Еј многу битен момент кој не смее да биде испуштен е тоа што Лорд Болтон му се закани на Ремзи дека ако не ја најде Санса, ќе го замени Ремзи со синот на дебелана му жена кога ќе се роди. А искрено не верувам дека ќе успеат да ја вратат Санса, такада ќе има фрки меѓу таткото и синот. Реално Ремзи моментално е единствен наследник, ако ги кикне татко му и жената дур уште е трудна, он ќе си биде главен лорд. Верувам дека ако тоа му е единствена опција, и те како ќе ја искористи.
ВИ РЕКОВ?!
Аи аи аи прејака епизода чоече. Немаше лоша сцена, буквално. Не знам како некој може гомна да јаде за оваа епизода еј. Мислам дека може да не ти се свиѓа само ако не си фан на GoT и ако глеаш ради разонода, али ако си навлезен у серијата, ова беше 10/10. Не знам како на сериозен фан не би можела да му се свиѓа. Али ко што често знам да ја цитирам Тејлор Свифт - Haterz gonna hate, hate, hate...
~ History part coming up, feel free to skip ~
Уште мислам дека Sparrows се демократскиот елемент у општеството кое претставува средновековна творба. Јасно ни дадоа до знаење со сценава дека судирот ќе биде благородништво vs. средна и ниска класа, нешто како француската револуција. Очигледно е дека имаат огромни бројки на својата страна. Али им фали финансиер за да ја земат власта. Ако би оделе history wise, не може ниската класа сама све да направи, мора зад нив да стои некој со финансиска поддршка. Ако обраќаат внимание на тие историски детали, ќе го вметнат тој елемент, ако не, ќе го направат проѕирно вака како народот ја бутка благородничката власт, што би било нелогично пошто народот сам по себе никад не може ништо да направи. Искрено ќе бидам разочаран ако истераат таков тек на настаните, кај што сиромашни селани буткаат власт. Не знам, доколку стварно режисерите се грижат за ова, би рекол дека единствен финансисер би била банката во Бравос која сака да си ги наплати долговите кои ги должи круната, со тоа што ќе постави нов режим во Вестерос. Али којзнае колку се историски потковани ако целта им е да го прикажат овој причинско-последичен процес.
~ History part ends ~
Конечно вака на купче ги имаме сите приказни, да видиме секој дел до кај е. Порано се прашувавме што е со овие, што е со оние, сеа све ни е јасно. Во Дорн има coup, на Северот имаме нов Warden, на ѕидот повторно ќе се стабилизираат работите, зад ѕидот знаеме што се случува со Бран, во King's Landing сме пред граѓанска војна, во Бравос Арја успешно го продолжува тренингот, на островите останува да видиме кој ќе биде следен владетел (конечно умре и петтиот крал од војната на петте кралеви), и во Мерин останува да ја ослободат Денерис за и таму да тргне работата.
Се на се, мислам дека овој момент е checkpoint на некој начин. Низ сите приказни, сите ликови имаат отворено сосема нови полиња за игра, а со тоа очекувам во следните епизоди да има турбулентни настани кои ќе бидат бајаги различни од досегашните. Али мислам дека дефинитивно сега е моментот кога никој од нас нема појма ни отприлика што ќе се случува. Сите ликови се изложени на нешто ново, па затоа мислам дека до крајов на сезонава ќе ни следат најинтересните работи кои ќе ни ги даде серијава.
П.с: Единствено прашање остана за Бејлиш. Да не замина и он со Гендри на кајчето?