@Донев - Друже, затоа си ќутев мадро за Подрик
@ElNinho - Daario да не е витез па мора да се држи до некаков кодекс на борба? Прелесно го скина бидејќи другиот се обидуваше да изиграва витез, прљав виттез/badass. А и зошто е Daario. Не е мал фактор тоа.
---------------------------------------------
Коментар за епизодава, ќе се надоврзам на последното што пишав, новиов актер за Даарио ми станува посимпатичен. Не искоментирав претходно, бидејќи едвај две реченици кажа претходните епизоди и некако се уште ми беше нов. Сега веќе трета епизода стигна, се навикнувам полека на него, и , можеби непопуларно мислење, но мислам дека овој е подобар за карактерот него претходниот. Претходниот ми изгледаше како хипик/џанки (не се изненадив кога се раширија гласини дека го смениле со друг ради дрога) собран од Вудсток и опнат меч да мечува. Имаше и creepy смешак што не ми се свиѓаше.
Арија и Hound, секогаш интересни, што и да прават, па дури и кога јадат чорба како, неизненадувачки, две кучиња

. Малата учи доста од овој, што според мене ќе и послужи многу, особено ако стигне/стигнат и до Бравос. Ќе има основа на ракување со оружје, соодветен морал (или недостаток од истото, зависи кој како гледа), интелигенција, искуство, и итрина (покажува се повеќе и повеќе дека е добар манипулатор веќе уште не овие години, и дека само подобра станува). Навистина ми се допаѓа насоката каде ја тераат. Исто така, се согласувам дека тоа со фармерот и Hound што постапи на начинот на кој што постапи, беше една лекција плус која се надева малата ќе ја научи. Малите секогаш учат најдобро преку примери, активни и визуелни.
Кога сме кај лекции - што убава лекција одржа Тајвин на Томен, такво итро обработување ... Томен или ќе биде помлада верзија на Тајвин (ако го следи буквално се што ќе му сугерира постоариов), или ќе го искористи тоа што го знае да биде малку поостра верзија на Тирион. Ми се допаѓа во која и да е насока од овие две ако го тераат карактеров негов. Зависно од тоа што ќе му се случи на Тирион, Варис, колку што знам (а и се надевам), ќе остане на бордот консултанти, и ќе влијае врз Томен исто така, да владее за пример. Лекцијата инаку, не се однесуваше само на Томен, туку и на Серсеи. Не за џабе продолжи кога она рече "this is hardly the time or place". Сакаше индиректно да и укаже дека утнала во изборот, во третманот, и едукацијата (или недостаток на истата), со Џофри, и дека Томен ќе бил далеку подобар пример за Крал, со соодветна едукација, тренинг, и влијание/насочување. Во суштина, беше шлаканица за неа. Потсетување колку испуштила контрола врз Џофри и не само што му ја толерираше ароганцијата и неговата извитопереност, но и ја хранеше истата кога и да стигнеше.
Олена, како што и мислев, целта и е ако не може да го добие директно Тронот, чисто да има лице на него кое го носи нејзиниот куќен сигил, тогаш преку ко-владеење со друга Куќа, која и да е која ќе биде следна најмоќна. Внука и ја дели истата желба, но не по секоја цена, што се чини е модус операнди на Лејди Олена. Веќе ја препаат за следниот (Томен ваљда?). И се чини дека потврди во епизодава, субтилно секако, дека е вмешана во атентатот на Џофри, со други зборови, сковала договор со Литлфингер. Интересен твист, не очекував дека шутот глумеше загрижен за Санса а всушност бил платен од Бејлиш за се. Ме интересира дали и Оберин можеби имал некаков увид за сето ова, особено со разговорот што го имаа он и Тајвин. Санса почнува да ги сфаќа основите на играта (вие што ќе истрчате пак да искоментирате колку е она се уште глупа и наивна, прегледајте ја пак епизодата). Она најави во интервју дека ликот и станува посериозен, позрел и дека почнува да сфаќа многу работи и дека наивноста полека и се губи во новата сезона, го гледате почетокот на таа еволуција.
Не ми беше јасна сцената со Џејми и Серсеи. Мартин, олабави на контраверзиите молимте ... Станува пре-исфорсирано, и OOC (out of character, a big no-no in realm of fiction).
Не ги хејтајте Сем и Гили, еднакво битни карактери се како и било кои други. Преку нив ќе дознаеме повеќе за Mole Town (баш ме интересираше како ќе го прикажат местото, и .... не ми баш likey, ама прерано е за заклучоци). Се согласувам дека можеа се да спојат во една сцена, помала, но сепак не беше лошо што ги покажаа малце. Се согласувам дека и една мала сцена можеа да дадат за Брен, Ходор и остали.
Почнува да ми се допаѓа Оберин се повќе и повеќе, со секој нов дијалог ми е поинтересен. Малку претеруваат што од кога се појави, пола од сцените му беа со луѓе со кои ќе има, или веќе имал секс. Разбирам дека на нашки повеќето ќе го опишат ликот како тешко ебачиште, ама Мартин (или продуцентите) го пренеле тоа во малку побуквална смисла. И покрај тоа, me likey. Се надевам ќе го видиме наското во акција (не сексуална секако). Ми се допаѓа предлогот за дуел помеѓу него и the Mountain. Прејака сцена би било. Почнаа да го зачестуваат овој плавиов љубовник негов, ќе го прават некој (по)битен карактер?
Подрик ... Само ќе искоментирам дека ми се допаѓа сцената како ја одиграа со Тирион.
Денерис/Калиси - Тие што ја хејтате изгледа не внимавате многу во серијата (што е океј, ако имате други фаворити), но ликот нејзин има еден од најспектакуларните карактерни еволуции во целата серија. Тие што внимаваат поблизу на неа знаат. Досадна била? Не ви се досадни борбени филмови? Серијата е таква што не може секоја нејзина епизода до детали да ја одиграат, особено не борбените сцени (затоа и ги нема во изобилие), ради буџет причини. Да ги имаше, тука сите хејтери ќе серевте колку епик била Дани, ако имаше високо-буџетни, долги борберни сцени како Lord of the Rings. Мисијата ја утнала? Она не заборавила на Вестерос, во никој случај. Него вие заборавате да размислувате стратегиски. Да освои еден град, и да тргне по Тронот? Или можеби е подобро кога цел ебан континент е под нејзина власт, со војска од милиони, не неколку десетици илјади, па да тргне по истиот? Не само недопрените, туку и сите останати ја следат од своја слободна волја и се спремни да умрат за неа. Ако мислите дека она е Нед Старк "добра во душа" не внимавате доволно. Знае да ја искористи својата добрина и милост за да после луѓе гинат за нејзини себични амбиции и каузи (лично мене ми се допаѓа нејзинава "обработка"), и затоа е она на местото на кое е сега. Еден од неколкуте карактери кои ја играат добро Играта (барем сега за сега). Вашиот хејт, е невалиден

.
И .... отприлика тоа е тоа што имам да кажам за новава епизода. А, и да се надоврзам на претходните теории на заговор, 100% сум сигурен питата содржеше отров. Џофри почна да покажува знаци дека нешто не е во ред уште тогаш, а се немаше ни капка вино напиено.