Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.867
- Поени од реакции
- 52.940
Чија статуа е во позадина дур го гледаме лицето на Џон како реагира дознавајќи ја вистината?Не знам зошто баш на Сем му доделија да му каже на Џон за потеклото, нема логика па уште и после тоа откако дозна дека Дени му го изгоре семејството, чоекот преокупиран со сопствената мака уште да му ја мисли за тоа кој му биле мајка и татко на Џон..
Можеше тоа да биде изведено на друг начин, пример во криптатата дури Џон стои пред статуата на Нед, можеше да дојде Сем со Брен и Брен да му кажи за потеклото за Лијана и Регар, па тука во кадар статуата на Лијана, мислам дека ќе беше далеку по емотивно изведено кога вистината му ја соопштува некој од неговата фамилија (а и глумачки Исак навистина го бива за такви сериозни сцени, Џон Бредли ептен го изведе моментот како шпанска серија)
Шпанска серија, па шпанска серија. Му кажува дека тетка му му е мајка, а татко му му е чичко и се ебе со роднина. Не знам како на друг начин би му го кажал тоа, со некоја презентација со илустрации можда. Гледаме како е прикажан ликот на Бран, како би било подобро он да му каже? Ќе рече еј Џон, не си Сноу, не си Старк, Таргериан си. Како бе? Јас сум three eyed raven, знам. И ќе гледаат двајцата во празно.
Зошто да ме импресионира? Ок си беше сцената, може да се каже и дека тотално небитно беше кој и како ќе му каже. Битно е што ќе направи он сега со тоа. Прикладно беше Сем да му каже затоа што стварно него најмногу му верува, и ако веќе барате емоција, не знам каква емоција би очекувале од Бран.Што те импресионира од сцената ?
А како на друг начин би му го кажал ова Сем, стварно не знам. Ете вие штом сметате дека може повеќе, сигурно имате идеја за како би течел разговорот, па напишете ја сцената, да видиме дали ќе не импресионира.
И да, ако беше повеќе време посветено на тоа како му кажуваат, коментарите ќе беа колку време потрошија идиотите за втор пат да ни кажат нешто што знаеме со години.