Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Која му е жена на овој бричот сега?
Инаку дај мести некоја другарка со таква магија. Или човек ќе ме направи или ќе ме докусури :pos::pos:
Еставана Полман, холандска ракометарка што игра за Есбјерг, дански тим. Ја бараа од Вардар, ги одјеба, ќе дојдеше и ВДВ во Вардар ама ништо :D

rafael-van-der-vaart-estavana-polman--1-.jpg
 
^Оправдано му е.
Требаше да дојде, што изиграва не знам, топ ќе беше да го гледаш ВДВ како шета на Пластичарска додека оваа е во Рио. :icon_lol:
 
Страшно. Ич не сакам вакви играчи. Изминатото лето очајно да ја молиш управата на Шалке (клуб каде што и израсна) да ти дозволат трансфер во Волфзбург бидејќи нели играа во ЛШ, а сега истото да го правиш и во тој клуб бидејќи нели нема да играат ниту во ЛЕ, а не пак во ЛШ, причина поради која има удел и самиот играч.

Се надевам дека нема ниту еден клуб од топ лигите да испрати понуда за него. А и не гледам потреба некој од топ тимовите за него освен Арсенал доколку Венгер не го договори Марез најверојатно ќе тргне по Дракслер.

Co7wwRLXYAAz4WE.jpg
 
@Rosemberg Да се надоврзам..

Играчот од средниот ред на Торино Александро Гаци не се вклопи во амбициозните планови на Синиша Михајловиќ и, по четири години плодна соработка, го напушти клубот и премина во Палермо.

Сите бараат фудбалери за да го засилат првиот тим, единствено Барселона веќе еден месец бара такви што ќе ја засилат резервната клупа. Семоќното трио МСН го стави во таква позиција каталонскиот гигант, а нов кандидат за греење на клупата е суперталентираниот Габигол од Сантос, за кого сонуваат Јувентус, Интер и барем половина од клубовите во Премиер-лигата. Наводно Барселона има тргнато на страна 20 милиони евра за овој трансфер.

Баба стигна во Шалке и веднаш имаше потреба да објасни зошто го напушти Челси. “Антонио Конте ми рече дека ќе имам мала минутажа и затоа решив да заминам во друг клуб“, се правда Абдул Рахман Баба.

Капитенот на Бордо Лудовик Сане е удостоен со голема чест од страна на клубот – може сам да си бира каде ќе замине, само треба што побрзо да го направи тоа.

Шалке е заинтересиран да го купи играчот за врска на Јувентус Марио Лемина и понуди 23 милиони евра. Одговорот на Јуентус уште не е пристигнат.

:pos::pos:..овие ако се салам јас ја:pos::pos:

Плодна соработка е моментот:pos:,а за Барселона напишаа како демек тргнаа на страна како на пазар да одат за крастајци и домати:pos:
 
@Rosemberg Да се надоврзам..

Играчот од средниот ред на Торино Александро Гаци не се вклопи во амбициозните планови на Синиша Михајловиќ и, по четири години плодна соработка, го напушти клубот и премина во Палермо.

Сите бараат фудбалери за да го засилат првиот тим, единствено Барселона веќе еден месец бара такви што ќе ја засилат резервната клупа. Семоќното трио МСН го стави во таква позиција каталонскиот гигант, а нов кандидат за греење на клупата е суперталентираниот Габигол од Сантос, за кого сонуваат Јувентус, Интер и барем половина од клубовите во Премиер-лигата. Наводно Барселона има тргнато на страна 20 милиони евра за овој трансфер.

Баба стигна во Шалке и веднаш имаше потреба да објасни зошто го напушти Челси. “Антонио Конте ми рече дека ќе имам мала минутажа и затоа решив да заминам во друг клуб“, се правда Абдул Рахман Баба.

Капитенот на Бордо Лудовик Сане е удостоен со голема чест од страна на клубот – може сам да си бира каде ќе замине, само треба што побрзо да го направи тоа.

Шалке е заинтересиран да го купи играчот за врска на Јувентус Марио Лемина и понуди 23 милиони евра. Одговорот на Јуентус уште не е пристигнат.

:pos::pos:..овие ако се салам јас ја:pos::pos:

Плодна соработка е моментот:pos:,а за Барселона напишаа како демек тргнаа на страна како на пазар да одат за крастајци и домати:pos:
Избегани се тотално :D
Туку кој е бе еден во Битола ист како тебе само од страна скроз е истрижан да не речам лустер :icon_lol: Го гледам сношти за малку ќе го поздравев. После и тебе те видов ракометно и тогаш укапирав дека не си бил ти претходниот :pos:
 
Еставана Полман, холандска ракометарка што игра за Есбјерг, дански тим. Ја бараа од Вардар, ги одјеба, ќе дојдеше и ВДВ во Вардар ама ништо :D

rafael-van-der-vaart-estavana-polman--1-.jpg

Eeee, очигледно братов е по плавуши.
 
Инаку ова е од вчера
http://sportmax.mk/transfer-shpekulatsii-vo-vtornik-2-avgust/

Денеска е вторник, 2 август, и тече 33-от ден од летниот преоден рок.

Жозе Мурињо се заинтересира за фудбалер од Турција, па побара совет од Славен Билиќ, кој добро ги знае приликите во Бешикташ, кого го тренираше пред да дојде во Вест Хем. Се работи за фудбалерот на Бешикташ Огузхан Озјакуп, 23-годишен играч за врска, кого го викаат турски Зидан, за кого Јунајтед е подготвен да плати 20 милиони евра.

Кратко траеше интересот на Дејвид Мојес и на Сандерленд за фудбалерот на Јунајтед Маруан Фелаини. Луѓето преспаа, па сабајле со ладни глави заклучија дека фудбалер од калиброт на Фелаини не е за нивниот џеп.

Новинарот Танкреди Палмери е убеден дека Погба ќе оди во Јунајтед и на својот твитер се клади во пиво со секој кој сака да ја прифати опкладата. Тој исто така тврди дека, од вкупните 145 милиони евра, Јувентус ќе добие 98 милиона, додека преостанатите 47 милиони ќе им припаднат на Рајола и на Погба. Кога сме кај Погба, Јувентус најпрво го тргна од кавер-сликите на своите социјални мрежи, а вчера го снема и од клупскиот онлајн-магазин. Знаци има милион, но трансферот никако да финишира, што полека почна да заморува.

М’Баје Нијанг го одби Лестер. Тоа го кажа самиот фудбалер, кој ја спомна и причината. Имено, во разговор со тренерот на Лестер Раниери му беше отворено кажано дека тој би играл само во случај на повреда на Џејми Варди. Интересно, кој би се сложил со таквата варијанта, можеби само Балотели, кој е навикнат да прима плата што не ја заслужи.

Агентот на Нико Ломбертс од Зенит потврди дека за неговиот клиент се интересира Арсенал, но вели дека Нико не е во приоритетната, туку во долгата листа на Арсенал, и дека со него разговарал не Арсен Венгер, туку претставник на спортскиот менаџмент на Арсенал. Преведено на македонски, ова значи дека од овој трансфер нема ништо.

За тие кои го почитуваат делото и ликот на Јусуф Мулумба од Норвич е информацијата дека тој можеби ќе ја продолжи кариерата во Марсеј.

Sky Sports е убеден дека Њукасл ќе го купи Мохамед Диаме од Хал Сити за 5,3 милиони евра. Но, Sky Sports не објаснува зошто е толку убеден, ниту пак зошто овој трансфер е толку битен. Ако го купи арно, ако не го купи, можеби е уште поарно.

Барселона е на прагот на најчудниот трансфер во историјата на фудбалот. Имено, Барселона веќе беше договорена со Крузеиро за трансферот на Даглас, вреден 1,5 милиони евра, но фудбалерот одби да ја напушти Европа, па зделката пропадна. Потоа стигна необичниот предлог на новајлијата во Примера, екипата на Алавес, чиј претседател Хосе Керехета е истовремено и претседател на кошаркарскиот клуб Лаборал Кутча. Алавес го бара Даглас, а во замена го дава кошаркарот Адам Ханга, пишува Sport.es. За да се оствари овој трансфер потребна е согласност од претседателите на фудбалската и на кошаркарската секции на Барселона.

Барселона доби понуда од Селта за Рафињо, кој ионака е овде на позајмица. Селта сега го сака за стално и нуди 10 милиони евра.

Секој сака бесплатен фудбалер, особено ако се вика Робсон-Кану. На ред застанаа Валенсија, Атлетико и Севилја.

Кевин-Принс Боатенг од денеска е и официјално ново засилување на Лас Палмас и тоа најголемо…бидејќи е засега единствено.

Милан можеби ќе се предомисли и нема да го продава Карлос Бака, но во тој случај ќе мора да остане без Матео де Шиља, ко би отишол “курбан“, за да може Милан да дојде до пари за трансфери. Најмногу Шиља и се допаѓа на екипата на Наполи.

Зенит си фати беља со Витсел Аксел. Типот ниту сака да игра за клубот, ама и никако да најде ангажман, се нешто му смета. За секој случај, Зенит веќе му најде и замена – Гркот Андреас Самарис од Бенфика за кого, според Noticiasaominuto, се подготвени да платат 20 милиони евра, од парите на Ветсел, нормално.

Спортинг Лисабон е подготвен да го продаде репрезентативниот голман на Португалија Руј Патрисио, за кого објавија цена од 20 милиони евра, па сега чекаат муштерии. Една потенцијална е Манчестер Сити.

Баба преговара со Шалке…Баба е блиску до трансфер во Шалке…Баба само што не дојде во Шалке…Е, па Баба Абдула Рахман од Челси денеска дојде и потпиша за Шалке. Сета прашина за само една сезона што ќе ја мине во Шалке на позајмица.

:pos::pos:
 
Избегани се тотално :D
Туку кој е бе еден во Битола ист како тебе само од страна скроз е истрижан да не речам лустер :icon_lol: Го гледам сношти за малку ќе го поздравев. После и тебе те видов ракометно и тогаш укапирав дека не си бил ти претходниот :pos:

Олесни си ја душата,кажи си дека ме виде ракометно каде што ги поминувам сите како ракета и веднаш ме позна по мојата брзина :LOL:[DOUBLEPOST=1470261037][/DOUBLEPOST]
За тие кои го почитуваат делото и ликот на Јусуф Мулумба од Норвич е информацијата дека тој можеби ќе ја продолжи кариерата во Марсеј.

Sky Sports е убеден дека Њукасл ќе го купи Мохамед Диаме од Хал Сити за 5,3 милиони евра. Но, Sky Sports не објаснува зошто е толку убеден, ниту пак зошто овој трансфер е толку битен. Ако го купи арно, ако не го купи, можеби е уште поарно.




Секој сака бесплатен фудбалер, особено ако се вика Робсон-Кану. На ред застанаа Валенсија, Атлетико и Севилја.




:pos::pos:

Тука ја претераа:pos::pos::pos::pos::pos::pos:..ликот и делото на Јусуф Мулумба:pos:..креативен хумор имаат секоја чест,а со Њукасл напишаа во стилот "ако го земиме арно,ако не еби му мајката ќе најдиме поарен " :D
 
Последно уредено:
Еставана Полман, холандска ракометарка што игра за Есбјерг, дански тим. Ја бараа од Вардар, ги одјеба, ќе дојдеше и ВДВ во Вардар ама ништо :D

rafael-van-der-vaart-estavana-polman--1-.jpg

Не таква слика чедо божјо.

nintchdbpict000243110271.jpg


Вака е подобро. :D

А реално боље му е на папучаров вака бар клуб ќе си најде, со оглед на мизерната форма у која падна веќе сто години, никој немаше да го сака „без врски“.
 
Нели вој предходно имаше друга жена?
Да не почина таа, оти знам додека беше во Реал имаше шпекулации дека не сакал да го напушти клубот оти жена му требала да се лечи од рак во некоја шпанска болница.
 
Нели вој предходно имаше друга жена?
Да не почина таа, оти знам додека беше во Реал имаше шпекулации дека не сакал да го напушти клубот оти жена му требала да се лечи од рак во некоја шпанска болница.
Не е почината,али имала рак на дојка и се излечила али у 2013 се развеле и сеа е он со оваа ракометаркава .
 
Koи глупости сте ги напишале за Родригез, па да не беше Алаба таму кај што е, на Родригез авион ќе му пратеа од Минхен да го земе уште пред некоја година. Убедливо најдобар лев бек во Бундес последната сезона и веројатно топ 5 во светот. Страшен играч веќе 2-3 сезони.
 
http://sportmax.mk/transfer-shpekulatsii-v-chetvrtok-4-avgust/

Денес се надминаа себеси. Јанко да не ги пишува овие? :pos::pos::pos: И дефинитивно имаат нешто против Венгер

Денеска е четврток, 4 август, и тече 35-от ден од летниот преоден рок.

Не смееме да го прескокнеме Пол Погба, за кого и денеска не знаеме ништо повеќе од тоа што го знаевме и вчера. Ама, изгледа знае Адидас, кој се осмели во својата продавница во Париз да продава дресови на Јувентус, на кои покрај бројката 10 стои името на…Дибала. Тоа коренспондира со поранешните информации на италијанските медиуми, кои пишуваа дека по заминувањето на Погба неговиот број ќе му припадне на Дибала.

Всушност, за Погба има и една друга информација, ама ви ја кажуваме со страв, бидејќи претходно многу слични останаа без реализација. Информацијата е на The Telegraph, а почнува со стандарното тврдење дека Погба е блиску до трансфер во Јунајтед, па потоа се вели дека потпишувањето на договорот ќе се случи пред неделната пресметка на Јунајтед со Лестер, во англискиот Суперкуп. Интересно е и нешто друго. Наводно Јунајтед и Јувентус заеднички ќе ги платат 20-те милиони евра на Мино Рајола, иако е познато дека токму таа провизија беше причината за краткиот застој во преговорите, бидејки Јувентус одби да учествува во тоа.

Во последно време тренерите лошо се однесуваат со Бастијан Швајнштајгер. Најпрво Мурињо чекаше да му дојде роденденот за да го прати во вториот тим, а сега и Анчелоти прилично грубо ја одби можноста Бастијан да се врати во Баерн. “Не знам од каде ви е оваа информација. Не го сакам Швајнштајгер, тој не е во нашите планови. Тој е исклучителен фудбалер, но нема да дојде во Баерн“, рече Анчелоти.

Буџетот за трансфери на Арсенал во овој летен преоден рок изнесува 120 милиони евра, од кои досега се потрошени 50 милиони, за купувањето на трите досегашни засилувања – Гранит Џака, Такума Асано и Роб Холдинг. За останатите пари треба да се купи барем по еден дефанзивец (Шкодран Мустафи) и напаѓач (Лаказет), но, како што пишува The Times, управата му нагласи на Венгер дека, ако биде потребно, ќе му обезбеди и дополнителни средства. Венгер е познат скржавец, па веројатно сето ова доста го боли, без разлика што го терат да троши клупски, а не свои пари.

Се повреди Мертезакер и му направи огромен проблем на Арсен Венгер, кој е нерешителен околу тоа кој би можел да биде замената, па си отвори тетратка и редовно ги запишува имињата на кандидатите. Досега беа запишани Шкодран Мустафи, Калиду Кулибали, Костас Манолас и Нико Ломбертс, а од денеска во списокот се најдоа и Скот Ден од Кристал Палас и Федерико Фернандес од Свонси. Како што се одвиваат работите, додека Арсен Венгер се реши, ќе се опорави и Мертезакер, па ќе го спаси од маката.

Талентот на Тотенхем Алекс Притчард од денеска е талент на Норвич, со кого потпиша четиригодишен договор.

Eвертон на интересен начин им даде на знаење на петмина свои фудбалери дека им се ближи денот за разделба. Клубот ги делеше броевите за новата сезона, а без број останаа Баје Умар Ниас, Ејден Макгиди, Конор Макелен, Лендро Родригес и Лук Гарбат. Испаѓа како покана од типот – дојди, види, купи.

Следната информација е од рубриката верувале или не. Фудбалерот на Њукасл Муса Сисоко, за кого солзи ронат Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал, Борусија Дортмунд и Арсенал, сега бил најблиску до…Кристал Палас, чии претставници, наводно, на големо преговараат со челниците на Њукасл. Ова го тврди Le 10 Sport. Во ова нема да поверуваме дури и ако тоа го соопшти и почитуваниот Рафа Бенитез. (@Џонтра Волта @Stefan-kobe :pusigo::kezec::kuracc: )

Њукасл исто така го објави и потпишувањето на договорот со Киран Кларк од Астон Вила. Кларк замина од клубот, кој минатата сезона испадна од Премиер-лигата, и дојде во клубот, кој исто така минатата сезона испадна од Премиер-лигата. Со Њукасл потпиша петгодишен договор, кажа неколку пофални зборови за “долгата историја“ на клубот и толку.

Челси постојано има проблеми со трансфер-комуникацијата со Евертон. Минатата сезона се натегаа за Џон Стоунс, а сега кинат нерви со Ромелу Лукаку. Челси понуди 77 милиони евра и цел Лоик Реми, а Евертон молчи и се подготвува на Лукаку да му понуди нов договор и да му ја покачи откупната клаузула до таа мера што Абрамович ќе мора да продаде една од своите јахти, за да има сили да го купи.

Gazetа i Sport Medijaset објавија дека Галијани на Милан му обезбеди стопер од Ланус, а се работи за парагвајскиот репрезентативец Густаво Гомез (23). Гомез е ангажиран според единствената формула која Милан ја има на располагање, додека ги чека парите од новите газди, а таа е позајмица до крајот на сезоната и откуп на крајот. Цената на Гомез е 7 милиони евра. Инаку Гомез е одговорот на Галијани за одбивањето на Матео Мусаки од Вилјареал да дојде во Милан.

Јувентус реши да се спаси од фудбалерот кој минатата година го купи од Удинезе и тоа за 11,9 милиони фунти. Се работи за Аргентинецот Роберто Переира, кој најверојатно ќе прејде во Ватфорд. Овде има интересен детал. Јувенус го купи од Удинезе а ќе го продаде на Ватфорд и тоа по пониска цена. Цаката е во тоа што Удинезе и Ватфорд имаат ист газда, Џампаоло Поцо. Испаѓа дека тој префрли играч од еден во друг свој клуб и притоа заработи и пари. Не е лошо, не е лошо.

Опа. Џампаоло Поцо може да остане со кратки ракави, бидејки најновата информација вели дека Јувентус испрати нова понуда за Аксел Витсел од Зенит, а во таа понуда Јувентус дава 18 милиони евра плус Роберто Переира. Ова му доаѓа нешто како и пара на рака и Переира за рака.

Како што тврди Corriere della Sera, напаѓачот Алваро Мората од Реал и играчот за врска Оскар од Челси можат да станат соиграчи во…Интер. Оваа луда комбинација Интер ја планира така што прво ќе го продаде Мауро Икарди, па со тие пари ќе го купи Мората, додека, пак, Оскар сака да го добие на позајмица. Луда комбинација со малку шанси за реализација.

Го дочекавме и тој ден. Пјотр Зјелински ги минува медицинските испитувања во Наполи и наскоро ќе го потпише договорот. Веројатно пенкалото веднаш ќе го дадат во музеј. Тој ќе потпише петгодишен договор, ќе земе плата од 1,5 милион евра, а ние ќе изгубиме еден од ликовите со кои ги полниме овие трансфер-шпекулации. Од лебот ни зема човекот.
(@Peja989 @Scouser88 @marinetti @RickyLFC9 @the_kop итн итн тагнувајте се)

Кога нема со што друго, Рома се пофали со потписот на Федерико Фасио од Тотенхем. Тој е дојден на едногодишна позајмица, за која “волчицата“ ќе плати 1,2 милиони евра, со можност да го откупи за 3,2 милиони евра. За каков талент се работи кажува фактот дека минатата сезона Аргентинецот ја мина на позајмица во Севилја, за која настапи на дури четири средби.

Рома се закопа во долгите преговори со Реал и со Барселона за нивните дефанзивци Начо и Вермален. Кај Начо проблем е што Шпанецот со стап да го бркаш не сака да замине од Реал, додека случајот со Вермален е поинаков. Вермален сака да замине, ама Рома го сака на позајмица, додека Барселона инсистира во договорот да се вгради клаузула со обврска за откуп на Белгиецот, и тоа за 10-12 милиони евра. Преговорите траат веќе два месеци и најверојатно нема ни да завршат до крајот на летниот преоден рок. Не е страшно, за тоа и постои зимскиот преоден рок.

АS тврди дека Левандовски се уште сака да дојде во Реал и дека неговиот агент ги обнови разговорите со шефовите на Реал. Наводно Левандовски е лут, бидејќи Баерн му вети зголемување на платата, но досега не го направи тоа.

Зинадин Зидан го држи под стрес Алваро Мората. Не го продава ама и ниту му ветува дека ќе има место во стартниот состав, пишува El Confidencial. Во нападот се неприкосновени Роналдо и Бензема, како и играчот за врска Бејл, па Алваро во тој оркестар ќе биде само втора виолина, а тоа му предизвикува киселини во желудникот.

Бетис реши да и го преземе на Шалке Бенџамин Стамбули од ПСЖ. Шалке скоро се договори да го купи за 8 милиони евра, ама клетите Шпанци сега даваат 9 милиони.

Чави Алонсо не знае што ќе се случи со него во иднина. Неговиот договор со Баерн завршува следната година, а нов засега не му се нуди. Наводно има сериозна понуда од МЛС-лигата.

Волфсбург не сака да троши време на разговори за иднината на Јулијан Дрекслер и објави дека ова лето овој фудалер нема да се продава. Дрекслер вчера собра храброст и побара да биде продаден во некој од топ клубовите кои беа заинтересирани за него, а такви беа Јунајтед, Јувентус и Арсенал, ама клубот не сака да ја игра улогата на Дедо Мраз и вели: “Нема да му ја исполниме желбата на фудбалерот и веќе време е тој да им се врати на своите професионални задачи“. Германска работа.

Се сеќавате на Филип Сендерос? Е, па, The Times пишува дека Швајцарецот ќе го напушти Грасхоперс и ќе го засили Ренџерс.

Ако сакате верувајте, ако сакате не, ама бразилскиот волшебник Роналдињо Гаучо кариерата ќе ја продолжи во Австралија. Тој доби уредна покана од Волондонг Вулвс и вети дека веќе утре ќе им го испрати својот одговор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom