место на турист, малку нема да бидам охриѓанка. Парите не ми се проблем, друштвото ми е погодено, сум одлучила да одам на летување. Си барам сместување преку луѓе што ги познавам и кои знам дека ќе ми најдат нешто што знаат дека ќе ми се допадне. Ќе си кажам претходно до колку пари да бара, ќе си ги набројам условите. Нема да оставам на тоа да ме дрпаат точкаџиите и да ми нудат сместување од 300 денари убедувајќи ме дека куќата му е во центар, а ме носи во населба Даљан (и притоа цело време ми дрда нешто за да не забележам колку далеку одиме придружено со „еве уште малку, само уште малку, ене кај ќошето“).
Сместувањето ми е обезбедено. Со самото тоа газдите се добри, собите чисти, вецеата со сапуни и тоалетни. И што уште не.
Пред да стапнам во Охрид ќе си обезбедам соба каква што си сакам.
Е, цените. Искрено, побрзо би платила 100 денари кафе во Ликвид на платформа, каде што можам да си ги брцнам нозете во вода додека уживам во глетката, отколку да платам 100 денари во Скопје на кеј. Не сите, знам, но јас посебно уживам во природата и нејзините убавини. За мене ништо не е блиско за споредба со мирисот кој се шири покрај вода, звукот што го прават брановите, бистрината на водата, рипките кои си пливаат, камчињата кои фатиле алги, планините што го опкружуваат езерото, кајчињата и бротчињата што си пловат. А за вечерна глетка да не прам муабет. Сето тоа да го гледам ми вреди мнооогу повеќе од 70 денари макијато. И 80 нека е. И 100.
И ич не ми е гајле дали ќе ми го донесе кафето после 5 или 15 минути. Може малку да сум понеспокојна ако ептен сум жедна и ми се пие студено пиво, ама ќе си запалам цигара и ќе уживам. Ќе донесе, кај ќе оди?
Уживајте бе луѓе, премногу се оптеретувате и сакате мани да наоѓате. Сте отишле на одмор да се олабавите, не за да се замарате.
Услугата по ресторани и кафичи. Мене секаде ме пречекувале и служеле убаво. Никој не ми се однесувал шалабајзерски. Во ред, можеби некогаш се погодило да е понервозен тој што ме служи, ама сигурно било многу ретко и затоа не се сеќавам на конкретен случај во моментов. Особено по рестораните персоналот е крајно културен, гостопримлив, љубезен. По кафичите можеби може да се најде некој надуен, но јас не ги забележувам. Или па не се движам по такви места. А летно време тука не се знае кој е од Охрид, а кој е турист па да речеш поразлично се однесуваат со мене бидејќи сум од градов, а поинаку со некој дојден од страна.
Јас се согласувам со сите дека има места со лоша услуга, лошо однесување. Ќе речам дека секаде го има тоа, иако не е никакво оправдување. Ама најбитното што сакам да го истакнам е - реков дека колку што се сложувам со бојкотот, толку и не се сложувам. Бојкот не е решение според мене. Плус, заради некои луѓе што не знаат да се однесуваат, немаат елементарна култура, се однесуваат како градов да е нивни, дрски се и невоспитани, зарем оние другите се должни да трпат?
Размислете малку вака, ќе дадам едно субјективно коментарче. Јас не ги делам туристите на „скопјани“ и „сите други“. Ако јас издавам соби, сум одличен домаќин кон сите, ако кај мене сите потребни услови се исполнети за туристите да се задоволни, ако сум љубезна и културна со сите, се трудам што повеќе туристи да си одат задоволни и да го препорачуваат градов како место каде што може да се има убав одмор, дали јас заслужувам да ме бојкотира некој? Ако сум заслужила, бујрум, бојкотирајте ме. Ама мене. Зошто сите оние прекрасни луѓе што се мили и одлични домаќини да трпат заради мене? Зошто човекот што му помогнал на Кенгур да нема другата година скопјани, а бил толку љубезен? Познавам прекрасни луѓе, знам каде има убаво сместување, не би сакала тие да трпат заради другите.
Ако се мава по нешто, нека се мава по тој што е виновен. Тоа е праведно и фер. Од оваа гледна точка не се согласувам со бојкотот.
Ако некој не бил добро услужен во Наполеон, нека го бојкотира. Ако некој келнер од Момир сакал да ве измами со сметката, бојкотирајте го ресторанот. Немојте на други да им го земате акот.
Да, можам да тврдам дека во градов многу работи се променети од порано. Се разбира, има уште недостатоци, но полека се средуваат. Не може веднаш, за тоа е потребна помош и од туристите, не само од луѓето од Охрид. Нели градов е наш, македонски, на Македонците? Зошто да не помогнеме сите туризмот да биде уште подобар? Тоа е во корист на сите.
Многу ми е криво што темава допринесе да се развијат непотребни конфликти, иронии, сарказми, пцуења, навреди, закани, банови, омраза и што уште не. Смирете се сите, нема потреба од вакви работи. Паметни сме, цивилизирани и возрасни. Децата што сакаат да скокаат на темава нека одат да скокаат покрај езеро на надуваните замоци. И прекинете со детски муабети и мене веќе ми дојде преку глава „ак не ви чинит - не идајте“. Иако и јас сум ја употребила таа фраза тука на форумов (не за Охрид, туку за Кајгана), ама вие како папагали некои повторувате и досадни сте.
kgn.Lucifer напиша:
И БЛАГОДАРАМ за понудата ама сепак боље ке останам во Скопје одколку во скапаниот Охрид да јадам Хамбургер!
На што ти личи муабетов? Дали Серпико ти се обрати културно? И се понуди да те чести хамбургер, а ти како збеснат му реплицираш. За срамота, невоспитан еден.
Како на ваков гаден епитет треба јас да реагирам? Тргнувајќи од тоа дека премногу го сакам градов и би сторила што е во моја можност за луѓето што ме запознале да имаат позитивни чувства за градов и охриѓани?
И уште еднаш како најдобронамерна порака:
Децата што сакаат да скокаат на темава нека одат да скокаат покрај езеро на надуваните замоци.
Мислам дека 50 или 100 денари е еден час скокање.
Сигурно имав уште нешто да додадам, ама ај доста е.