Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.476
- Поени од реакции
- 36.716
Добра продукција... за серија. Ама сепак се на се кога ќе се спореди со грандиозноста на универзумот на Песната за Мразот и Оганот... ова е бедна екранизација.
Чичко Мартин се полакоми за пари во страв дека како на Толкин, ако чека достојна продукција, делото ќе му го екранизираат постхумно. Валидна причина, ама сепак...
Од каде да почнам...
Првата епизода не беше така лоша ама како одеше понатаму се гледаше на колку работи кинеле за да заштедат. На пример хордата на Дотраките се состои од 20тина бедно облечени статисти а според книгите треба да се неколку десетци илјади... Ни неколку масовни CGI сцени не можеле да си дозволат?
Кастингот е ужасен.
Едард Старк, односно Шон Бин е можеби единствениот избор што е прва лига за улогата.
Кјетлин Старк, тешко промашување. Кој дел, од описот на привлечната и сочна црвенокоса госпоѓа во средни години од книгите, продуцентите го нашле во старицата Мишел Ферлеј... не ми е јасно.
Синовите на Еддард: премногу феминизирани, слаби некарактерни глумци, посебно тој што го глуми Роб...
И така натаму, има накај 17тина главни карактери од кои во книгите повеќето добиваат свое место како главни протагонисти низ чии очи се раскажува дејствието.
Со неколку исклучоци повеќето улоги се тешко промашување и бирани се чисто од економски а не веродостоен аспект.
Кореографијата на масовните битки и поединечните борби се смешни, почнувајќи од ведостојноста на оклопите /оружјата па преку самите борби. Премногу ефтино.
Вакво литературно ремек дело заслужува многу подобро од ова, барем нешто на ниво на Стопанот на прстените. И само да споредам, ако Питер Џексон само донекаде го искасапи Лорд оф д рингс, екранизацијата на Гејм оф троунс тотално го упропастува литературното дело.
Да, некој како мене што со задоволство ги прочитал книгите неколку пати, може да се опушти и да ја изгледа и серијата.
Ама за Вас што не сте ги прочитале книгите имам една порака:
Прочитајте ги прво книгите.
Не дозволувајте серијата да ви го расипе доживувањето на книгите!