Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Епизодава за тие што збореа дека има досадни епизоди до сега.
 
Leonardo_682x400_453794a-480x281.jpg

You know nothing, Jack Dawson.
Страв ми е да прашам како и зошто му го памтиш името и презимето...
 
епизодиште !

криво ми е за Грен, добар лик беше..

може некој да ми каже колку е џинот поголем од "the Mountain" ?
 
епизодиште !

криво ми е за Грен, добар лик беше..

може некој да ми каже колку е џинот поголем од "the Mountain" ?
Не е некоја голема разлика меѓу дистанцата на џиновите и Планината и џиновите и... ти рецимо. Планината е само многу висок човек, 2.30 мислам беше. Џиновите се 4 метри...
се надевам не е спојлер @wot
 
Па кога праќаш некој да искрши врата за да може војската да помие ќе ја донесеш и целата војска. Мислам собрале 100 луѓе и ај ќе ја напаѓаме вратата ние, а војската во позадина нека мирува. ќе опколиш ќе заштитиш. Што знам, чудно ми беше, посебно кога видоа колку crows има внатре во замокот (1 )...
А за групата што нападна, прашањето ми беше зошто тие повторно се вратија назад, слегоа по ѕидот и се тоа.(2)
Зошто тогаш воопшто одеа позади ѕидот? Не им беше целта да ги нападнат од позади?(3)

1 ) Кога одиш да „кршиш“ врата не ја носиш целата војска. Носиш само потребните луѓе и опремата. Тие што се бранат сигурно ќе фрлаат нешто врз тебе ( масло, камен, стрели ). Ако ги однесеш сите луѓе, повеќе жртви ќе имаш, помал простор за движење, помала брзина. Ако нешто тргни наопаку, ќе треба сите да ги повлекуваш, вака ако им се случи нешто на првите, ќе прати други, се дур портата не е турната.
2 ) Кој се врати назад ? Целата војска се врати назад пошто портата сеуште стоеше. Башка и да ја отворат тунелот не е доволно голем за да ја прати цела војска, ќе мора да праќа 1000 по 1000, иначе може да го „затрупаат“ тунелот со мртви тела, или пак може повторно нешто да тргне наопаку како претходно шо спомнав.
3 ) Одеа позади за да „тестираат“ како што веќе спомнаа, или доколку се укажи шанса, да успеат да пробијат само со толку малку луѓе. Затоа и ги праќа најдобрите. Дури да не успеат, дури и сите да бидат мртви, ќе им нанесат такви штети што моралот ќе им биде на ниско ниво. Ако пратиш друга група на 100 луѓе наместо овие што ги прати, најверојатно ќе беа лесно победени бидејќи немаат прав водич меѓу нив. Ти да успееш да добиеш битка со 100 луѓе на 2 фронта против таква војска базирана на страв, легенди и фанатизам, а притоа да претрпиш минимални губитоци, моралот се крева на високо ниво.

Така да, не победи The Night's Watch овдека, во најдобар случај битката заврши „нерешено“, со тоа што само го одолговлечија моментот на пораз. Едните изгубија пола војска, добар дел од своите ресурси, добар дел од својата одбрана и секој „искусен“ генерал. А другите губат 1/1000тинка од својата војска ( во најлош случај ), додека имаат „неограничен“ извор на ресурси потребни за заробување на замокот а генералот кој ги обедини уште живее.

Strategy lessons 101 :D

Оди да го убие а не да однесува како дел од групата негова , освен ако некој не спојлна овде и не наведе кон тоа. Не знам.
Ај престани да пишуваш вакви постови , ти знаеше дека Игрит ќе умре?

Дај бе не биди параноичен :mad:
 
Многу јако изработена битката, најака визуелно изработена епизода можеби од сите серии во историјата кога станува збор за битка и CGI.
Mногу јака режија, кога нападнаа дивјаците од јужната страна на ѕидот движењето на камерата преку црниот замок до јуришот на дивјаците од другата страна на ѕидот па се до големиот оган на Менс.
И во замокот кординација со камерата, партали.

Менс има 100.000 армија, од таа армија можеби денеска изгуби само 3%, он си рачуна дека нема теоретски шанси да изгуби.
Он знае дека црниот замок е негов, дека црниот замок нема како да се одбрани тоа го знае и Џон затоа ке иде да се жртвува, бидејки како и да е сите на ѕидот се мртви.

Според мене требаше малце повеке време да се посвети на ѕидот, да се посвети време на развиток на карактерите како тие на Пип и Грен, за нивната смрт да имаше уште поголем импакт.

За Сер Алисер, неможе да знаеме дали е жив или не, ќе видиме тоа наредна епизода.
 
Последно уредено:
1 ) Кога одиш да „кршиш“ врата не ја носиш целата војска. Носиш само потребните луѓе и опремата. Тие што се бранат сигурно ќе фрлаат нешто врз тебе ( масло, камен, стрели ). Ако ги однесеш сите луѓе, повеќе жртви ќе имаш, помал простор за движење, помала брзина. Ако нешто тргни наопаку, ќе треба сите да ги повлекуваш, вака ако им се случи нешто на првите, ќе прати други, се дур портата не е турната.
2 ) Кој се врати назад ? Целата војска се врати назад пошто портата сеуште стоеше. Башка и да ја отворат тунелот не е доволно голем за да ја прати цела војска, ќе мора да праќа 1000 по 1000, иначе може да го „затрупаат“ тунелот со мртви тела, или пак може повторно нешто да тргне наопаку како претходно шо спомнав.
3 ) Одеа позади за да „тестираат“ како што веќе спомнаа, или доколку се укажи шанса, да успеат да пробијат само со толку малку луѓе. Затоа и ги праќа најдобрите. Дури да не успеат, дури и сите да бидат мртви, ќе им нанесат такви штети што моралот ќе им биде на ниско ниво. Ако пратиш друга група на 100 луѓе наместо овие што ги прати, најверојатно ќе беа лесно победени бидејќи немаат прав водич меѓу нив. Ти да успееш да добиеш битка со 100 луѓе на 2 фронта против таква војска базирана на страв, легенди и фанатизам, а притоа да претрпиш минимални губитоци, моралот се крева на високо ниво.

Така да, не победи The Night's Watch овдека, во најдобар случај битката заврши „нерешено“, со тоа што само го одолговлечија моментот на пораз. Едните изгубија пола војска, добар дел од своите ресурси, добар дел од својата одбрана и секој „искусен“ генерал. А другите губат 1/1000тинка од својата војска ( во најлош случај ), додека имаат „неограничен“ извор на ресурси потребни за заробување на замокот а генералот кој ги обедини уште живее.

Strategy lessons 101 :D
Па за првото. Со самото тоа што одиш со 50 души, автоматски си осуден на пропаст. Баш како што рече, знаеш дека тие што ја бранат портата ќе удрат на тебе, па баш поради тоа мораш да бидеш спремен, да бидеш посилен од нив. Што ќе се случеше ако ја рушеа вратата? Ќе влезеа 10 души внатре и ќе умреа ( јебига сигурно има повеќе crows него напаѓачи во случајов ). После овие ќе ја забарикадираа вратата и бам, ништо не сме направиле. Ако имаше тука доволно војска кога џинот ја крена вратата овие ќе влезеа внатре и работата ќе беше завршена. Финтата е што овде нема потреба за никаква стратегија, едноставно знаеш дека непријателот е 1000 пати помалкуброен, најпросто е да го нападнеш и победиш без разлика на загбуите (кои да бидеме реално никако немаше да бидат големи ). Замисли ако 100 души успеаа да влезат внатре, да беа 1000 досега тврдината ќе беше освоена. И зошто целата војска не се упати на вратата низ која влегоа тие 100 души? Мислам тој дел беше очигледно многу полесен за освојување... Едноставно некои работи беа глупост, како тие 10 души што почнаа да се искачуваат по ѕидот? Која беше нивната цел? Знаеш дека горе те чекаат барем 50тина души, вооружени. Па уште и сидрото го пуштија, за 10 души и им открија еден страшен механизам кој во друга ситуација можеше да однесе многу повеќе животи. Сеа јебига, може некој ќе рече тоа се wildlings, ама па мора да имаат некој синџир на команда, сигурно не се движат рандом.
За 3ката, ме интересира зошто се вратиле доле, на подножјето на ѕидот, не можеа да ги нападнат од горе (пошто нели веќе беа таму).
 
Ремек дело, се помочаа врз Blackwater епизодата. Каква маестрална режија и неверојатни ефекти. Што да се каже освен дека епизодата е чиста 10ка.

Инаку Џин што ракува со лак и стрела

tumblr_n6wp1lzrIb1r5kouso1_250.gif


tumblr_n6wp1lzrIb1r5kouso4_250.gif


That's enough internet for today :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom