Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Де бе па и ти, само дискутираме. Ќе го земат на крај секако, загреани се многу. Како што ќе прогресира трансфер периодот, ќе напредуваат во наоѓање заеднички јазик. Мислам дека ќе ја платат клаузулата на крај, сега само опипаваат терен.
Ама ќе им биде проблем да го шитнат Гендузи за добра пара, памти ми зборов.
Мене со Аке ми е чудно и како би функционирале двајца левоноги стопери, знаејќи дека Лапорт си е стандард стартер.
Вака барем на прва мисла, не ми текнува на друг таков стоперски тандем.
Ако може двајца деснаци да играат заедно....
Може и замена за Лапорт да биде, кој му ветува одма прв тим
А чекајте малце, што е проблемот со Гендузи освен што избувна против Брајтон и очигледно е дојдено до расправија со Артета, и претходно ли има правено глупости?
Може и замена за Лапорт да биде, кој му ветува одма прв тим
А чекајте малце, што е проблемот со Гендузи освен што избувна против Брајтон и очигледно е дојдено до расправија со Артета, и претходно ли има правено глупости?
Убаво ми текнува, пред 2-3 години друга теорија имаше на темава![]()
На што конкретно мислиш, не можам да се сетам на дискусијата?
Воопшто не е исто, деснаците се снаоѓаат и на двете страни, леваците се ограничени.Ако може двајца деснаци да играат заедно....
Аке не беше десен штопер или лошо памтам? Се си мислам десно играше, ако е така, нема да има проблем да игра со Лапорт.Воопшто не е исто, деснаците се снаоѓаат и на двете страни, леваците се ограничени.
Аке ќе игра или лев бек прва постава или ако Пеп планира 3ка позади па овој да игра лев штопер, или резерва на крај краева.
Не глеам како би играл у пар со Лапорт во одбрана со 4. Ама ај може ќе бидеме сведоци на уште еден револуционерен потег од Гвардиола.