RickyLFC9
Модератор
Хабсбуршката монархија и нејзиниот систем на владеење има оставено простор на германските гратчиња да се развиваат многу поефикасно економски. Затоа кај нив се развива буржоаската класа, засилена трговија и гилди, и стануваат економски најспособни во Европа бидејќи разбираат како да искористат ресурси за да остварат прогрес. Имаат право на учество и збор во политиките на државата (претежно внатрешните). Ова им овозможува прогрес бидејќи луѓето кои ги носат политиките во државата се токму тие кои ја движат економијата напред, наместо некое кралче што сака да организира балови и фешти.@RickyLFC9
Која средновековна елективна монархија станала успешна демократија, тие држави со феудален систем или пропаднале или станале апсолутистички монархии со силен централизам во 17-18 век, па после се трансформирале во демократии преку народни револуции (Франција) или во парламентарлни монархии преку благороднички револуции (Англија).
Да формираа некаков парламент со што ќе ја ограничеа улогата на монархот ќе имаше повеќе смисла. Како сега овој систем гарантира стабилност на Вестерос? По смртта на Бран, би почнале еден куп сплетки, заговори и преговори за нов монарх за на крај пак да доведат до вистинска граѓанска војна.
И која е логиката според тебе освојувачите (Ансалид и Дотраки) едноставно да се повлечат откако изгинаа за својата кралица. Кога умре Александар, генералите не се вратија во Македонија и да има ја вратат Персија на персииците, туку си ја поделија империјата меѓу себе.
Дотраките... искрено разбирам дека беше чудно као го оставија Џон да си живее и све тоа. Али зашто ги снема и се распрснаа е мнг едноставно. Што се деси коа се поеба Дрого? Прекинаа да го следат пошто им падна најјакиот водач. Што се деси си Хуните, најголемата чума у Европа? Се распрснаа по смртта на Атила. Со Монголите? Исто... Сигурно нема да губиме време у серијава да ни објаснат како дотраките се расправаат меѓу себе и решаваат да се повлечат пошто не можат да се справат против сите останати у земјата, тоа ќе биде стварно бескорисно губење време, никој не го боли кур за Дотраките. Поентата е таа, го губат моќниот водач и се повлекуваат, како и сите други номади-воини низ историјата.
Да, државата нема да е најстабилна, ама која држава е? Не е поентата дека оствариле којзнае колку сјајна држава, сите сме и денес подлежни на војни и на револуции. Поентата е дека остварија прогрес. Па кои позитивни и негативни последици потенцијално ќе следат у иднина може да шпекулираме, али we can narrow it down и може да претпоставиме ако фатиме да читаме книги за периодот во доцниот среден век, во чијашто етапа навлеговме длабоко.
Мислам дека би било топ ако измислат парна машина и све тоа за после да следи домино ефектот на индустриската револуција, али that would be pushing it

#ПартискиБранител

posle ke se potrudam i do 3.9 da stigne.