Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување

Сценава беше меастрална, неколку пати ја гледав, се подобра станува.
Едина мала замерка би била и во претходниот флешбек, нема потреба толку преку дијалог и со зборови да се објаснуваат некои работи, како на пример кој е Нед, кој е Халанд Рид, па претходно дека девојката што дојава во дворот е Лијана, дека малите во дворот се Нед и браќата, на секој малце подетално што ја прати серијата јасни му се тие работи и без објаснување.
Но ги разбирам продуцентите зошто го прават тоа, за гледачите кои не ги читале книгите или не читаат статии или гледаат дополнителни видеа за GOT и АSOIAF универзумот да знаат што се случува.
 
Ако навлезат во тој дел од приказната ќе стане интересно. Oldtown, Citadel и Maester-ите се огромен потенцијал за мистична и возбудлива приказна а единствена конекција со нив моментално се Sam и Gilly.

Тука се согласувам. Затоа изгледа почнаа уште од ланската година ептен да ги форсираат овие двајца, и сега има смисла зошто. Изгледа имаат дебел материјал за презентација или снимање (ако продолжи за наредната сезона), за баш овие места.

Разбирливо што го сецнаа Tower of Joy, меѓутоа борбата беше задоволителна. Седумина против Ser Arthur Dayne и пак ги победи. Легенда!

Поправи ме ако грешам, ама не требаше да бидат седуммина против тројца? Ние видовме двајца таму, едниот го кокнаа прилично брзо, а Дејн остана жив. Подолго де. Остана жив подолго :D. Него кој беше третиот и зошто го немаше во одборот за пречек?

Уживам во секоја сцена со бабата. Olenna и Kevan Lannister ќе ги размрдаат малку работите во King's Landing.

Еејјјј, гледаш, знаев дека заборавив да искоментирам нешто. Олена иако знае што се случува по градов со тие што јадат гомна за Серси и Франкенпланина, и пак гајле нема со Серси и покрај тоа што он е таму да ја направи бербат ремет и извреѓа на classy начин :D. Значи крај! :cuc: #ollenaforthethrone

Едино друго нешто што беше интересно за мене лично беше што го спомнаа Волантис, во делот кај Мирин, како дел од заговарачите. Астапор и Јункаи сфаќам зошто засукале ракави, ама Волантис не беше чепнат од Дени. Пошто го вмешаа во приказнава, мислиш дека ни следува и Волантис сетинг? :D Се надевам нема да го заебат зошто веќе го поебаа Дорн, а Волантис ми е едно од поинтересните места од Езос каде се надевам ќе прикажат нешто пообемно (има доста материјал за обработка).
 
Тука се согласувам. Затоа изгледа почнаа уште од ланската година ептен да ги форсираат овие двајца, и сега има смисла зошто. Изгледа имаат дебел материјал за презентација или снимање (ако продолжи за наредната сезона), за баш овие места.

Претпоставувам дека Сем ќе има голема улога наредната сезона, мислам дека ќе научи или ќе ископа матријал во Citadel за како да се победат The White Walkers зошто едно е да убиеш еден со тие ножињата, друго е цела армија и заедно со Џон Сноу ќе се борат(предводат) битката со Белите додека Дени(дур се врати и среди ситуацијата во Мирин ќе пројде цела сезона) во 7ма сезона ќе ја освојува и управува другата страна и кога конечно ќе заврши у 8ма(ако ја има) ќе дојде со Тирион и змејовите и ќе ги уништи засекогаш Белите(јер губеле од Џон и Сем, ама извадиле некое тајно оружје/ тактика/магија и им удриле контра напад).

Инаку серијава е врв и има потенцијал за 20 сезони а не за 8, штета што се под HBO да беше некоја друга компанија мислам ќе ги тераа на долго и убаво ќе објаснеа за сите приказни.
 
Сите растат само бебево на Гили не,5 сезони е во количка и цица.
Тој проблем го има постојано во серијата, затоа што не сите приказни се одвиваат на истиот тајмлајн. Наједноставно ми е да објаснам со примерот од почетокот на оваа сезона. Приказната за Џон продолжи уште од наредниот ден помалку од 24 часа додека пример приказната на Џејми продолжи неколку недели или месеци подоцна како што објасни некој претходно на темава дека трае патувањето од Дорн до Кинг Лендинг
 
Мислам дека мало детенце не им се уклапа во приказната,бидејки 6 сезони се во прашање а тајмлајните се среќаваат. Пример бран беше мал,го виде џон, порасна, бебево гајле нема.
 
Еј Варис кога и збореше на онаа Вала, кога откриваше кој ги води Sons of the Harpy.

Оваа му вика:
- The Unsullied and the Second Sons are foreign soldiers brought here by a foreign queen to destroy our city and our history.

Варис = Сорос?

Stop it Vala, you're eating ВМРО propaganda!
 
Птичките се Соросоиди, а? :pos:
 
И да кажам, Денерис и нејзината приказна се најдосадното нешто во серијава, не само сега, од првата сезона е така.

u prva sezona baram ja siluvaa.od togas navamu ne siluva ona so glumata
 
u prva sezona baram ja siluvaa.od togas navamu ne siluva ona so glumata

Се вообрази госпоѓата многу дека веќе нема цицки да покажува, дури и на сценава од денешнава епизода, се намачија луѓето да не покажат нешто вишка, а ваму Џон Сноу ги почасти жените (и мажите со поинаква определба) со своето голо воскреснато тело.
 
Полека почнува да се развива нешто сезонава.
Старк од почеток ми се најјака фамилија, заедно со Тирион омилени. Флешовите со Бран ми се супер, знаев дека ќе прекинат на најинтересното, али ајде. Арија стана никој, конечно после цел ќотек. Рикон конечно се појави и се изнервирав за волкот у пм. Џон којзнае каде замина, и којзнае дали ќе има некои последици од воскреснувањето кои епизодава не ги видовме.
Деловите со нив ми се интересни, се друго ми беше многу досадно. Дени пак да не прајме муабет, се надевам ќе си вари чај со тие вдовиците и ќе ја заборават дека постои.
 
Мали Џон ми остави најголем впечаток епизодава. Без никаков респект му влезе клизачи на Ремзи. Целава ситуација со Рикон ми е сомнителна. Umber од секогаш биле тешки Stark лојалисти. А ако стварно се удружат северњациве против Jon Snow и дивјаците тогаш целиот тој хајп околу The North remembers паѓа во вода.
 
Прејака епизода луѓе не се ни сомневав дека нема да биде така... Tower of joy секако најдобра сцена се на се.. Едноставно уживам во флешбековите на Бран, знаев дека ќе прекинат на главното и тоа е она што не интригира уште повеќе.. Очекувам сезоната да ја завршат со фул сцена Tower of joy инаку не знам што би кренало повеќе хајп за до наредната, како и да е рано е да кажеме искрено се надевам дека ќе ја откријат вистината за Џон оваа сезона јер на никој не му се чека уште една година..

Воскреснатиот Џон - солзи пролеав на сцените со него.. Јасно е дека иде за Винтерфел.
Ме бендсаја претпоставките за Рикон и Оша и Умбер за таен заговор да го скинат Ремзи, и онака излезе спојлер уште порано дека оваа сезона Ремзи умира.. Се надевам нема да го искасапи Рикон и го ретвори во Рик (ама си одговараат името и прекарот почнувам да се плашам :LOL:)
Главата од волкот милион посто сум сигурна дека не е шегидог, Ремзи и онака никогаш не го видел direwolf-от на Рикон па од каде би знаел дали е тој или е некој рандом волк, кога не го позна Рикон тогаш како би го познал него o_O

Кингс Лендинг се буричка многу, врапциве ќе го чапнат Томен пуси Баратеон.. Серси ги доби птичките, малиот совет е против кралицата.. Ќе има добра битка тука, Олена ја обожавам како лик, итра, лукава, достоинствена..

Тирион некако го направија офф спотлајт, му ја украдоа славата.. Сакам пожестоки сцени со него, да успее да воведе ред во Мирин, да смисли лукав план како да ги сотрие и овие господарите.
Не ми ја плукајте Денерис, сигурна сум дека ќе има јак пресврт тука и на крајот сите ќе останете вакви :eek: Водечки лик во Гот е сепак..

Настаните имаат одличен тек, минутажата на секој лик е со причина.. Едвај чекам Old town i the citadel.. засега најинтригантна приказна што ни следи, и сигурно ќе ги крие клучните моменти.
:cuc:
 
Едина мала замерка би била и во претходниот флешбек, нема потреба толку преку дијалог и со зборови да се објаснуваат некои работи, како на пример кој е Нед, кој е Халанд Рид, па претходно дека девојката што дојава во дворот е Лијана, дека малите во дворот се Нед и браќата, на секој малце подетално што ја прати серијата јасни му се тие работи и без објаснување.
Но ги разбирам продуцентите зошто го прават тоа, за гледачите кои не ги читале книгите или не читаат статии или гледаат дополнителни видеа за GOT и АSOIAF универзумот да знаат што се случува.

Што би рекол @Darko_ufo, тоа го прават за нормалните гледачи на серијалот а не за нас "ненормално" љубопитните кои читаме книги, форуми, reddit и се што е поврзано. Пошто нели, најглолем грев е да бараш информации во време на интернетот. SHAME SHAME SHAME for us, треба да бидеме просечен глорихантер гледач кој ја глеа серијата само за цицки и не се потресува на приказната.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom