Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
А сега, Бран го вика Џејми - an old friend.
Сите се мислевме зошто таква шокантна фаца направи Џејми...али дечково свака част, на најкултурен начин му го спушти....Ексклузивно - делче од сцената која не ја видовме во епизодава...
57161063_10157306345266812_3240025321243672576_n.jpg[DOUBLEPOST=1555571841][/DOUBLEPOST]
Ќе видам што можам да учинам со режисерот за вас љубителите...
Вајстина ли е дека "Најт Кинг - от " е уствари King Naat Velinov од Кочани Оркестар и дека пред битката ќе направил таква невидена журка со плех музика ?
 
Последно уредено:
На youtube имаше едно интересно видео за симболот што личи на коловрт што го остава ноќниот крал - поконкретно за последната сцена.

Иако сигурно има доста теории, оваа ми се виде интересна.

Во визијата на Бран беше прикажано како ноќниот крал е создаден кај weirwood дрвото кое се наоѓа во центар на коловртот. Во последната епизода видовме дека телото на Нед Амбер (кој е лорд од благородничка куќа) е ставено во центарот на коловртот. Интересно е што е одбрано баш телото на главниот на замокот, додека сите други направени дел од неговата војска. Ако се повлече паралела испаѓа дека ноќниот крал пред, не по своја волја да стане тоа што е, бил од благородничка куќа и тоа од Старк. Со еден збор - со убиството на Амбер го прикажува неговото настанување, но и потекло.

Секако и претходно имаше индиции дека ноќниот крал е Старк, ако се земат предвид приказните на дадилката на Бран.

Кога веќе го спомнав коловртот, интересно тој во словенска митологија претставува сонце, но и оган. Но, имаше и еден друг симбол, кој е малку наликува на погребот на кал Дрого кога се раѓаат змејовите.
 
WW го употребуваат спиралниот симбол на COTF како сатанистите што употребуваат превртен крст.
Кажа тој шо го пишуваше сценариото за првава епизода.
 
Сите можни видеа на Youtube ги изгледавме и сите форумски теории ги прочитавме. После ќе се жалиме како сезонава и финалево ни се underwhelming.

=D
 
Утре у 3 миднајт има втора епизода,јеби га,ќе го челичат Џејми и почиња крвава свадба(битката):LOL:Утре мора некој лик прв да умре од познативе.Почиње игра кладионица Моцарта ....:LOL:

Screenshot_3.png
 
дај веќе да заврши серијава и да ги затворат сите дебилни сајтови шо искочија со глупи теории и милион глупи наслови од типот: џон ја погледна денерис малце накриво и трепна три пати, дали тоа значи дека ќе ја збрца три пати? дали е тоа нејзината судбина?
 
Сите можни видеа на Youtube ги изгледавме и сите форумски теории ги прочитавме. После ќе се жалиме како сезонава и финалево ни се underwhelming.

=D
Да не си му во кожа на GRRM. Како и да ја заврши приказната, ќе мора да се соочи со гневот на еден куп на "критичари", чиј опус се состои од професионално расправање под јутуб видеа и heckling на некој од глумците на твитер.

Сепак, за една работа критиките се оправдани, квалитетот на сценариото е многу опаднат од кога серијата ги помина книгите, што и не е толку неочекувано. Понекогаш забораваме дека креативниот гениј позади цел овој свет е Мартин, а не продуцентите на шоуто.
Јас мислам дека серијата ќе има повеќе од соодветен крај, фановите треба само да се стрпат малку. :)
 
Јас мислам дека квалитетот на сценариото опадна и поради динамиката со која тече приказната. веројатно за да скратат трошоци и да ја завршат побрзо серијата многу компресирани станаа сите приказни. да идеше динамиката ко на почеток на серијата, последниве 2 сезони требаше да бидат 3 сезони од по 10 епизоди, ама тоа се 3 години работа, плус многу понапорно за визуелни ефекти... тоа е, веќе е кеш у прашање и мислам дека тука немаа многу избор.
 
HBO што не направија да кријат сценарио, локации, незнам што и на крај пак leaks...втората епизода е ликната :toe:
 
Сака некој линк?
 
Како што видов уште ја нема во HD така што ќе почекам уште некој час можеби ќе се појави и таков торент.
 
Brace for impact...100 пораки во ПП сега :D Иако за некој саат е и официјалната епизода, повеќето веројатно подобар квалитет ќе си чекаат.

Поубаво ми е неделно попладне на раат одморен, отколку утре понеделнички мамурен, после работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom