Hurin
Pokerface bastard
Реално освен продукција се друго е опаднато во серијава. Решија уште од лани да ја упростат наеднаш и решија со остранување на ликови да ја направат еднодимензионална и изџвакана приказна. Дорн и мартел фамилијата ги решија со убиство, ја запалија најголемата катедрала во вестерос со еден куп битни ликови внатре, никој не се побуни, не би покажаа ни што се случи потоа, дали обичниот народ се револтираше, како му ја спинуваа приказнат? Замислете да крениш во воздух на сред бел ден џамија во исламабад или еве соборна во скопје, ќе има протести ќе има немири. Ова се случуваше во ист момент кога се врати радикалната религиозна секта и кога таа дојде на власт. Тука страда најпрвин приказната, не знаат како да ја одврзат па ајде сите под мач. Анти климатично е. Најголемите фанови на ГОТ се заинтересираа поради интригите и политиката во серијата, 5 сезони имаа само 2 поголеми битки и се на се 20 мин од змејовите и сите беа задоволни. Оваа сезона му е тапа со дани и bend the knee, со three eyed raven и онаа умренана арја со resting bitchface фаца шо ја фура 15 епизоди уназад, со тирион шо незнај кај тера. Давос и сандор се во серијава само да кажат fok и cunt. Ко небаре тони михајлоски кога ќе пцуја во некој филм па ние да се смееме. Full derp е влезена со приказнава и карактериве ама нека ја истераат до крај пошо сега само заради акцијата вреди да се гледа. Нека ја напраар ко данкирк само акција и никој уста да не отвори бидејќи а некој ќе зини ќе истреса некоја глупост.