Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Сериозни се со крајов?
Се изгубија тотално со серијава. Убиваат, оживуваат ликови како ќе им текне, без никаков концепт.
Мартин може ги убиваше главните ликови, али барем тоа го правеше со стил, поткрепено без никој да очекува и не толку често.
Од 5та сезона навака, секоја ебана епизода некој битен човек умира.
Дали сакаат да го задржат тој "шок момент" кај публиката, појма немам, ама лошо им иде.
И покрај сево ова, ми се свиѓаше епизодава, очекувам до крајов на сезонава Ремзи да сфати што значи да се биде Wаrden of the North и дека не е толку лесна задача, и се што градеше татко му да го спичка.
 
Каков менто е Ремзи...
На фејсбук нема да налеташ на спојлери, во ДК и во Rocket League ќе налеташ.
Епа тоа е тоа.
fqgwRdk.jpg


giphy.gif


giphy.gif


giphy.gif
 
Последно уредено:
Можи се разбуди, ама не знаеме каков се разбуди. Можи на лева нога е станат. Јако ќе биде да го претворат во негативец :)
 
Џофри е 0 за Ремзи. Ма каков 0 во негатива оди. Интересно се навратија на некои приказни подзаборавени како брен а преку него најверојатно ќе се раскаже и приказната за старкови и нед и сестра му итн.
 
Го воскреснаа во право време (на Велигден)

Страшно добра беше епизодата бре! Тирион ги ослободи змејовите, ги видовме Железните острови и новиот поредок таму, а ќе гледаме и нов поредок во Винтерфел.

Ремзи со еден потег ја уништи шансата неговата фамилија да владее со Северот. Кога му вика Рус да внимава да не биде запаметен какo mad dog, ја предвидува судбината што ќе го снајде Ремзи, а во исто време тоа се однесува и на самиот Рус, човекот кој на најбрутален начин го предаде својот водач, Рус за секогаш ќе биде запаметен како предавник.

Начинот на кој умре, не е случајност, со нож во стомак, на ист начин на кој го доби Винтерфел, така и го изгуби.
 
Ако не друго, ги бива за тролање.

Нели „најсигурните“ вести дека Џон не се враќа беа заради тоа дека си ја скратил косата?

Еве видовме сеа дека Мел му ја скратила. :icon_lol:
 
Одлична беше епизодата, како и претходната. Сите што се замарате и наоѓате секакви глупи замерки, олабавете и уживајте во серијата :popce:
 
Одлична беше епизодата, како и претходната. Сите што се замарате и наоѓате секакви глупи замерки, олабавете и уживајте во серијата :popce:

Воопшто не се глупи замерките, за сезонава.

Не можам да се навикнам на толкав пад на квалитетот на сценариото и менување на арката на ликовите која ја градеа во претходните сезони. Дијалозите се станати мизерија, карактери изговараат работи кои се тотално анти нивните одлики. Пример Давос никад онака не би се понашал кон Мелисандре.

За Ремзи ова го најавија уште одамна, имаше очигледен foreshadowing, но го изведоа ептен лошо.

Се чини дека знаат само на еден начин да скинат битен лик. Ова беше копи пејст од Sand Snakes моментот претходната епизода, мизерија. И ај ако Доран едвај го знаевме преку серијата, за Руз кого во серијата го градеа како неверојатно итар и дрзок владетел е преглупо тукутака да погине од Ремзи, мораше да изградат подруг начин.

Почнуваат да убиваат јаки карактери ради реда, а тоа е најлошото нешто.

За да уживаш во серијата, треба таа да биде за уживање, а овие почнуваат да прават се помалку да се деловите за уживање. Лично епизодава уживав најмногу во флешбекот на Брен, Грејџој делот и Кастл блек. Останатото беше просек.

Тоа што ја правеше Game of Thrones најдобра серија евер беше тоа што немаше ниту една досадна и небитна секунда во претходните сезони, сега има се помалку такви сцени за жал.

Сеуште имаат шанса и потенцијал да се вратат на старото, особено со приказната на Грејџој фемили која се надевам нема да ја усерат како со Мартел.

И секако врвот на сезоната, битката на северот, ако го посерат и тоа, свака им част. :D
 
А како загина еден од најмоќните луѓе во Вестерос, Тајвин Ланистер, убиен во неговиот дом од својот син.

Ја гледаш тука сличноста, двајца од тројцата главни креатори на Red Wedding заминаа на ист начин, неочекувано за луѓе со таков статус, очекуваш да загинат херојски во некоја битка, но како шо викаат во македонскиот GOT - каменот од блиску доаѓа.
 
А како загина еден од најмоќните луѓе во Вестерос, Тајвин Ланистер, убиен во неговиот дом од својот син.

Ја гледаш тука сличноста, двајца од тројцата главни креатори на Red Wedding заминаа на ист начин, неочекувано за луѓе со таков статус, очекуваш да загинат херојски во некоја битка, но како шо викаат во македонскиот GOT - каменот од блиску доаѓа.

Кај Тајвин се исподесија милион срања претходно, да не заборавиме дека он првично ја доби битката со Тирион, го осуди и затвори и Џејми беше круцијален во помагањето на брат му, заедно со Варис. Таму Тирион 1vs1 ја загуби битката со Тајвин.

Се знаеше дека едини што може да го скине Руз е Ремзи. Ама не на таков quick n easy начин. Сепак зборуваме за Руз Болтон, icecold човек.

Проблемот е што ги убиваат ликовиве на еден ист начин, преубрзан, што беше несвојствено за GoT претходно.

Инаку самиот типував пред 2 сезони дека ќе се деси ова:

Инаку ставам 1.000 golden dragons на тип дека Ремзи ќе го скине татко му понатака.

*Крева_сидрото_и_оди_кај_Littlefinger_да_ги_подигне_парите*
 
Топ беше епизодава, не знам што сакате повеќе за втора епизода во сезона. Прејаки моменти со Бран, Сноу и Арија. Рус и стариот Грејџој заминаа, одвај ја чекам следната епизода. (y)

И заборавив најјакото, Тирион на Варис - “следниот пат кога ќе имам ваква идеја удри ме по фаца.“:icon_lol:
 
Можи се разбуди, ама не знаеме каков се разбуди. Можи на лева нога е станат. Јако ќе биде да го претворат во негативец :)
Како во Pet Cemetery :icon_lol:
Ја тука очекував Руз да се врати во телото од Сноу за целосен „не се знае кој пие кој плаќа“ ефект :icon_lol:
 
Сеуште сум во шок од епизодава, липам од среќа солзи ми течат не можам да се совземам..
Последните секунди снемав воздух, ова беше epic.
Ко ќе се приберам малце ќе пишам детална импресија :place::place::place:
 
Ај што беше најслабо чувана тајна ама и самиот чин ми беше комичен. Фалеше уште крилја од лилјак и опаш од ѕвечарка да фрли во огнот. Ебати вештерката. :D

Позитива од епизодава е делот со Bran и првиот поглед на Lyanna и Hodor пред да стане Hodor. Други работи кои ми беа ОК се разговорот на Theon со Sansa, ослободувањето на змејовите и секое појавување на легендата Tormund Giantsbane. Ете го и Euron Greyjoy со grand entry, биче интересно сега кога и Iron Islands ќе добијат поголема екранизација. Само се плашам да не го добијат третманот на Dorne.

Смртта на Roose Bolton беше очекувана но за мене многу нелогична а и непотребна во смисол губат авторитетни ликови кои можат да го направат тој дел од приказната околу Winterfell далеку поквалитетен. Многу ќе беше пологично знаејќи каков скимер е ликот на Roose он да го убие Ramsey а не обратно. Он му даде моќ логично е он да му ја одземе посебно кога го знае каков психо е, сега кога веќе доби наследник.

Колку е само бесмислено она што Melisandre му го вети на Stannis со пијавиците пред неколку сезони. Еве ги сите кралеви умреа а и он. Зошто побогу го скинаа Stannis од платен список?! :icon_lol:

Првиве две епизоди како на fast forward да беа, почнуваат да губат контрола со логика на настаните затоа што брзаат да ја завршат серијата. Не чекаат многу бесмислени убиства и избрзани разврски ала Doran, Roose, Jorah Mormont итн итн.

Се на се занимлива епизода, стандард како за почетните 2-3.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom