Game of Thrones

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Конечно се случи тоа што го чекам четири сезони... Смрдлето Џофри да умре, и тоа умре на својата свадба. Мака ми е за Марџори, типката е ептен бенгабл а двапати останува вдовица. Сезонава почна да отвара супер со втората епизода.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Lady Walda заборавивме да ја представиме
Оваа е пресна невеста? Во претходната сезона, кога Болтон спомна како ја одбрал најтешката од ќерките на Волтер Фреј делуваше како да е тоа настан случен одамна. Овде е очигледно дека првпат доаѓа во Dreadfort. Дали тоа значи дека свадбата им била за време на војната?
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Оваа е пресна невеста? Во претходната сезона, кога Болтон спомна како ја одбрал најтешката од ќерките на Волтер Фреј делуваше како да е тоа настан случен одамна. Овде е очигледно дека првпат доаѓа во Dreadfort. Дали тоа значи дека свадбата им била за време на војната?
Можеби се веселеле за време на Ред Вединг али не се прикажани тие случувања после Кејтлин & Роб Старк :D

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.236
Поени од реакции
14.581
Според книгите ова според книгите она.
Дајте директен бан на секој што ќе го спомне зборов книга у темава, 234235 е нагласено и пак "ама во книгите не е вака"

И едната теорија што ја прочитав у темава, ако му текне на некој без да ги читал книгите ќе го викнам копилето на Болтон да ме мачи.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Можеби се веселеле за време на Ред Вединг али не се прикажани тие случувања после Кејтлин & Роб Старк :D
Баш на свадбата ова и го кажа Болтон на Кет Старк.

И уште едно нешто не ми е јасно, ама не сакам да барам да не налетам на спојлери... Зошто „purple wedding“?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Баш на свадбата ова и го кажа Болтон на Кет Старк.

И уште едно нешто не ми е јасно, ама не сакам да барам да не налетам на спојлери... Зошто „purple wedding“?
Оти Џофри стана „purple“ на крајот. (y)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Баш на свадбата ова и го кажа Болтон на Кет Старк.

И уште едно нешто не ми е јасно, ама не сакам да барам да не налетам на спојлери... Зошто „purple wedding“?
Мислев од кога ги заклаа сите па да се веселеле и тогаш да ја венчал.


_________
Сега ја гледав по втор пат и со нови очи ми се издвоија 3 фаворити за Џофри
Прв и најголем - Лејди Марџори и баба и.
Вториот е Варис
Третиот Санса со уште некој

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.156
Поени од реакции
23.298
Мислев од кога ги заклаа сите па да се веселеле и тогаш да ја венчал.



Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
Па пред да ги заколат Болтон го имаше разговорт со Кејтлин за неговата венчавка.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.142
Поени од реакции
9.109
баш на Хурин му кажував прошлиот викенд дека општонародно весеље ќе има за недела дена на темава :D ќе почекам да искочи торентот, не можам на стрим али добро е што продолжиле по идеите на ГРРМ, се пишуваше прошлата пролет дека можно е да го сменат делов и Џофри да живее. Purple wedding rocks :)
Може ќе падне огномет и пречек на whoever-did-it под триумфална, само нека спадне гужвава со избориве.

Искрено многу ќе ми недостига глумецот кој го глумеше кралот. Толку добро го долови што ја постигна целта да биде најомразен, најантипатичен лошко во серијата, ма да јас тоа признание би му го доделил на Ramsey Snow.

Имаше доста јаки моменти и сцени како на пример кога Tyrion се потсмева и го резили Joffrey - страшен монолог. Потоа Tywin vs Olenna, секогаш е задоволство да се следат овие двајца, одличен пар чии сцени изобилуваат со лукавост, интриги и сарказам. Mace Tyrell кога улета и реакцијата на бабата Queen of Thorns... priceless.

Утка на епизодата беше лошата глума на Shae во сцената со Tyrion. Не знам што беше проблемот, знам дека и двајцата се солидни актери но премногу лошо излезе сцената, многу исфорсирано. Ми падна незгодно коа ги гледав, ама барем Shae се "расплаче" вон кадар па ајде ќе им простиме.:D

Еурека сцената со Bran е исклучително добро изведена. Поглед во минатото и претскажување на иднината (?) во тајмлапс. Многу ме интересира дали ќе издржат да го одржат квалитетот на раскажување на приказната на Bran, ми делува дека ќе влече доста од буџетот на серијата.

Поука од серијава? Правење свадба во Westeros е опасна работа.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.971
Поени од реакции
57.779
Си кажа Болтон дека Фреј му понудил да се омажи со некоја негова ќерка, а тој ќе му даде сребро колку што таа е тешка.

Roose Bolton: "Lord Walder let me choose any of his granddaughters and promised me the girl's weight in silver as a dowry, so I have a fat young bride."
Catelyn Stark: "I hope she makes you very happy."
Roose Bolton: "Well she's made me very rich."

Заебано копиле е Roose, ко неговото копиле. :)
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.877
Поени од реакции
7.115
Абе ај ... Улавам на темава вчера и уште првиот пост ме скина ... јбмти спојлери :mad:
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Си кажа Болтон дека Фреј му понудил да се омажи со некоја негова ќерка, а тој ќе му даде сребро колку што таа е тешка.
Можеби овој брак бил дел од првичниот договор меѓу Фреј и Старк, кога првпат помина Роб преку Близначките.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ја изгледав и оваа епизода. Да бидам искрен, серијава досега ми беше океј, али не се соживував баш со хајпот и малце ми беше нејасно зашто толку фама се крева околу неа, само малку натпросечна беше за мене во споредба со други серии. Али по оваа епизода ептен ми стана интересно и многу ме интересира што ќе се дешава понатака. Има некои делови кои не ми се интересни, случувањата со Калиси и Бран на пример ама ич не ме тангираат и не се соживувам со нив, али најинтересни ми се случувањата у King's Landing пошто некако имаат најдраматичен тек, а сепак најреалистични се, а токму тоа се двете комбинации што го барам во секоја серија.

Ви ги прочитав и сите коментари откако излезе последнава епизода, па очекувајте ме да бидам редовен на темава отсега натака :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom