Генерална дискусија за ЕП 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои ЕП во ракомет во Полска?


  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
@Xsago
За една работа не би се сложил, а тоа е пласманот на Германија и пласманот на Словенија, германците имаат неколку повредени играчи, не знам зошто си ги типувал толку високо дека ќе стигнат, мислам не се ич за потценување тие што се викнати во тимот ете и на СП во Катар покажаа дека имаат доста талентирана генерација, ама сепак мислам дека до толку високо не би догурале.
Мислам дека ќе има изненадувања ова првенство, доста интересно ќе биде.

Германците се толку високо повеќе затоа што нема друг избор отколку затоа што имам високо мислење. Иницијално ја имав Словенија таму, но мислам дека повредата на Доленец ќе биде фатална за нив. Тие и онака имаат огромен поблем со недостиг на шутери, па во ситуација кога им се повреди единствениот поквалитетен десен бек и веројатно втор најдобар шутер после Мачковшек навистина сум загрижен за нивните офанзивни можности. А Словенија е екипа која мора офанзивно да победува секако не може да биде доминантна во одбрана макар и со Вујо.

Генерално нема некоја особена разлика меѓу Германија, Шведска, Унгарија и Словенија. Ама заради сплетот на групите, некој од нив ќе мора да заврши 5-6, а еден 13ти. И по повредата на Доленец ја поместив Словенија од 6то на 13то, а Германија, Унгарија и Шведска отидоа по едно погоре.

Во принцип освен Шпанија, Данска и некоја од послабите екипи како Норвешка, Црна Гора, па можеби и Македонија мислам дека сите останати се доста ослабени од она што можат да бидат - без разлика дали од повреди или од форма. Првенството пружа можности за доста изненадувања.
 
Ај некој поупатен нека ми каже кој од Гајиќ и Маргуч игра стартна (ми треба за да играм стрелец у кладилница :)). Исто кажете ми дали Дибиров ги изведува седмерците за Русија.
 
Ај некој поупатен нека ми каже кој од Гајиќ и Маргуч игра стартна (ми треба за да играм стрелец у кладилница :)). Исто кажете ми дали Дибиров ги изведува седмерците за Русија.

Гајич не ни беше повикан за ЕП, влета после повредата на Доленец. Не се во најдобри односи со Вујо, повеќе го преферира Маргуч.

Дибиров изведува пенали за Русија, но често знае да промаши и да биде сменет за пеналите.
 
ЕХФ му го расипа меракот на шведскиот капитен - не смее да носи капитенска лента во боите на геј заедницата!

Тобијас Карлсон е капитен на ракометната репрезентација на Шведска и на националните натпревари носи интересна капитенска лента која е обоена во боите на виножитото, кое претставува заштитен знак на заедницата на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансексуалците.

Сепак, боите на виножитото нема да можат да ја красат капитенската лента на Карлсон за време на Европското првенство во Полска, бидејќи на последниот состанок на челниците на ЕХФ пред континенталниот собир беше донесен правилник за спортската опрема на репрезентациите.

Според истиот, капитенската лента се смета за дел од спортската опрема и истата мора да биде обоена во само една боја и тоа во боја која е застапена на знамето на државата на оној ракометар којшто ја носи. Истото важи и за чорапите или дресовите со долги ракави кои мора да бидат во боите на државата и сите ракометари да бидат исто облечени.

Карлсон често беше во центарот на медиумското внимание, а во минатото изјавуваше дека не е член на ЛГБТ заедницата и дека оваа лента ја носи во знак на поддршка кон нивното движење.

Шведска на ЕП во Полска ќе се натпреварува во групата Ц, заедно со Германија, Шпанија и Словенија.

Tobijas-Karlson1-300x200@2x.jpg


Капитените на Норвешка и Исланд со поддршка до Шведска

CYxL3hmWwAE8M_S.jpg



Инаку овој дел...

Истото важи и за чорапите или дресовите со долги ракави кои мора да бидат во боите на државата и сите ракометари да бидат исто облечени.

Ние и Французите попивме казна од 500 евра ради носење на различни чорапи во првиот натпревар што го игравме :LOL:
 
Нели имаме повеќе играчи? :icon_mrgr:
Македонија: Деки Бој, Столе, Вилипче
Хрватска: Карачиќ, Циндриќ
Србија: Абутовиќ, Марсениќ
Русија: Шишкарев, Горбок, Дибиров
Шпанија: Македа, Штербик, Душебаев

Ако знам да бројам, тоа се 13 играчи :icon_mrgr:
 
Изгледа го заборавија овие од ЕХФ Циндриќ кој не беше завчера во составот поради повреда. Толку им е знаењето и нив. :icon_mrgr:
 
Нели имаме повеќе играчи? :icon_mrgr:
Македонија: Деки Бој, Столе, Вилипче
Хрватска: Карачиќ, Циндриќ
Србија: Абутовиќ, Марсениќ
Русија: Шишкарев, Горбок, Дибиров
Шпанија: Македа, Штербик, Душебаев

Ако знам да бројам, тоа се 13 играчи :icon_mrgr:
Пошто Википче и он се пола играчи, ваљда ги собрале 0,5+0,5=1. Ебате математичарот :tapp:
 
Na internet ima li nekoj live streaming da se gledaat natprevarite vo zivo ?

Na koj satelitski kanali moze da se gledaat ?
 
Na internet ima li nekoj live streaming da se gledaat natprevarite vo zivo ?

Na koj satelitski kanali moze da se gledaat ?
На Лаола ги има сите во живо, а и не прави проблеми за европсково, нема да ти треба Хола или слична работа, само уклучи и гледај :D
 
Рак на уши фатив од Зоки Кастратовиќ.
 
Калински: Се обиде Ндезбо со ВРТИМУШКА :vozbud::vozbud::pos::pos::pos:
 
Иначи Никола Маркоски има шанси да се врати во игра за некој од следните натпревари или целосно отпаѓа од комбинација?
 
Back
На врв Bottom