Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Епизодава беше епик тоа го очекувам од цела сезона малце ме изненади што Џон воскресна толку рано во сезонава ама сепак предобра епизода, иначе во трејлерот за наредната епизода мислам дека забележав нешто што наговестува дека ке го видиме Рикон најмалиот Старк фамилијата незнам дали некој го забележа тоа или грешка сум ?
 
А Рикон Старк? А Берик Дондарион?

Берик е завршена прикаска според мене. Негова цел беше да ни покаже дека воскресенијата се можни во овој свет, па да не остави да се надеваме дека ќе воскресне Џон Сноу, еден од главните ликови.

Што се однесува до Рикон, промото за следната епизода ептен ме исплаши за него. На Ремзи му донесоа „поклон“. Иако поверојатно е поклонот да е повторно заробениот Тион, се плашам да не е можеби Рикон што му го носат. Со Оша требаше да одат кај Амберови, но Ремзи спомна епизодава дека Амбер заедно со Карстарк и уште една друга фамија се трите најголеми куќи во Северот и ги поддржуваат Болтон.
 
Рикон е подарокот за Ремзи следната епизода, и во трејлерот имаше.
 
Само ја ли очекував да не го оживее Мелисандре епизодава, сите се да испцујат и по режисери и сценаристи и Џорџ, за во следната коа ќе го запалат, да стане од пепелот а-ла Дени ? :D

Ќе го збрца Оли уште еднаш. :pos:
 
Posle ova jasno e deka John Snow e ultimate hero, ako I posle ova go ubijat rabotava ke ispadne komicna.

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Не се радувајте предвреме на Џон СноУ, да не испадни ко на времето татко ми ко ја пречувувале некоја стара комшивка и eдно време ова станала и рекла-Грав да сварите за душа-и после пак си прилегнала и умрела за стално :D
 
Прекрасна епизода, има минијатурни забелешки ама се небитни да ги пишувам во споредба со се останато што го видовме епизодава. Наредната очекувам да биде уште по факинг страшно јака!

Tower of Joy HYPE!
 
13103311_1540953079541578_8743399721777669229_n.jpg


:popce:
 
Ај за пошеток Џон Сноу воскресе. :)

Овој дел мислам дека и не е толку спорен. Возможно е по оваа сцена двете сестри со мал чамец да стигнат до бродот и да се качат на него веројатно со помош на некој од внатре.

Ма да , веслале се од Сончево Копје, па до Кралевото пристаниште без престан, и биле побрзи од едреник на отворено море.
Не барајте логика таму каде што ја нема.

znaci vi kazav okolu kucinjata toa se BLACKHAUNDI toa se kucinja tragaci sledat traga i koga ja naogjaat celta tie samo ja markiraat i ne ja napagjaat ,ne se toa pit buli i dobermani toa se miroljubivi kucinja koi se koristat za lov na krupen divec ,potraga na isceznati osobi,ronaogjanje na narkotika itn itn vo svetot vazat za najdobrite tragaci miris star i do tri dena mozat da go odredat . vo makedonija za zal go nema ovoj vid cenata na malo kutrence e 600 e i toa kastrirano .

А како загина еден од најмоќните луѓе во Вестерос, Тајвин Ланистер, убиен во неговиот дом од својот син.

Ја гледаш тука сличноста, двајца од тројцата главни креатори на Red Wedding заминаа на ист начин, неочекувано за луѓе со таков статус, очекуваш да загинат херојски во некоја битка, но како шо викаат во македонскиот GOT - каменот од блиску доаѓа.

Пази, еден од најголемите гревови во ГОТ е родоубиство, истото како грев се споменуваше во сите досегашни сезони, и сега одеднаш имаме во две епизоди не само родоубиства, туку родомасакри, тотално чистење на цели фамилии од нивни блиски, и тоа не само еден, туку неколку.

Нема тука ништо во сцената со Рус нелогично...

Чекај, нема ништо нелогично да човекот кој ги плаќа другарите на својот син-копиле и знае што синот-копиле мисли уште пред овој да помисли, умре на ваков глупав начин од истот син-копиле кое е вооружени на само со него ??
Еден од поголемите сплеткари во Вестерос (до душа не во ранг на Малопрсте или Варис, ама не и далеку од нив), не би рекол баш.

Па види сеа, и у француската револуција „народот“ бил предводен од тешки опортунистички ѓубриња, тоа се докажало после револуцијата кога сите „прости“ кои ќе побарале нешто од новата влада, одма биле стрелани :D Ни ја не очекувам да е добра душа, ама сепак и тие ѓубриња придонеле кон некаков напредок од таа мртва апсолутистичка точка.

Од друга страна, spot on си со Ленин, сепак би рекол дека тој е уште посличен со ова што го праат Sparrows. Пошто Ленин искористил многу погоден момент, во сред хаотична воена состојба не можел никој да му се спротивстави. И не само тоа, туку Вилхелм II го помагал Ленин за да ја тргне Русија од војната. Ако не се лажам, он беше тој што рекол дека „само Ленин да ја заврши работата, па после војната, ако треба ќе го задавам со сопствените раце“. Све е тоа долготраен процес додека се избалансира се убаво, али во случајот на GoT, не верувам дека ќе се замараат толку да прават триста промени и модификации на власта, туку директно преку Sparrows ќе отидат во таа насока. Бар тоа е мое видување засега :)

Рики, погрешно споредуваш, Врвниот врабец не треба да го споредуваш со ликови како водачите на буржоарската револуција или Лељин, туку си ликови како Мартин Лутер или Свети Доменик, сто тоа што овие двајца не биле врвни водачи на црквата, туку на дел од неа. Во серијалов црквата е поприлично лошо прикажана, фали мнозинството прост народ кој има изгубено се во претходната војна на петте кралеви, а кој е собран околу сегашната црква и Врвниот Врабец, како и залудените од религија воини собрани во делот „Воини на верата“ (Faith militant) кои би требало да се во полна борбена опрема, а не со черга околу нив, врзани со ланец и вооружени со стап.

Искрено ти препорачувам да ги прочиташ книгите зошто знам дека ќе уживаш. :)
 
Ај за пошеток Џон Сноу воскресе. :)



Ма да , веслале се од Сончево Копје, па до Кралевото пристаниште без престан, и биле побрзи од едреник на отворено море.
Не барајте логика таму каде што ја нема
не, јас мислам дека се качиле на бродот уште во Дорн. Секако сите патници на такви бродови стигнуваат до нив со мали кајчиња.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom