Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
A-truck-in-the-background-1044104.jpg


Гендри накај Драгонстоун. Затоа толку брзо стигнал. :pos:

Пффф нема логика...побрзо би стасал пеш по снегов.
 
Жената беше мразена од народот уште од 1ва сезона. Минатата сезона гола се шеташе и цел град беше излезен да ја плука, мава и фрла се што дошло при рака. Фанатициве во меѓувреме цело време се грижат за народот, му даваат храна, дом, облека и најважно од се правда. Серсеи ја дигна во воздух една од најзначајните градби во Вестерос (ко да се крене во воздух базиликата Свети Петар/Ватикан), ликвидира стотици ако не и илјадници луѓе меѓу кои и Кралицата Маргери која беше обожавана од народот а Крал Томен во меѓувреме прави самоубиство и види види Серсеи станува Кралица.

Нека биде со два црни појаси мајстор на виткање кичма и префрлање на вина, народот требаше да ја растгрне жива. Или пак пола население на градот да биде убиено поради обид за нејзино растргнување.
А што ако Серси обвини некој друг за експлозијата во септата? Како на пример, Денерис? Кој куќа е позната за wildfire? Targaryen. Како што кажав предходно, требаше да објаснат како успеа Серси да ја префрли вината на некој друг. А за како народот мисли, убаво си кажа Мормонт во прва сезона.

"Game of Thrones: Cripples, Bastards, and Broken Things (#1.4)" (2011) Ser Jorah Mormont: The common people pray for rain, health, and a summer that never ends. They don't care what games the high lords play.

Ти гледаш Том и Џери или ГоТ?
 
нез дали некој пиша, кога требаше да фатат зомби, ептен им се посреќи кога Џон го уби Вокерот, и сите умреа само едно остана да прета, баш тоа што им требаше...:lolzz:
 
Во однос на тоа зошто Најт Кинг не го убил Џон Сноу или било кој од дружината, се укажува на тоа дека беше стапица за да си фати змеј. Најт Кинг можеше да го убие Џон Сноу уште кај Хардхоум али не го направи тоа, така да не би рекол дека е тоа нелогичност.
 
Има нелогичности, убрзано е све, набутано у неколку епизоди ама да се хејта зашто не умираат Дени и Џон е лудо пошто целата серија од почеток е поставена за завршеток со нив.

На почеток имаше толку многу ликови и не беше проблем што цело време умираше некој.

Мартин им го кажал завршетокот, ако него му е замислено да останат Џон, Данерис, Тирион и Џејми живи неможе да ги утепаат.
 
Среде хајп момент како битката со мечките, вајтс среде замрзнатото езеро и случките потоа со Дени и Најт Кинг, ти да имаш преференца да одиш секвенца по секвенца на епизодава и да скенираш за грешки како камионот е болест. Како на емисијана Грајфер на Сител што одеше на времето, кога даваа кафе, мафе за секоја испратена филмска грешка од гледачите и сите каснеа со враќање филмови во видеотеката во Влае, мора да се удри скен на филмот :icon_lol:
 
А што ако Серси обвини некој друг за експлозијата во септата? Како на пример, Денерис? Кој куќа е позната за wildfire? Targaryen. Како што кажав предходно, требаше да објаснат како успеа Серси да ја префрли вината на некој друг.

Кој користеше драгонфајр во биткатата на Блакватер? Ланистер.
Кого требаше да го судат а не се појави? Серсеи Ланистер.
Кој најмногу профитираше од разнесувањето? Серсеи Ланситер.
Каде беше Денерис кога се разнесе храмот? На другата страна на светот.
Бонус, дали обичните луѓе знаат дека Денерис воопшто постои?

А за како народот мисли, убаво си кажа Мормонт во прва сезона.

"Game of Thrones: Cripples, Bastards, and Broken Things (#1.4)" (2011) Ser Jorah Mormont: The common people pray for rain, health, and a summer that never ends. They don't care what games the high lords play.

...Фанатициве во меѓувреме цело време се грижат за народот, му даваат храна, дом, облека и најважно од се правда. Серсеи ја дигна во воздух една од најзначајните градби во Вестерос (ко да се крене во воздух базиликата Свети Петар/Ватикан), ликвидира стотици ако не и илјадници луѓе меѓу кои и Кралицата Маргери која беше обожавана од народот...

Се сомневам дека на народот му е гајле кога некој убива стотици/илјадници од нив или ги масакрира оние кои му помагаат на common people како Маргери и фанатиците и го руши до темел најважниот религиски храм на континентот.
 
Пазете на фб. налетав на ликнати слики од седма епизода
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom