Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
И сеа Арја го имат занаетот или го немат?
 
Не знам дали приметивте, ги прати Лансел и компанија за да види како ќе се справат со Планината, и веднаш потоа укина trial by combat еј
Шо збориш бе?
Демек мораше да се испита дали е јак Планината? :icon_lol:
Епизодата ми се допадна.
28ZTGVR.jpg
 
Незнам шо беше критериум за арја да стани no one?
Фејлна да се убие во себе, не ја уби метата, се откажа од фејслес култот и за на крајот џакен да и речи дека станала фејслес
???
 
Во ваков жанр би било играње курташак со гледачите,замисли Фродо стига до крај го убиваат му го зимаат прстенот и оркиве уништуваат се. Мислиш ќе беше боље вака:icon_lol:
Да беше само битката окулу тронот ќе можеше недифинирано да заврши,играта продолжува. Али со зимава мора да има некој епилог(а луѓето да преживеат).
Во ЛОТР има класична борба на доброто и злото, Саурон гладен за моќ и доминација против сите оние кои сакаат мир, зол лик против добри ликови. Во ГОТ нема класично добри и класично лоши ликови и во тој сегмент за мене е многу подобрa во прикажување на човековата природа. Следствено на тоа, мене би ми било глупо да има некаков среќен крај, праведен крал, сите среќно си живееа....
 
Генерално, една од полошите епизоди, мора да се признае, воглавно заради приказната на Арја. Убаво спомна некој погоре, на ниво на Дорн. Многу нелогичности, многу дупки, многу изгубен потенцијал. Многу сум разочаран.

Другите локации ми беа во ред, иако не поминаа без стандардните глупави дијалози. Од вицевите на Тирион најсветол момент ми беше недоискажаната анегдота за магарето во борделот од прва сезона. Пак на стара слава.

И веројатно негде некој има изброено и сигурен сум дека сезонава се спомнуваа „cock“ повеќе од сите сезони заедно досега. Аман.

П.С. Дебатата неколку страни претходно за најубава женска,мислам... мене ова намрштеново ми е најубаво
:love:

tumblr_npzxycBpBs1thuopmo4_250.gif


#NeverForget :sick:
 
Во ЛОТР има класична борба на доброто и злото, Саурон гладен за моќ и доминација против сите оние кои сакаат мир, зол лик против добри ликови. Во ГОТ нема класично добри и класично лоши ликови и во тој сегмент за мене е многу подобрa во прикажување на човековата природа. Следствено на тоа, мене би ми било глупо да има некаков среќен крај, праведен крал, сите среќно си живееа....
Баш напротив, освен еден куп неутрални фаци кој се тепаат за тронот другиот дел си е класичен за овој жанр.
Најт кингот е класичен зол лик,и главен антагонист а џон пример ти е класичен добар лик. Затоа и го оживуваат,затоа и калиси не умира. Бидејки приказната на крај ќе се сведе на нив а не на Серсеј , Болтон , Роб...
 
"What's west of Westeros? Nobody knows, it's the end of the map."

Малку foreshadowing нешто или? Мислам зошто би го вметнале тоа во дијалогот ако не е со причина?
 
Шо збориш бе?
Демек мораше да се испита дали е јак Планината? :icon_lol:
Епизодата ми се допадна.
28ZTGVR.jpg
Јас дефинитивно така разбрав, не може да е случајно тоа што Планината уби еден од нивните и веднаш потоа укинаа trial by combat.
 
Daenerys Targaryen со Drogon на Доналд Трамп ме потсеќа, овој со хеликоптер, а оваа со змеј долетува, уште да мавташе со раката и да се смешкаше :D
Арја пак го заеба и 50 Cent, да му смрди на нигеро, 9 пати го испукале, оваа ја избодија и трча ко Хусеин Болт за злато.
 
Шеста година откако гледам ГоТ и досега ми се немаше случено да заспијам на сред епизода од досада. Само што си дојдов од работа и со нетрпение чекав да ја изгледам новата сезона само за да заспијам од досада после 15-20 минути. После 2 часа ја изгледав цела епизода и сфатив дека ова беше уствари најглупата епизода досега откако постои серијата. Сериозно, имало досадни епизоди досега но сепак со некакви кул и поентирани муабети, оваа ништо. Само две три сцени без добри и интересни за гледање другото срање.

Арја факинг терминатор, ништо неможе да ја убие додека ликови појаки од неа во серијава и во книгите гинеа како муви.
Џејми и Бриен, доста добри сцени и мило ми беше што пак ги видовме заедно иако на кратко. Ова беше добар дел од епизодата.
Кучето кога мочаше во реката ми беше толку напнат момент што изрипав од кревет и мислев дека ова е конечно моментот да се појави Лејди Стоунхарт ама пак ништо на крајот, и најверојатно никогаш нема да се појави како што кажаа. Сепак се надевав.
Сцените во Кингс Лендинг се толку досадни што мислам дека поинтересно ќе ми е да гледам цртан филм наместо тие сцени. Планината кине глави со еден потег, ок ова беше јако.
Калисиво ми ги дуе јајцата со секое нејзино појавување, стално е ѕвезда скоро секоја ебена епизода. Искрено веќе сакам некој да ја рокне и ај у пичку матер. Шест сезони исти курови се вртат околу нејзе.
 
А која е Лејди Стоунхарт,гледам и други погоре ја спомнаа?
 
А која е Лејди Стоунхарт,гледам и други погоре ја спомнаа?
Cait Stark у книгите, која после The Red Wedding е оживеана од @Beric Dondarrion :D
Го дава неговиот живот за нејзиниот.
 
Последно уредено од модератор:
Јас дефинитивно така разбрав, не може да е случајно тоа што Планината уби еден од нивните и веднаш потоа укинаа trial by combat.

Дефинитивно тоа беше причината што го укинаа. Не знам колку ги прати стариов да го испитаат Планината колку може да кине глави, али сега не може Серси да си одбере сигурен начин да се спаси при судењето.

Ликот на Тирион го заебаа, леле колку само го заебаа. Низ сезониве го обожавав буквално, секоја реченица му вредеше, сега или го нема, или кажува некои смотани вицеви и глупости. Колку во неговиот лик фали пишувањето на стариов. За другите ми е гајле, али ова им е огромен пропуст.

Фановите смислија појака приказна за Арија од продуцентиве. Ич немаше логика тоа нејзиното.

Сега чекам наредна епизода за да се врати малце акцијата. Се надевам дека ќе биде приближно добра ко The watchers on the wall и Hardhome, зашто нели, најјаките епизоди се оние на кои најмногу од епизодата или цела, се посветува на Северот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom