Зошто сметам дека Денерис постапи исправно во ситуацијата.
Па да видиме што се преживеа таа жена
- живеела цело детство како бегалец, со ментално нестабилен брат а и самата веројатно не била многу при здрава свест,
- како малолетничка е продадена и насилно омажена за дивјак водач на племе и тоа од родениот брат
- дивјакот ја ебе како животно, ја третира како предмет, таман некако го засакува, дивјакот умира со се нејзиното неродено дете
- од таа трагедија се раѓа нов живот за неа со змејовите, се бара себеси, лута по пустини, пробуваат да ја измамат, да и ги земат децата-змејовите
- потоа си поставува нова цел, гледа како страдаат робовите и решава да ги ослободи, го ослобдува целиот регион, да воспостави нов поредок
- што добива од тоа, робовладателите ја мразат, робовите исто почнуваат да ја мразат кога почнува да им попушта на првите, во нејзината нова империја почнува граѓанска војна, од нејзнините добри намери таа не добива ништо за возврат
- на крај ја собира една од најголемите армии за да си го поврати тоа што смета дека и припаѓа од раѓање и што се случува, слуша еден куп советници, пропушта десетици прилики брзо и ефективно да ја реши војната, губи голем дел од силите
- без да има никаков интерес му помага на северот (и на целиот Вестерос) да ја победи најголемата натприродна опасност, нешто што не мораше да го направи (а освен тоа Северот и без неа ќе го решеше НК, ептен лесно било
)
- и на крај и покрај се, и покрај што останува со еден змеј и пола армија, сеуште Тирион ја убедува во некакво неостварливо мирољубиво решение, Варис заговара против неа, каква и да била претходно мене ми беше сосем логично дека ќе пукне
Тајвин Ланистер 20-тина години пред овој настан од епизодава наредува пљачкање и правење хаос ни истиот град, исто како и Денерис кога стратегиски не му требало, војната била завршена, непријателот поразен, Тајвин не претрпи негативни последици од тоа, напротив, 20 години беше еден од најмоќните и највлијателните луѓе во кралството.
Исто така еден сличен пример од реалниот свет, Александар Македонски, иако прикажуван како обединител на две култури и две империи, кој имал визија за мултикултурна држава на рамноправни итн итн (не било баш така веројатно ама ајде), зарен тој ист лик не го уништи Персеполис, главниот град на Персиската Империја.