Game of Thrones

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
О, и тоа како е добра споредбата со фудбал.

Исто ко пола фанови на Челзи и Реал (оние Арапине најчесто) не се замараат со тоа како тимот игра, со неговата историја, со трансфери итн.

Така и овде, најголемиот дел сеа глеа затоа што е популарно и не се замара да изгледа дополнителен матерјал или да сети што гледал во 2 сезона (пример).

За глупи ситници замараа книгочитачите во првите сезони.

Ова веќе не се ситници, ова се глупости големи колку Дрогон.

Јас немам проблем да пофалам кога нешто добро ќе направат. Ги фалев кога ги критикуваа. Ама ова е веќе трагедија што го прават.

И ја сеуште се надевам дека не можат уште помизерно од ова да отидат, ама очигледно можат...
Ти на мене и викед ни збореше, не глобално. Мене Челзи ми е љубов за цел живот, и никогаш нема да престанам да ги следам, без разлика кај се и што се. ГОТ е серија, искуство кое трае неколку години и ќе заврши. Ќе ми остане во сеќавање само така, ко супер искуство. За 4-5 години може ќе излезе серија која лесно ќе ја надмине.
Мене да ми беше уништена серијава како што ви е на вас според коментарите, озбилно ќе ја откажев.

А не знам како би доловил колку мал дел ми е ГОТ како омилена серија, во споредба со Челзи. Еве на пример ако ми понудат сега да ја откажат денес и да не ја видиме ни последнава епизода, ни наредна сезона, ама Челзи да освои ЛШ сезонава, во истиот момент потпишувам за ЛШ :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Молете се да не почне @Џони Вајсмилер да ја гледа серијава па да влага со клизачи тука, иако не сфаќам зш не ја гледа, Дени има крилести змејој :D
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Реално освен продукција се друго е опаднато во серијава. Решија уште од лани да ја упростат наеднаш и решија со остранување на ликови да ја направат еднодимензионална и изџвакана приказна. Дорн и мартел фамилијата ги решија со убиство, ја запалија најголемата катедрала во вестерос со еден куп битни ликови внатре, никој не се побуни, не би покажаа ни што се случи потоа, дали обичниот народ се револтираше, како му ја спинуваа приказнат? Замислете да крениш во воздух на сред бел ден џамија во исламабад или еве соборна во скопје, ќе има протести ќе има немири. Ова се случуваше во ист момент кога се врати радикалната религиозна секта и кога таа дојде на власт. Тука страда најпрвин приказната, не знаат како да ја одврзат па ајде сите под мач. Анти климатично е. Најголемите фанови на ГОТ се заинтересираа поради интригите и политиката во серијата, 5 сезони имаа само 2 поголеми битки и се на се 20 мин од змејовите и сите беа задоволни. Оваа сезона му е тапа со дани и bend the knee, со three eyed raven и онаа умренана арја со resting bitchface фаца шо ја фура 15 епизоди уназад, со тирион шо незнај кај тера. Давос и сандор се во серијава само да кажат fok и cunt. Ко небаре тони михајлоски кога ќе пцуја во некој филм па ние да се смееме. Full derp е влезена со приказнава и карактериве ама нека ја истераат до крај пошо сега само заради акцијата вреди да се гледа. Нека ја напраар ко данкирк само акција и никој уста да не отвори бидејќи а некој ќе зини ќе истреса некоја глупост.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.070
Поени од реакции
2.409

До некаде си во право. Се согласувам дека не беше воопшто прикажано што се деси после експлодирањето на септата. Ама знаејќи дека Cersei е мајстор на виткање кичма и префрлање на вина, не е ни чудно што немаше немири.

Тирион не знае кај тера? Баш тука има длабочина серијата. Ги гледаш реакциите на човекот кој имаше толку омраза кон неговата фамилија, сега кога дојде до борба и пораз на армијата што е под знамето на неговата фамилија, се гледа дека има каење и несигурност во него. Истото се дешава со Џејми, а донекаде и со Сандор.

Што очекуваше дека ќе се случува, 5 сезони имаше развивање на дејствија и сега доаѓа до расплетот. Па ќе има битки, што очекуваше ти? Дека шах ќе играат?

Се гледа дека си нафуран и исфрустриран на серијата. За дел од неа можам да те разберам, ама за другиот дел тресиш зелени.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

види вака за нафуран и исфрустриран тешко дека сум, дискутираме тука реални забелешки кој не само јас, ги имаат еден куп форумџии. поентата на муабетов е поради бизнис причини (рака клавам ако не е така) дека плукни залепи гледаат да ја завршат што можно побрзо, приказните на многу карактери згаснаа пошо појма немаа како да се справат со нив, разбирам јас дека заклучокот на серијава ќе бидат масовни битки и незнам шо, ефекти, змејови итн и тоа е ок ама тие го жртвуваат срцето на приказната а тоа се ликовите. како што спомнав во предходниот пост. влечат клучен потег и така останува, ни објаснување, ни реакција ни ништо,. Едноставно се дешаваат работи и серијава иди понатаму, се фокусираат на ефекти а реалноста е дека приказната и ликовите ја направија ГОТ ремек дело на малите екрани. типичен холивуд, ќе ти нашминка и сркај.
 
Колку што разбрав јас, епизодите беа намалени, за да се зголеми продукцијата и квалитетот на останатите. Оваа сезона има потреба за многу CGI и дел од сцените што ги снимаа беа многу скапи. Оваа серија има квалитет на игран филм, за година дена треба да се режира и продуцира 7-10 саати материјал што треба да оди на телевизија. Затоа не е практично да влегуваат во многу детали, иако би сакал тоа да биде така. Ако 1 сезона е по 12 епизоди и излегува на секои 2 години тогаш би било идеално да се оди во детали.

Како и секогаш карактерите жнеат тоа што насадиле. Иако би сакал да има повеќе детали за тоа како што се одвиваат настаните после некој главен настан, тоа можеби би било премногу комплицирано за да се стави во серијата. Сакав да знам како Cersei се справи со резултатот од горењето на септата, како лордовите од Дорн реагираа на киднапирањето/убивањето на змиите, реакцијата на лордовите од Reach за предавството на Tarly и убивањето на Олена итн. Баш заради тоа сакав книгата да излези пред сезоната, за да знам повеќе детали и кои се мислите на главните ликови кога ги донесуваат нивните одлуки. Ама тоа е, не може се да биде идеално.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.398
Поени од реакции
23.226
До некаде си во право. Се согласувам дека не беше воопшто прикажано што се деси после експлодирањето на септата. Ама знаејќи дека Cersei е мајстор на виткање кичма и префрлање на вина, не е ни чудно што немаше немири.
Жената беше мразена од народот уште од 1ва сезона. Минатата сезона гола се шеташе и цел град беше излезен да ја плука, мава и фрла се што дошло при рака. Фанатициве во меѓувреме цело време се грижат за народот, му даваат храна, дом, облека и најважно од се правда. Серсеи ја дигна во воздух една од најзначајните градби во Вестерос (ко да се крене во воздух базиликата Свети Петар/Ватикан), ликвидира стотици ако не и илјадници луѓе меѓу кои и Кралицата Маргери која беше обожавана од народот а Крал Томен во меѓувреме прави самоубиство и види види Серсеи станува Кралица.

Нека биде со два црни појаси мајстор на виткање кичма и префрлање на вина, народот требаше да ја растгрне жива. Или пак пола население на градот да биде убиено поради обид за нејзино растргнување.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Абе тие од Џофри свитата за многу помалку ја линчуваа....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom