Srcee
Unforgettable
- Член од
- 29 април 2008
- Мислења
- 5.275
- Поени од реакции
- 3.496
Арија и Hound, секогаш интересни, што и да прават, па дури и кога јадат чорба како, неизненадувачки, две кучиња. Малата учи доста од овој, што според мене ќе и послужи многу, особено ако стигне/стигнат и до Бравос. Ќе има основа на ракување со оружје, соодветен морал (или недостаток од истото, зависи кој како гледа), интелигенција, искуство, и итрина (покажува се повеќе и повеќе дека е добар манипулатор веќе уште не овие години, и дека само подобра станува). Навистина ми се допаѓа насоката каде ја тераат. Исто така, се согласувам дека тоа со фармерот и Hound што постапи на начинот на кој што постапи, беше една лекција плус која се надева малата ќе ја научи. Малите секогаш учат најдобро преку примери, активни и визуелни.
Кучето го направи тоа што го направи за себе. Му е гајле нему дали Арја ќе научи нешто или не. И како тоа Арја покажа дека е добар манипулатор? Со тоа што рече дека се бореле за Тали?
Санса почнува да ги сфаќа основите на играта (вие што ќе истрчате пак да искоментирате колку е она се уште глупа и наивна, прегледајте ја пак епизодата). Она најави во интервју дека ликот и станува посериозен, позрел и дека почнува да сфаќа многу работи и дека наивноста полека и се губи во новата сезона, го гледате почетокот на таа еволуција.
Прегледај ја пак епизодата. На Санса во епизодава ништо не и беше јасно. Ко теле го слушаше Литлфингр. Бејлиш го убива тој пијаницата, оваа таква "ама зошто го уби?", го гледа бледо. Види и ја фацава само колку и е наивна јбт:

Не ми беше јасна сцената со Џејми и Серсеи. Мартин, олабави на контраверзиите молимте ... Станува пре-исфорсирано, и OOC (out of character, a big no-no in realm of fiction).
Не е out-of-character. Уште во првата епизода од серијава видовме за што е способен Џејми.
Денерис/Калиси - Тие што ја хејтате изгледа не внимавате многу во серијата (што е океј, ако имате други фаворити), но ликот нејзин има еден од најспектакуларните карактерни еволуции во целата серија. Тие што внимаваат поблизу на неа знаат. Досадна била? Не ви се досадни борбени филмови? Серијата е таква што не може секоја нејзина епизода до детали да ја одиграат, особено не борбените сцени (затоа и ги нема во изобилие), ради буџет причини. Да ги имаше, тука сите хејтери ќе серевте колку епик била Дани, ако имаше високо-буџетни, долги борберни сцени како Lord of the Rings. Мисијата ја утнала? Она не заборавила на Вестерос, во никој случај. Него вие заборавате да размислувате стратегиски. Да освои еден град, и да тргне по Тронот? Или можеби е подобро кога цел ебан континент е под нејзина власт, со војска од милиони, не неколку десетици илјади, па да тргне по истиот? Не само недопрените, туку и сите останати ја следат од своја слободна волја и се спремни да умрат за неа. Ако мислите дека она е Нед Старк "добра во душа" не внимавате доволно. Знае да ја искористи својата добрина и милост за да после луѓе гинат за нејзини себични амбиции и каузи (лично мене ми се допаѓа нејзинава "обработка"), и затоа е она на местото на кое е сега. Еден од неколкуте карактери кои ја играат добро Играта (барем сега за сега). Вашиот хејт, е невалиден.
Ние што ја хејтаме ја хејтаме бидејќи е за хејтање ликот, а не бидејќи не внимаваме многу. Не секој кој не се сложува со твоето мислење, не внимава на серијата. Јас лично ја хејтам пошто е тврдоглава. Не знам зошто и служат тоа оветниците. Никого не послуша досега, што се покажа како кобно. Почнувајќи од магијата на вештерката за да го оживее Кал Дрого. Карактерните еволуции не ми се пресудни мене дали ќе го сакам ликот или не. Литлфингр од старт го сакав, што нема врска со неговата карактерна еволуција.
И дај кажи два-три примери за тоа како ги искористила луѓето да гинат за нејзините амбиции?