Не очекував Џон така директно да му каже на Менс се, ама ете, си беше помирен со тоа дека треба да си го жртвува својот живот доколку сака да го убие Менск. Станис неочекувано ми се појави, иако мислам дека и тука некој како да ни кажа за ова онака од околу, и не го сфативме сериозно. Во секој случај, Станис успеа да се договори со тое во Бравос, доби војска и флота и покажа дека е единствениот кој се грижи за целото кралство и единствениот кој одговори на писмата пратени од ѕидот.
Дени се повеќе и повеќе мислам дека сфаќа дека ништо не е под нејзина контрола и дека не е се лесно како што си планираше. Голем дел од луѓето кои ги ослободи сигурно имаат потешкотии да се навикнат на новиот живот, Дрогон прави проблеми наоколу и не може да го контролира. Цело време се бори за слобода, а на крај мораше своите деца да ги врзе со ланци и да ги направи робови.
Бран конечно стигна до дрвото. Се надевам дека ќе видиме доста од неговата приказна во наредната сезона затоа што би требало сега да стане тоа интересно. Ќе лета, хмм. Стватно има логика тоа што го кажа
@vidooq, ваму го нема Дрогон веќе неколку дена, а овој на Бран му кажува дека ќе лета. Може да е поврзано некако.
Арја се по сурова. Баш да видиме како ќе продолжат Бриен и Подрик, кај ќе одат сега. Арја си тргна уште еден човек од листата, а Тирион и го тргна и Тајвин. Се повеќе се намалува листата, а сега и конечно се случи тоа што го очекував цело време. Ќе оди во Бравос, и таму се надевам дека ќе се сретне пак со Џакен кој ќе ја научи на се што знае, за еден ден да се врати назад и да се одмазди за се што се случи на нејзината фамилија.
Тирион не верував дека ќе умре, знаев дека мора некој некако да го спаси. А цело време мислев дека тоа ќе биде Тајвин. Ама сепак на крај можеби и нај логично Џејми беше тој што се појави на вратата, а и Верис му помогна одржувајќи си го зборот. Кога реши да се врати мислев дека ќе се зезне и ќе го фатат пак. Шае го повреди уште повеќе, а Тајвин пак му одржи лекција за курвите, како со таа со која се венчал уште како мал. Ќе беше многу подобро доколку налеташе на Серсеи и ја убиеше неа. Тајвин многу ќе фали, ама сам си е крив и зборовите на Серсеи беа ептен точни. Многу ќе фали Тајвин во серијава, беше еден од најдобрите ликови и човекот кој го водеше кралството од позадина.
Сега со Тајвин мртов, Станис мислам дека повторно има големи шанси да седне на тронот. Доколку е паметен, можда и ќе се договори со Менси, и ќе го убеди сите дивјаци да застанат зад него со што уште повеќе ќе си ја засили војската и ќе го зголеми бројот на поддржувачи. Без Тајвин во Кингс Лендинг, а и без Верис, Серсеи сега е единствената која можеби може некако да управува, ама тешко дека ќе се снајде сама, па очекувам многу брзо да се распадне целата власт на Ланистери и Тајвин да го превземе тронот.
And now we wait
