Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Па види сеа, и у француската револуција „народот“ бил предводен од тешки опортунистички ѓубриња, тоа се докажало после револуцијата кога сите „прости“ кои ќе побарале нешто од новата влада, одма биле стрелани :D Ни ја не очекувам да е добра душа, ама сепак и тие ѓубриња придонеле кон некаков напредок од таа мртва апсолутистичка точка.

Од друга страна, spot on си со Ленин, сепак би рекол дека тој е уште посличен со ова што го праат Sparrows. Пошто Ленин искористил многу погоден момент, во сред хаотична воена состојба не можел никој да му се спротивстави. И не само тоа, туку Вилхелм II го помагал Ленин за да ја тргне Русија од војната. Ако не се лажам, он беше тој што рекол дека „само Ленин да ја заврши работата, па после војната, ако треба ќе го задавам со сопствените раце“. Све е тоа долготраен процес додека се избалансира се убаво, али во случајот на GoT, не верувам дека ќе се замараат толку да прават триста промени и модификации на власта, туку директно преку Sparrows ќе отидат во таа насока. Бар тоа е мое видување засега :)

Промени секако ќе се случат, не само заради Sparrows, туку и за се друго, стариот поредок во Весторос никогаш нема да се врати, дури и да бидат на крај поразени W.W и Денерис да седне на тронот, општеството и уредувањето нема да биде исто.

Исто како француската револуција, водачите точно беа ѓубриња, ја удавија франција во крв, се испотепаа едни со други, на крај целата револуција им ја презема непонзат артилериски генерал за на крај во 1815 да се врати старата динстија и сите се правеа како се да е исто како во 1789, но веќе ништо не беше исто, ни во франција ни во европа.
 
Kako vi se svigase flashbackot inace? So pokazuvanjeto na Lyanna mi vdahnaa nadez deka ke pokazat nesto poveke od Targeryens.
Zelba za filler sezona mi e since season 2.
 
Kako vi se svigase flashbackot inace? So pokazuvanjeto na Lyanna mi vdahnaa nadez deka ke pokazat nesto poveke od Targeryens.
Zelba za filler sezona mi e since season 2.

Супер беше флешбекот, баш како шо рече Бран, сите изгледаа среќни (за разлика од хоророт кој е Винтерфел во сегашноста). Не знам дали тоа што се фокусираа на фактот дека Ходор можел да зборува ќе има некаква врска во приказната, може Ходор видел нешто или му се случило кое го направило таков а ќе е поврзано со нешто (со В.В, со некои магии и сл)

Во наредната епизода ќе има нов флешбек (го имаше во промото) младиот Нед, и кралската гарда на таргеријан (ToJ)
 
Супер беше флешбекот, баш како шо рече Бран, сите изгледаа среќни (за разлика од хоророт кој е Винтерфел во сегашноста). Не знам дали тоа што се фокусираа на фактот дека Ходор можел да зборува ќе има некаква врска во приказната, може Ходор видел нешто или му се случило кое го направило таков а ќе е поврзано со нешто (со В.В, со некои магии и сл)

Во наредната епизода ќе има нов флешбек (го имаше во промото) младиот Нед, и кралската гарда на таргеријан (ToJ)
Мене па ова со Ходор ми текна на ситуацијата со Бран, дека видел нешто што не треба и го удриле/бутнале/фрлиле па станал таков. Затоа и толку е приврзан со Бран.
 
Епизодава беше епик тоа го очекувам од цела сезона малце ме изненади што Џон воскресна толку рано во сезонава ама сепак предобра епизода, иначе во трејлерот за наредната епизода мислам дека забележав нешто што наговестува дека ке го видиме Рикон најмалиот Старк фамилијата незнам дали некој го забележа тоа или грешка сум ?
 
А Рикон Старк? А Берик Дондарион?

Берик е завршена прикаска според мене. Негова цел беше да ни покаже дека воскресенијата се можни во овој свет, па да не остави да се надеваме дека ќе воскресне Џон Сноу, еден од главните ликови.

Што се однесува до Рикон, промото за следната епизода ептен ме исплаши за него. На Ремзи му донесоа „поклон“. Иако поверојатно е поклонот да е повторно заробениот Тион, се плашам да не е можеби Рикон што му го носат. Со Оша требаше да одат кај Амберови, но Ремзи спомна епизодава дека Амбер заедно со Карстарк и уште една друга фамија се трите најголеми куќи во Северот и ги поддржуваат Болтон.
 
Рикон е подарокот за Ремзи следната епизода, и во трејлерот имаше.
 
Само ја ли очекував да не го оживее Мелисандре епизодава, сите се да испцујат и по режисери и сценаристи и Џорџ, за во следната коа ќе го запалат, да стане од пепелот а-ла Дени ? :D

Ќе го збрца Оли уште еднаш. :pos:
 
Posle ova jasno e deka John Snow e ultimate hero, ako I posle ova go ubijat rabotava ke ispadne komicna.

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Не се радувајте предвреме на Џон СноУ, да не испадни ко на времето татко ми ко ја пречувувале некоја стара комшивка и eдно време ова станала и рекла-Грав да сварите за душа-и после пак си прилегнала и умрела за стално :D
 
Прекрасна епизода, има минијатурни забелешки ама се небитни да ги пишувам во споредба со се останато што го видовме епизодава. Наредната очекувам да биде уште по факинг страшно јака!

Tower of Joy HYPE!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom