@wot ,
@џимеј
Која моќ ја имате да соголите еден филм до срж и да разбиете митови за него со логички пристап и факти. Свака ви дала.
Многупати овде се случува некој филм да биде масовно хејтан или масовно обожуван. Не може да се протне спротивно мислење или да се има некоја средина без истото да биде проследено со критика. Ваљда се работи за некој ефект на масовно следење на трендови и носење на заклучоци за некој филм базирано на она што мислат другите за него, наместо сопствено расудување. Сигурен сум дека од ова може да се направи еден добар експеримент за тоа како се оформува мислење и вкус за "нештото" (во овој случај филм) врз база на тоа што мислат другите за него.
Па така се дигаат до небеса просечни филмови, актери, режисери, музичари, песни, албуми, писатели, адвокати, економисти, физичари, научници, астрономи, брендови на пијалак, на технологија, парче облека, стил, девојка/дечко во друштво... и обратно. Ќе се расчуе добар глас за нештото и останатото е copy of a copy of a copy без притоа да се излезе out of the box и да се искаже сопственото мислење за "нештото" плашејќи се од осудување или од некои други причини. И ова е глобален проблем во сите сфери на општеството.
Ете ќе признаам дека и јас ќе потпаднев под истото и ќе го воздигнував филмот како нешто до сега не видено поради цел тој хајп што беше направен. Ама... После вашата дискусија овде веќе не можам да го гледам исто, затоа што се што напишавте е на МЕСТО. Оваков филм не може, и не смее да се гледа како нешто повеќе од просек. Од мене добива една скромна 6ка.