GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
знаете што се 1-2 филмови вие воопшто?
Меган Фокс во Џениферс Боди, и Меган Фокс во Џона Хекс, и Меган Фокс во ТМНТ и технички сите филмови на Меган Фокс.
Женската љубомора проработе.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.857
Е кој го оцрнува бе? Сите го фалат, плус и оскар ќе добие за најбољи филм.
Па @џимеј и @wot . Ги читаш?[DOUBLEPOST=1519428327][/DOUBLEPOST]
знаете што се 1-2 филмови вие воопшто? Меган Фокс во Џениферс Боди, и Меган Фокс во Џона Хекс, и Меган Фокс во ТМНТ и технички сите филмови на Меган Фокс. Не заебавајте, 1-2...
И Pitch Perfect 2 и 3. И 90% од филмовите со Зак Ефрон, Бен Стилер, Адам Сендлер и Овен Вилсон. Плус и 50 Shades of Shit, Bad Moms, Bad Dads и 100 други Bad Things. И порничот за елоквентни на Гаспар Ное. :coffee:
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
@wot , @џимеј
Која моќ ја имате да соголите еден филм до срж и да разбиете митови за него со логички пристап и факти. Свака ви дала. :cuc: :D
Многупати овде се случува некој филм да биде масовно хејтан или масовно обожуван. Не може да се протне спротивно мислење или да се има некоја средина без истото да биде проследено со критика. Ваљда се работи за некој ефект на масовно следење на трендови и носење на заклучоци за некој филм базирано на она што мислат другите за него, наместо сопствено расудување. Сигурен сум дека од ова може да се направи еден добар експеримент за тоа како се оформува мислење и вкус за "нештото" (во овој случај филм) врз база на тоа што мислат другите за него.
Па така се дигаат до небеса просечни филмови, актери, режисери, музичари, песни, албуми, писатели, адвокати, економисти, физичари, научници, астрономи, брендови на пијалак, на технологија, парче облека, стил, девојка/дечко во друштво... и обратно. Ќе се расчуе добар глас за нештото и останатото е copy of a copy of a copy без притоа да се излезе out of the box и да се искаже сопственото мислење за "нештото" плашејќи се од осудување или од некои други причини. И ова е глобален проблем во сите сфери на општеството.
Ете ќе признаам дека и јас ќе потпаднев под истото и ќе го воздигнував филмот како нешто до сега не видено поради цел тој хајп што беше направен. Ама... После вашата дискусија овде веќе не можам да го гледам исто, затоа што се што напишавте е на МЕСТО. Оваков филм не може, и не смее да се гледа како нешто повеќе од просек. Од мене добива една скромна 6ка.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Оваков филм не може, и не смее да се гледа како нешто повеќе од просек.
А под?
Како на пример, не знам, 2/10?

Иначе, секоја чест за твојот open-mindedness, мислам, разбирам ако не сфатиш некој филм и после читање да смениш мислење, ама во драма кај што све е јасно, после читање на негативни критики да го смениш мислењето е taking it to the next level. Види расчитај и некоја критика на оние што го оцениле со 9, 10 на имдб, може пак ќе го смениш мислењето.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.764
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
А под?
Како на пример, не знам, 2/10?

Иначе, секоја чест за твојот open-mindedness, мислам, разбирам ако не сфатиш некој филм и после читање да смениш мислење, ама во драма кај што све е јасно, после читање на негативни критики да го смениш мислењето е taking it to the next level. Види расчитај и некоја критика на оние што го оцениле со 9, 10 на имдб, може пак ќе го смениш мислењето.
Тоа мислам дека е повеќе од револт кон 9 и 10, него реална оценка за истиот. Ама сепак нека си потврди тој што си го оценил така.
Сигурно дека нема да ми променат мислење за 180 степени, но ете со нивниот пристап во дискусијава успеаа да ги доловат одлично сите недостатоци и дупки што ги има филмот, доволно за мене да му симнам оценка. И оваа 6кава далеку е од лоша оцена по мои критериуми. И онака ги оценувам филмовите од 1-10, за разлика од @Corvus што најчесто ги рејтува 5-10, па секакви лимонади и добиваат 8че. :D
Него, ете ти му имаш дадено 5 ѕвездички (машала), што е права реткост за тебе. Каде се аргументите да ја поткрепиш истата? Џимеј и њот тука реферати се изнапишуваа. Камо сте вие со 9/10 да кажете збор-два? Освен Злате со некоја статистика таму од IMDB/Rotten Tomatos, каде му е сеа хајпната оценката и после еуфоријава сигурно ќе му падне некаде на 7, ништо друго не прочитавме. Ако беше за читање критика од IMDB/Letter и останати сајтови, чуму постои форумов?
Нели и затоа е отворена темава, да дискутираме импресии за филмов, а не за тоа кој што прави во Петок навечер. :P
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Пошто и јас давам 10ки на лимонатчиња нема што аргументи да давам, само трилери се добри филмови и за нив се резервирани високите оценки. (y)

А актери ко Френсис, Сем, па и Вуди ако ви се просек па некој ги величел без потреба ... еве, не знам.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Каде се аргументите да ја поткрепиш истата? Џимеј и њот тука реферати се изнапишуваа. Камо сте вие со 9/10 да кажете збор-два?
Па не мора да се изнапишувам реферати за да оправдам филм што многу ми се допаднал. Не мора да му правам анализа (лол па зошто сум тогаш тука!?). Не сум доволно елоквентен.
Едноставно сум се чувствувал убаво додека сум го гледал, ми бил константно интересен, ми се допаднала глумата, дијалозите, поентата, пораката...
На вот веќе му одговорив, работите кои него му биле апсурдни, наивни, очајно кокетирање и слично, јас не ги забележав и/или пак напротив, ми се допаднаа.
Ако беше за читање критика од IMDB/Letter и останати сајтови, чуму постои форумов?
Не ми ги извртувај зборовите. Не викам дека постоењето на форумов е небитно. Таму може ќе најдеш постручни критики.
Ти и онака си open minded, чуму само од овие две анализи овде да го смениш мислењето за филмот?
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Па не мора да се изнапишувам реферати за да оправдам филм што многу ми се допаднал. Не мора да му правам анализа (лол па зошто сум тогаш тука!?). Не сум доволно елоквентен.
Си ја гледаш ли иронијата во постот?
Никој не е елоквентен овде и филмски образован на тоа ниво за да даде издржана критика. Освен Џимеј донекаде, сите сме лаици за филм и си коментираме онака од ентузијастички пориви, и се обидуваме да си го поткрепиме субјективното мислење со некаква си логика према која сме се воделе и сме го оформиле. И не мора да е тоа секогаш точно, субјективно е. ЈБГ. Секој си го гледа на различен начин. Битно е да се оформи една квалитетна дискусија, а не да си ги мериме за десети теми и лично да се напаѓаме. Филм е, не е политика.
И сега, кога нели ете отворена е дискусијава и се поставува едноставно прашање, одговорот е: " Онака бе пеер. Ми се свиѓаше. арен беше. Не ме умарај сеа. Кој фактор си да ти се исповедам тебе зошто сум му дал 10. Така ми паднало. Ако ти се чита, оди читај таму на ИМДБ што мисли некој филмски критичар, он ќе ти појасни."
Ако не отворете една анкета горе со некои овакви понудени одговори па да се преброиме.

  • Мастерпис. Тргнав да убивам педофили.
  • Топ е, браааат. Ќе се прошета на оскарите.
  • Абе знаеш, не е врх-врхова. Ама филм со Френсис, Сем и Вуди не може да биде просек.
  • Просек. Само за оние поднапиените во Петок навечер.
  • Retardiran Hallmark film.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom