Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Нема везе, никој од луѓево што ги хејтаат последните неколку сезони од серијава (не цела серија, ова мора да се разганичи најпрво), зборам за луѓево од форумот не ја хејтаат поради тренд или некои такви глупи изговори.

Серијава се хејта баш поради овие причини, кои си ги напишал. Никогаш GoT не беше серија која ќе треба да ти го пренесе искуството и да те внесе како да си дел од него преку ефекти, CGI и големи експлозии. Никогаш. GoT овие емоции ги будеше кај гледачот преку добар plot, character development и одлично напишано раскажување на приказната. И сега од еднаш, сето ова се занемарува и се ставаат ефектите и CGI во преден план, поради една и единствена причина - ПАРИ!
Приказната и plot-от? Кој ги ебе, ке ги оставиме за prequels и sequels и остали такви срања. Никогаш со самото почнување на серијава не било во план да се прават вакви гомна, замислата била како целина да почне и да се заокружи дејството, а не да се оставаат огромни дупки за да може да се снимаат отпосле нови серии и филмови и да се штанцаат повеќе и повеќе пари.
Затоа им се подели сега публиката на луѓе што се задоволни од 3тата епизода од последнава сезона (зашто има исто така предобра кинематографија) и на луѓе што не се задоволни од 3тата епизода (бидејќи во поглед на приказна иде во минус серијава). Секој за различна работа веќе почна да ја гледа и тоа е сосема оправдано.
Океј е се само не реков дека ја хејтаат ради тренд.
А што се однесува до „да те внесе“ да не те наведов да мислиш дека тоа се прави само со ефекти и CGI? Изиграј ја Brothers a Tale of Two Sons без да читаш ништо :D
Како и сите серии имаше досадни епизоди во GOT.
И не, не велам само за оние базирани на дијалози, затоа што имав пишувано дека уживав во нив. Редно е малку да се смени топката.
Ако имаше сезони со 90% дијалог и 10% визуелно спектакуларно искуство, зошто сега да не биде обратно?
Мене ме нервира што има луѓе што не признаваат дека ова што го гледаме е

GOT
..
...
...
....
.....
......
се друго

Јас на пример признавам дека се тапа некои работи. А овие упорно запнале да ги хејтаат тие што уживаат во спектаклуарново искуство, ги омаловажуваат и се прават надмени. Целосно го занемаруваат спектаклот.
Тоа ми пречи.
Чест на исклучоци.
 
Последно уредено:
ама бе со тие инфлуенсери, дај престанете...ми се гади кога ќе го прочитам зборов од што ја тупите со тоа...

иначе за момент мислев дека Серси ќе преживее, дека ќе испловат со кајчето и Џејми ќе умре, а оваа ќе си живее долго и несреќно во некое селце..:ROFLMAO::ROFLMAO:
 
ама бе со тие инфлуенсери, дај престанете...ми се гади кога ќе го прочитам зборов од што ја тупите со тоа...
Да не одиме многу офтопик (а одам, омг), не ти се гади од зборот, ти се гади од тоа со кое што се поврзува.
На времето инфлуенсери биле Толстој, Достоевски, Маркс, Ниче... како ти е зборов во овој контекст? :D
Од друга страна кога ќе прочитаме „инфлуенсерката и старлета Сораја ЕКСКЛУЗИВНО октрива СКАНДАЛОЗНИ вести од...“ :D
малку сум застарен со оваа изгледа
 
Океј е се само не реков дека ја хејтаат ради тренд.
А што се однесува до „да те внесе“ да не те наведов да мислиш дека тоа се прави само со ефекти и CGI? Изиграј ја Brothers a Tale of Two Sons без да читаш ништо :D
Како и сите серии имаше досадни епизоди во GOT.
И не, не велам само за оние базирани на дијалози, затоа што имав пишувано дека уживав во нив. Редно е малку да се смени топката.
Ако имаше сезони со 90% дијалог и 10% визуелно спектакуларно искуство, зошто сега да не биде обратно?
Мене ме нервира што има луѓе што не признаваат дека ова што го гледаме е

GOT
..
...
...
....
.....
......
се друго

Јас на пример признавам дека се тапа некои работи. А овие упорно запнале да ги хејтаат тие што уживаат во спектаклуарново искуство, ги омаловажуваат и се прават надмени. Целосно го занемаруваат спектаклот.
Тоа ми пречи.
Чест на исклучоци.
Тоа за трендот е наменето за @Донев затоа и он е во цитатот.

Иначе кога ја за Brothers a Tale of Two Sons за пример, ја имам изиграно и прејака е.
И знам дека и тебе ти е една од подобрите игри што ги имаш изиграно.
Епа сеа замисли.
Ја почнуваш играта, има одлична приказна, одличен story telling. Те вози ненормално добро и те внесува поради тоа што е story driven игра и development-от на карактерите е на предобро ниво.
И од еднаш, на половина на игра, ја паузираат причата, ја занемаруваат. Почнува играта да се претвара во тотална пуцачина, тепаш марсовци и зомбиња со пушки и бомби.
И на крај ти викаат, не се секирај, приказната и завршетокот на дејството ќе го дознаеше во вториот дел од играта, што ќе кошта 59 долари.
Е тоа стана Game of Thrones.

Иначе ја не хејтам гледачи, сите си ја гледаат за одредена работа серијата. Никој не сум јас да кажувам зашто треба да се гледа саеријата и дали е тоа правилно гледање или не.
 
И од еднаш, на половина на игра, ја паузираат причата, ја занемаруваат. Почнува играта да се претвара во тотална пуцачина, тепаш марсовци и зомбиња со пушки и бомби.
И на крај ти викаат, не се секирај, приказната и завршетокот на дејството ќе го дознаеше во вториот дел од играта, што ќе кошта 59 долари.
Е тоа стана Game of Thrones.
Делумно задоволува аналогијава.
Сепак не треба да се заборава дека најчесто сериите опаѓаат во квалитет, често драстично, а особено овде имаме и дополнителен проблем со тоа што запреа книгите нели или сами се одвоија или што и да се деси.
На крај краева, па и не мора баш крајот да го краси делото.
У секој случај мене ми го краси оваа камера и ефекти.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Една од моите омилени сцени во целиот серијал.

Daenerys - Slay the masters but harm no children
 
Проблем е што голем дел од хејтот се состои од глупави мемиња, иронични и саркастични коментари, и жалење за неостварени теории. Ретко кој образложено кометира зошто нешто не му се допаѓа, како премногу се паметни одредени луѓе и се им е глупаво па нема потреба да образложуваат.

Мене сезоната како целина не ми се допаѓа воопшто, особено по трета епизода, таа трета епизода мене лично и кај други излгеда ги извади на површина за јасно да ги видиме сите маани кои ги имала и претходно, затоа ми е смешно сега оваа епизода да има оцена 7 и нешто а многу полоши епизоди од претходната сезона да имаат 9-ки.

Стопати кажав и сигурно уште стопати ќе го повторам и во иднина, времето (односно немањето време) е најголем проблем на серијата, не дека однесувањето на Денерис е нелогично, само што се се случува наеднаш, во една-две епизоди менува карактерни особини. Дури и со овој квалитет на сценариото ако имаше повеќе епизоди и сезони критиките немаше ни приближно да бидат вакви.

Епизодата сама по себе беше одлична, прекрасни сцени, одлично доловена целата дестркуција на градот, страдањето на невините, последната сцена која веројатно ја остварува визијата на Денерис само што не бил снег во прашање туку пепел, а можеби е и пепел и снег помешано којзнае.

Не е совршена епизода, Џон и овој пат како цела сезона е некако ставен настрана без улога, ликот на Џејми наедаш и непотребно упропастен, цело време ликот оди кон тоа дека се осамостојува и се отргнува од влијанието на Серси за на крај да заврши таму каде што почна, да му биде гајле само за неа и никој друг. Малку безвеза беше и тоа што Јурон, флотата и златната чета беа неупотребливи, од супер прецизните балисти не видовме ништо, еден змеј сруши цела противзмејска одбрана со десетици можеби и стотици орудиа без проблем, но тоа пак е само проблем на убрзаното дејство.

Јасно е дека и за финалето ќе има иста поларизираност и критики, тоа е веќе пат од кој нема враќање за серијата.
 
Me interesira po koi kriteriumi e ovaa epizoda podobra od drugite? Vizuelno, po CGI, ne znam akcija? Okej, da ima poveke akcija. Ama veke koga po 15ti pat gleam luge kako gorat mi e nekako dosadno. Poentata veke bese dolovena, samo se vlecat na shok, odnosno NZD.
Po moite kriteriumi, odnosno, razvoj na likovi, prikazna i vnimanie na detali, epizodata e smet. Serijata ja pocnav da ja gledam za toa, i po toa ke ja ocenuvam. Moeto mislenje ne e promeneto od 5ta sezona.

Твојот став е тотално легитимен, затоа и во еден предходен пост потенцирав дека серијата содржински се уште се држи до фрагменти од почетните сезони каде беше поставен темелот на серијата. Врз таа основа сценаристите очигледно се обидуваат да изнајдат спојки врз кои што ќе ја продолжат приказната во новите сезони. Меѓутоа, тоа беше доста лошо направено. Непростливо е, па би рекол и дека е грев ваква една приказна да се сведе на толкава неиновативност за да треба да се потпира на CGI. Стариот остави доволно материјал, база врз која што приказната можеше да надоградува до недоглед. Имате одлична тема, замисла, во суштина најтешкиот дел ви е завршен, имате дадено насока, а овие сценаристиве тотално ја оплескаа. Главната тема околу која што се вртеше целата приказна, доаѓањето на зимата, Најт Кинг, ликот на Брен...се тоа се фрли во вода во една епизода. Фрли сенка врз целата серија.

Значи да бидеме реални, серијата е се уште нешто невидено до сега, дефинитивно постави недостижни критериуми. Меѓутоа, со последниве неколку сезони секогаш ќе виси прашањето: Можеше ли подобро?
Самиот факт дека тоа прашање ќе лебди во воздух фрла дамка врз серијалот, му дава материјал на критичарите секогаш да го оспоруваат нејзиниот квалитет. За успехот не дискутирам, пошто е евидентен штом крена толкава прашина и го насочи вниманието на целиот Свет да дискутира за нешто навидум сосема безначајно.
 
Непростливо е, па би рекол и дека е грев ваква една приказна да се сведе на толкава неиновативност за да треба да се потпира на CGI
Wow. Океј.
Неиновативност, gotcha.
И неколку реченици подолу имаме дека е нешто невидено досега.
But then again, неиновативна е :D
 
Ова се бараше. Овој no mercy момент. Тлееше ова во Денерис веќе долго време. Предолго и за преголема цена ги остави да си поигруваат со неа.

Не очекував дека до тој степен ќе им ебе матер, посебно не кога удрија камбаните. Мислев сега ќе има пак натегања па Тирион ќе моли за животот на Серси, па дека требало да биде добар владетел да покаже милост и такви срања. Не бе брате :icon_lol:
Па фацата на Тирион и Џон а и на тој војникот од Ланистер војската кога змејот почна да гори, го погледна grey worm и сфати што ќе биде денес.

Не гледам како може Денерис да ја тргнат од тронот освен со атентат. Али добро е што оставија доволно недоумици за последната епизода.
 
Една од моите омилени сцени во целиот серијал.

Daenerys - Slay the masters but harm no children
И сега гореше, а нејзините војници гореа деца...

Ова се бараше. Овој no mercy момент. Тлееше ова во Денерис веќе долго време. Предолго и за преголема цена ги остави да си поигруваат со неа.

Не очекував дека до тој степен ќе им ебе матер, посебно не кога удрија камбаните. Мислев сега ќе има пак натегања па Тирион ќе моли за животот на Серси, па дека требало да биде добар владетел да покаже милост и такви срања. Не бе брате :icon_lol:
Па фацата на Тирион и Џон а и на тој војникот од Ланистер војската кога змејот почна да гори, го погледна grey worm и сфати што ќе биде денес.

Не гледам како може Денерис да ја тргнат од тронот освен со атентат. Али добро е што оставија доволно недоумици за последната епизода.
Искрено навивам за ова. :D :D
 
60114907_10159009806916840_6733825811738001408_n.jpg

АЈ АЈ АЈ
 
Wow. Океј.
Неиновативност, gotcha.
И неколку реченици подолу имаме дека е нешто невидено досега.
But then again, неиновативна е :D

Толкувај како сакаш, јас оставам простор дека можеше далеку подобро. Целата серија флуктуираше со квалитет. Не можам да ги фрлам во вода почетните неколку сезони, оти жолчно се расправав со секој што правеше обид за хејт тогаш. Моментално ги оставам сите да си се испукаат, прифаќам се, затоа што самиот факт дека има незадоволство говори дека можело и подобро. Не можете целиот хејт едноставно да го ставите во категорија "неоснован" заради една епизода. Има тука и добри аргументи кои што содржат логика, не само колективно плукање оти е тренд да се плука.

Ако алудираш на контрадикторност, е дури тогаш ќе бидам контрадикторен, ако речам дека серијава е просек. Е нешто невидено досега за својот жанр, моментално се уште е број еден. Меѓутоа има простор за критика. Не зборувам конкретно за епизодава, туку за целата сезона до сега воопштено.
 

Jaс не знам како одново и одново паѓате на тие финти

добро бе, нели ви е глупо кога пишувате коментари од типот: "Аууу ногу јака епизода", "ЕПИЗОДИШТИТШТИШТИШТЕ", "најака епизода!!!" ?

Гледаш разлика од последните постови? Ова е од 2014. Дарлинг ова го прави од кога е почната серијата. Станис е сапуница, мора ли секое финале со цги да завршува, како бебињата зад ѕидот не умираат од хипотермија, пукањето на главата на оберин било цртан филм, хаштаг фејлофтронс етц.. Другите 80 посто од постовите се за книгите и теориите пропатно од хејтерски мемиња. Ваквите луѓе си имаат други места кои активно ја хејтаат серијата оти ги прочитале книгите кога почна да се емитува серијата и од константна компарација им е преминато во навика а тука им е само интелектуален дисчарџ, гледајте помија о вие крипови. И тоа е. Не знам на Рациел дали ќе му текне на една дискусија од прва сезона со друг лик, зашо не гледал ГОТ? Оти замоците не биле големи колку во книгите. Тоа е менталитет. До другиден може да збориме.

Во еден пост од пред 4 5 години, ова е Дарлинг и секогаш ќе биде и .

Не знам шо се напнавте толку.
Нити серијата е добра, нити Мартин е толку јак ко шо го кажувате.

Јас сакав да најдам еден пост каде Дарлинг е задоволна за да оставиш 7 години на нешто со енормни паузи. Eдна декада.
Резултатот е поразувачки. Јас Дарлинг ја читам одамна на форум, уште деца бевме коа фуравме курчење низ темите, ама едно слатко задоволство да не си најдеш активно во 10 години следење е тажно. Еднаш да не пофалиш дека некој лик те наежил. Убила те циничност. Пробај малце мозок у лер, ќе се преоптеретиш. :)

Поздрав.

Околу горењето на ламјите, зошто рушел покрив а луѓе само поцрнувале... демек секаде исти интензитет е зафатено? И зашо НК издржал фајрбол? Магија очекувате да се објасни? Зашо од меч не умираат така од, да your ass НАЈМОЌНИОТ оган сепак не е е доволен против магијата. Анон ви вика не постои ништо над ГОТ. Дајте совршена епизода, совршено финале па да се му се исповраќам ко на 17тиот роденден.

Океј, небитно, нејќам да навлезам у глупостиве ионака. Да напишам мислење за епизодата за некад да се потсетам а вие небитни. Епизодата ме врати кога Серси седна на троно, тогаш најактивно навивав, толку религиозните ме напнаа што мислев Серси нема да преживее сезоната што финалето ми даде таков рилис што воопшто не ми беше проблем да чекам цела година нова епизода. А сакав само да преживее. Она СЕДНА на троно. Денес алчноста повторно си тлееше, дури да преживее до следната епизода ќе бев среќен. Но не, денес ѝ кажуваме чао на Лена, единствениот милф што у живот ме попалил, лав ту хејт карактер. Не знам каков крај јас најмногу посакував, ако веќе мораше крај, но сцената со Џејми би беше доволна. Која љубов човече, бидејќи немам сестра не е крипи да напишам рилејшншип гоалс, отварање направија со глумата. Исто и Џејми со Тирион, со троубек, со емоции со све. Ланистерци како фамилија беа бекбоунот на серијава со се Тајвин.

Дани (девито) не ми беше толку ужас. Едно, во интрото направија компилација и све наведуваше дека полудува со бурн дем ол сцени. Зошто? Ебате спојлерот. Друго, гледајќи голема слика низ некоја извртена призма, ја ова би го направил одма, без преговарање, чекање ѕвона, курци палци. Па после владеј праведно. Малку зло за поголемо добро кајнда муабет. Луѓето за тоа ја сакаа, знаеше круел да биде кога се мораше, на крај сакајќи на секој да угоди стана плишено мече. Ова денес за мене е Данерис, недефинирана девојка со недефинирана моќ. Пали душо, шо ќе ти гори срцето нека гори кингс лендинг. Разорна моќ на змејот, малку ја засенува прошлата епизода, бидејќи реално (не се пали берик, omg triple entendre) така треба да изгледа судир кај шо има змеј. Све беше совршено, астетика низ кроф, атмосфера мислев се гушев од чад. Савршенство беше градот, змејот и све измеѓу. Сноу сега ќе и скине срцето за жал, иако тоа го стори со предавството, сега на ред е и буквално. Не верувам Арја жабата која е глупа од прва сезона, толку да ја направаат мвп. Да изгореше, како што влечеа паралела со Сандо, ќе беше многу добро за мотивацијата за Џон, малку колатерална. Вака крајот со неа ми беше малку премногу. Иако изгледаше култно.

Клегејн боул мене ми беше небитен уште од најавата ама сепак исполнуваше сите стандарди, овој Сандо коа ја остави Серси да си прокуцка низ него беше ептен ГОАТ момент. Пред епизодата бев 2 од 3. Тим Станис, Серси и Варис бев. Сеа сум 0 од 3. И на крај да му посакам непријатна ноќ на актерот воедно и ликот Неурон кој умре у меме позиција. Кур да јадеш, не си човекот кој го уби Џејми Ланистер. Ебате пиратот опортунистички, која ти е бе мотивацијата да се занимаваш со Џејми. Абе иди пливај таму неколку сезони ко Гендри, крши нечии други планови

Мора да идам.

Простор за критика МОРА да постои. Ама не се патосувајте.
Сите знаеме шо праете измеѓу 3 и 9 секој понеделник сабајле ;)
 
Имаше нелогичности, како и секоја епизода во последните две сезони, ама за сметка на други работи можам да подзамижам. Реално сезонава е најлоша,премногу критики имам за последните две епизоди ама сакам да го видам крајот па да коментирам. Првпат сезонава ми се деси да бидам во толкаво исчекување шо зедов да мерам пулс, 110. Можда беше до виното, небитно.

Не очекував дека до толку ќе забега Дани. Го срамна градот. Досега ако имав некоја одбивност кон нејзиниот лик, од сега не можам да ја поднесам. Се надевам дека Арија по се што помина ќе ја стави на нејзиниот список и дека таа ќе и го донесе крајот. Доколку сепак некако заврши на тронот ќе биде големо разочарување, history repeating itself.
Ниедна факинг фан теорија не се оствари, се кладев дека Серси ќе биде убиена од Џејми, на крај некако испадна ептен холивудска смрт. Forever and ever, bam.
Сепак останаа многу прашања неодговорени, како и дали ќе се разрешат во последната епизода ќе видиме. Искрено од досега прикажаното верувам дека ќе изиграат многу педерски и дека ќе остават многу простор за prequel и sequel.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom