ова излезе класичното после војна сите се генерали...
некоја формација да немате за серси, да не излезе посла вака онака требало...
планот никогаш не беше да ги тепаат преку воени стратегии, дури они за разлика од вас знаеа дека немаат шанса, планот беше што поголема бројка напред за да се издржи додека пробат да го убијат Најт Кингот, такво куропецкање како воено тактизирање каде теренски се надвладени а и бројчано Тајвин не би се снашол не пак Џора и Бриен генералите или Сноу военит планер. Пишал некој да им дошле дотраците од позади кога зомбињата чекале пред ровот... крајот не им се знаеше на беливе а ниту географски е возможно, ќе ставаме слики и од мапите ако сакате да се глупираме, нема проблем.
значи да се вратиме пак на планот, тој беше да имаат 2 змееви, змејови, змајеви, змеи? еве неписмен станав од преголем контакт со темава, нејсе... 2 змееви на страна блиску до Брен за кога ќе нападне Најт Кинго да имаат поголема шанса да го убијат, зашо да ризикуваат 1 вс. 1 за да имаат еден пред порта и да чува од зомбиња? Истите кои сите ќе паднат без проблем ако го скинат у 2 вс. 1 како муви. Прочитав од некој, мислам бејтмен, Сноу си дремел онака на карпата... друже ја скокна ли втора епизода? Имаа план дечките, ама кога испоумреа дотраките дани стана емоционална и го напушти планот, Џон дури проба да ја сопре... читате ли воопшто? И кажа дека Најт Кингот доаѓа, не е тоа фактичка обзервација која ја наратира ситуацијата за гледачот, тоа беше: држи се до планот, треба да се тепаме со него, остај доле битката...
и последно да не заборавиме на снежната бура која ја дигна Најт Кингот, која освен на ликовите и вам ви ги побива сите планови, еве змеј горјанин пишал два змаја да дувале константно од горе... и така ќе победеле, поголема глупости не си напишал поштено, едвај гледааа у бурата, од Најти ќе изгубеа 2 вс 1, испливаа на површина да се свестат, а ти збориш за прецизно горење ко да нема никакви фактори што влијаат... исто никој не ја есапи бурата за палењето на ровот, со факел да пробале... абе остајте мобилните и гледајте епизодите ко шо треба бе
Но најтажно е што сте во право. Очигледно луѓето не очекувале дека епизодата ќе ја дисекцираат историчари и воени стратегисти, и сами признаваат дека дотраките, огнот... све тоа е за визуелност, фрејминг девајс, да ни дадат поубава слика во темното нам, дотраките биле да не фатат на емоција дека има надеж пред да надојдат како лава, дотраките и дани ја фатија на емоција и батали планот, големата темница мене искрено ми се допадна, интересно и различно искуство ама оправдано си хејтате. Арја мене ми е најомразен лик, пишав и претходно, но ми се допадна како заматија очи и ја поврзаа како одувек тоа да бил планот... збогум берик коа сме на темата. Малку сум можеби во денајл, али од егзекуција 10/10 но за објаснување мислам дека не е тоа крајот а вие сите се понашате ко да заврши сношти серијата, ќе видеме, мора да има причина зашо Брен воргна пола вечер
да се истуширам ќе пишам за позитивните работи