Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
И колку Хендрикс би одговарала на улогата за „чесна жена и добра мајка“ !? :cautious:

Имате на кого да :drk: да го еам, не и фалат убави жени на серијава...

Сеа ќе ми каже некој дека у книгите така било, yeah... Има слика од г-ѓа Старк у книгите !?
 
И колку Хендрикс би одговарала на улогата за „чесна жена и добра мајка“ !? :cautious:

Сеа ќе ми каже некој дека у книгите така било, yeah... Има слика од г-ѓа Старк у книгите !?
Ни Sir Ian McKellen со неговата геј определеност во теорија не би требало да се одбере за нај baddass ликот во целиот Толкин универзум. Па сепак улогата на Гандалф ја одглуми добро, дури се сомневам дека имаше подобар теоретски избор.

Туку да се вратиме на Game of Thrones. Кејтлин Старк во книгите е доста помлада од маж и Едард Старк. Првото дете, најстариот син Роб има 16-тина години кога почнуваат книгите а Кејтлин го родила доста млада.

Поврзи го тоа со фактот дека неколку главни ликови се вљубени во неа и доста дејствија во книгата се вртат баш окулу тоа. Или спореди ја со кралицата (еден од посекси ликовите во книгите а донекаде и во серијата) со која Кејтлин Старк е врсник. Сега погледни ја старицава на сликата доле која е дефакто едно 20-30 години престара за оваа улога. Факт што не го менува ни тоа дека на фотографијава е шминкана од тим професионални шминкери.

Повели повторно кажи дека кастингот за оваа улога не е тотално погрешен... освен најверојатно од чисто економски аспект. :sneaky:
Не морале да најдат плејбој зајачица, ама едно 20тина година помлада глумица секако морале.

michelle-fairley.jpg
 
Не ме разбра, не се работи за недостаток од изненадување кога го формирав моето гледиште за оваа ТВ екранизација. Мене ми смета гигантскиот диспаритет меѓу квалитетот на литературното дело и екранизацијата на серијата.

За разлика од многу други серии/филмови овде основата за сценариото е едно грандиозно литературно дело, па продукцијата на серијата дури и ако е добра во споредба со стандардите што ги наметнуваат другите серии/филмови... сепак е бедна во однос на книгите.

Јас едноставно им препорачувам на луѓето прво да ги прочитаат книгите, па дури потоа да ја гледаат серијата.
На вас кои веќе сте ја гледале првата сезона и ви се допадна, можам само да ви кажам дека ако во серијата видовте неколку WTF моменти... во книгите тие моменти се стотина пати понагласени. Едноставно филмскиот медиум не може верно да ги пренесе мислите и емоциите на авторот, кои во книгите се така мајсторски пренесени.
И јас да ги немав читано книгите за серијава ќе речев wow, одлично... па сега вие замислете колку многу ми се допаѓаат книгите за да кажам дека адаптацијата за ТВ е бедна.

Серијалот книги Песна за Мразот и Оганот, чијшто прв дел е Играта за престолот, е прекрасно дело. Не уништувајте си го доживувањето со гледање на серијата без прво да ги прочитате книгите.

Ако парите се проблем, сетете се дека секогаш има и други извори на книги од кои не најмалку заливот на пиратите или превозот на Бане. Авторите заслужуваат нивните дела да се купуваат ама ништо не смее да ја спречи желбата за читање.
друже кажи ми нешто околу книгите,колку пари се од каде да ги набавам и дали ги има само на англиски или и на некој друг јазик,српски или нешто слично
 
друже кажи ми нешто околу книгите,колку пари се од каде да ги набавам и дали ги има само на англиски или и на некој друг јазик,српски или нешто слично
На македонски мислам дека ги има во ТРИ (во ГТЦ на спрат), или барем рекоа дека треба да добијат пред неколку месеци.

Цената која е не знам, ама претпоставувам солена е, како и вообичаено кај нас за вакви изданија. Ако си љубител на читањето имам еден совет за тебе: Купи си читач на електронски книги. Цената на основната верзија на Амазон Киндл падна на 79 долари... предпоставувам со избегнувањето да купиш само неколку книги од овој серијал книги ќе ја извадиш инвестицијата во ebook reader (5 книги се досега, а серијалот треба да има вкупно 7).

Само не ги слушај гиковите кај нас што ќе те убедуваат дека со ајпад и слични кинески геџети можеш да читаш книги како човек. Вистинските електорнски читачи имаат E-ink дисплеј а не LCD. Верувај прва лига е за читање, откако го купив мојот Киндл читам барем трипати повеќе... на интернет има што сакаш и не мораш да трпиш имбецилни преводи какви се често нашите преводи. Ако англискиот ти е проблем, има многу книги на српски и хрватски, преводот им е по дифолт многу подобар. Жална реалност за нивото на нашето издаваштво. Јас лично претпочитам на изворен јазик да читам а конкретно оваа серија книги и ги најдов на девојка ми и на хрватски јазик.

(y)
 
друже кажи ми нешто околу книгите,колку пари се од каде да ги набавам и дали ги има само на англиски или и на некој друг јазик,српски или нешто слично
Ја ги имам на компјутер у .pdf и така си ги читам. Позаебано е отколку да читаш од хартија, ама што е тука е.
 
Кожа да ти се наежи од тизеров. Ќе биде ова одлична сезона. Се гледа :) ( макар што Кал Дрого ќе ми фали).
И мене ќе ми фали, ама ќе има десетина нови ликови такада ништо страшно.
 
Уф, уф, добар тизер.
Инаку, во толку настани и ликови не се ни забележува загубата.:)
Уште 4ри месеци...
 
И мене ќе ми фали, ама ќе има десетина нови ликови такада ништо страшно.
Едвај чекам да видам како ќе се развива ликот на Џон Сноу - мојот омилен лик во серијава. Може Дрого го убија, ама овој не смеат, ќе ги стрељам :)
 
Едвај чекам да видам како ќе се развива ликот на Џон Сноу - мојот омилен лик во серијава. Може Дрого го убија, ама овој не смеат, ќе ги стрељам :)
Same here, се соживеав со неговиот лик уште од првата епизода. Дури и се крстив тука по волкот негов.:)
 
Стварно Кетлин е промашена и можда уште еден двајца, сепак глобално, мислам дека има повеќе добри одлуки во кастингот (Едард, џуџето, Џејми, Џофри, Беар Мормонт...)
Дотраките се стварно срање напраени во однос на книгата, али и во самата книга, некако се лошичко конструирани. Само еден пример:
- Сите се плашат на војска од 40к дивјаци. Како не, бе. Сетете се кога Тајвин му дава 30к на Џејми (пола од својата војска). Што значи дека само Ланистерс имаат 60к.
(Дотраките не се исто што и Хуните, да не набројувам зошто). Мислам дека доколку Мартин се одлучеше во AGOT да ги префрли преку море, ќе напраеше да го попијат гадно.
Добра е серијата и нема толку отстапки од книгата, колку што мораше да напраи Џексон, под притисок на Мирамакс. Тоа е заради специфичниот договор, кој колку што знам, го има Мартин со Ејџ-Би-О, кој договор му дава авторитет да пали и гаси, во серијата.
Ако некој ме праша дали во светот на сериите, AGOT го направи она што LOTR го напраи во светот на филмот, ќе речам - да.

Едвај чекам да видам како ќе се развива ликот на Џон Сноу - мојот омилен лик во серијава. Може Дрого го убија, ама овој не смеат, ќе ги стрељам :)
Е да, баш си ја погодил/а серијата во која ќе кажеш дека не смеат да убијат некого.
 
Е да, баш си ја погодил/а серијата во која ќе кажеш дека не смеат да убијат некого.

Па омилен лик и е? Не би сакал да се чувствувам како фановите на кој омилен лик им е Ед на крајот на сезоната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom