- Член од
- 7 април 2012
- Мислења
- 1.130
- Поени од реакции
- 1.510
Леле, депресивна епизода...
Ептен ќе ми фали Педро Паскал, феноменално глумеше уште од почетокот, ама оваа епизода дефинитивно беше врвот. Тој, плус кореографијата го направија двобојот најјакото нешто што сум го гледал во серијава. Аха, и новиот Грегор не беше лош. Има голем талент за викање, тешко дишење и кршење глави.
Туку еве и некој коментар за сцената. Знаев што ме чека, ама и мене не ми беше лесно. Оберин во книгите ми беше еден од најинтересните ликови, а со Паскал и во серијата. Како беше снимена смртта, да не ми текни уште еднаш ништо да јадам. Му ги ископа очите - добро. Болно вриштење - добро. Ама мораше да видам и да слушнам како му пука главата како балон? Ич не им е гајле на овие шо ја пишеа епизодата за чувствата мои.
Жал колку ми е за Џора, појма немате. Не го оправдувам, ама после се шо има напраено за неа, така да го исфрли...многу ладно и неблагодарно. Ако не се искупи со тоа што со години верно и служеше или со тоа што и го има спасено животот кузнај колку пати, не знам како би се искупил. Важно го шутна. Дарио ја чека, ако.
Тажна беше дури и сцената во занданите. Брачедот на Тирион - буквално Хитлер. Геноцид на бубачињате им правеше. Не дека не го заслужи крајот, ама пак беше тажно дека заврши со смрт-виа-магаре.
On the bright side...
Болтонци се среќно семејство и Рус ми го стопи срцето. Најдобар татко во Вестерос, никој друг не е ни блиску. " Not nothing. The North. " - Lord Mufasa Bolton

![](https://31.media.tumblr.com/7519100d1a5587e47a75e9604b9a0105/tumblr_inline_n6is4o3Mlp1sfaf7b.gif)
![](http://media.giphy.com/media/5fBH6zkUrfKGSTvCYb6/giphy.gif)