Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Кај Начо проблем е што Шпанецот со стап да го бркаш не сака да замине од Реал. :pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Клетите шпанци Бетис и на Мората киселини му иделе од што ќе биде резерва. :vozbud::pos::pos:
 
Талентот на Тотенхем Алекс Притчард од денеска е талент на Норвич, со кого потпиша четиригодишен договор.

топ клубовите кои беа заинтересирани за него, а такви беа Јунајтед, Јувентус и Арсенал, ама клубот не сака да ја игра улогата на Дедо Мраз и вели: “Нема да му ја исполниме желбата

Бетис реши да и го преземе на Шалке Бенџамин Стамбули од ПСЖ. Шалке скоро се договори да го купи за 8 милиони евра, ама клетите Шпанци сега даваат 9 милиони.

клетите шпанци :pos::pos:
 
Што им фали на статиите, чиста вистина е ова, на прав начин ги опишуваат работите. Пример ова, пореално од ова здравје. :D

Се повреди Мертезакер и му направи огромен проблем на Арсен Венгер, кој е нерешителен околу тоа кој би можел да биде замената, па си отвори тетратка и редовно ги запишува имињата на кандидатите. Досега беа запишани Шкодран Мустафи, Калиду Кулибали, Костас Манолас и Нико Ломбертс, а од денеска во списокот се најдоа и Скот Ден од Кристал Палас и Федерико Фернандес од Свонси. Како што се одвиваат работите, додека Арсен Венгер се реши, ќе се опорави и Мертезакер, па ќе го спаси од маката.
 
Само јас мислам дека ги земаат од некаде, на пример од некој српски или хрватски блог/сајт/форум?!
Ај да видам, дали има некој што мисли како мене, а после ќе ви кажам и зошто така мислам.
 
Само јас мислам дека ги земаат од некаде, на пример од некој српски или хрватски блог/сајт/форум?!
Ај да видам, дали има некој што мисли како мене, а после ќе ви кажам и зошто така мислам.
Се приметува, не ги знаат играчите и така ги препишуваат, на пример од пред некоја страна, место Сантон мороните пишале СантонА. Не еднаш, не дватапи, 6 пати.
 
Се приметува, не ги знаат играчите и така ги препишуваат, на пример од пред некоја страна, место Сантон мороните пишале СантонА. Не еднаш, не дватапи, 6 пати.
Баш на тоа мислев. СантонА, на претходната страна Де ШиљА....
Веројатно ги препишуваат од некаде и грешат кај некои имиња на фудбалери кои не ги знаат :D
 
"Барселона доби понуда од Селта за Рафињо, кој ионака е овде на позајмица. Селта сега го сака за стално и нуди 10 милиони евра".

Кој е РафињО од Барселона, кој ионака е на позајмица во Селта? :pos:
 
Кога нема со што друго, Рома се пофали со потписот на Федерико Фасио од Тотенхем. Тој е дојден на едногодишна позајмица, за која “волчицата“ ќе плати 1,2 милиони евра, со можност да го откупи за 3,2 милиони евра. За каков талент се работи кажува фактот дека минатата сезона Аргентинецот ја мина на позајмица во Севилја, за која настапи на дури четири средби.

Опа. Џампаоло Поцо може да остане со кратки ракави, бидејки најновата информација вели дека Јувентус испрати нова понуда за Аксел Витсел од Зенит, а во таа понуда Јувентус дава 18 милиони евра плус Роберто Переира. Ова му доаѓа нешто како и пара на рака и Переира за рака.

Го дочекавме и тој ден. Пјотр Зјелински ги минува медицинските испитувања во Наполи и наскоро ќе го потпише договорот. Веројатно пенкалото веднаш ќе го дадат во музеј. Тој ќе потпише петгодишен договор, ќе земе плата од 1,5 милион евра, а ние ќе изгубиме еден од ликовите со кои ги полниме овие трансфер-шпекулации. Од лебот ни зема човекот.

Од лебот му земале:pos::pos:
 
Еве го од денес

http://sportmax.mk/transfer-shpekulatsii-v-petok-5-avgust/

Еве ти сега. Наполи го купи зимоска за 8 милиони евра, ама виде дека не го бива и сега го испраќа Алберто Граси на позајмица во Аталанта. А 8-те милиони евра?

Денеска е среќниот ден за Зинадин Зидан, кого управата на Реал реши да го почести со двојно зголемување на платичката, пишува АS. Ако до сега Зидан морал да се снаоѓа во животот со платата од 3 милиони евра, сега ќе може малку да здивне, бидејќи дома ќе носи 5,5 милиони евра годишно.

Рој Хоџсон, за награда што ја упропасти англиската репрезентација, ќе добие 10 милиони годишна плата како тренер во еден од кинеските клубови.

Roma Press тврди дека во следните неколку дена Рома ќе го комплетира трансферот на Томас Вермален од Барселона. Преговорите траат подолго време а двете страни се фатија за коса за само 2 милиони евра. Имено, Барса бара 2 милиони евра за едногодишна позајмица и 10 милиони евра за откуп на договорот, додека Рома дава 2 милиони евра за позајмицата и само 8 милиони евра за откуп.

Ренато Санчез конечно е претставен во Баерн. Тој ќе го носи дресот со број 35, за секогаш да го потсетува раководството дека на Бенфика за него и платија 35 милиони евра.



Sport Premium пишува за ултиматумот на Аксел Витсел до Зенит. “Или пуштете ме во Јувентус и земете некој денар, или идната година ќе одам таму бесплатно“, се парафразираните зборови на Витсел, кому идната година му завршува договорот со Зенит.


 
Стави повеќе бе. Не си ја вршиш работата како што треба :coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom